fbpx
Таг: фабрика

таг: фабрика

Постaвен камен-темелник на германската „Акомпласт“

Во Прилеп денеска беа поставени темелите на германската фирма „Акомпласт“, компанија поврзана со најновата технологија во производство на делови за автомобили. Со оваа фабрика, во која ќе бидат вработени околу 250 лица, се очекува да заживее и целата локална економија, како и фирмите од градот што ќе соработуваат со неа. Вработените ќе бидат високообразовани кадри од техничките науки, кои ќе имаат и обука во...

Вработените на „Гентерм“ на протест во Прилеп

Во знак на револт, поради тоа што не им ги продолжиле договорите за работа, вработените во „Гентерм“ ќе протестираат денеска во 14 часот пред зградата на Општина Прилеп. По тврдење на една од вработените, која добила такво решение, се огласија повеќе вработени во оваа фабрика, инаку американска инвестиција, која наводно треба да почне со работа напролет. Според официјалното објаснување од менаџментот на „Гентерм“, тоа...

Нигерија: 100 загинати во експлозија на гас

Најмалку 100 лица загинаа во експлозија во фабрика за преработка на гас на југот во Нигерија, јавуваат локалните медиуми. Несреќата се случила во градот Неви, а загинатите се претежно клиенти кои полнеле гас. Експлозијата и пожарот што следел по неа, биле толку силни што во нив настрадале и жители на околните куќи и случајни минувачи. Неколку тешко повредени лица се префрлени во градската...

Почна со производство фабриката „АРЦ Аутомотив Македонија“

Фабриката за производство на инфлатори за воздушни перничиња „АРЦ Аутомотив Македонија“ денеска почна со работа во технолошко-индустриската развојна зона во Бунарџик. Инвестицијата изнесува 18 милиони долари, а инвеститор е американската компанија од автомобилската индустрија „Кап-кон аутомотив технолоџис“. Во новата фабрика се отворени 75 работни места, а инвеститорот најавува 400 вработувања. Компанијата ќе биде извозно ориентирана, со производи примарно за европскиот пазар. -...

Компанијата „Гентерм“ ќе изгради фабрика во Прилеп

Американската компанијата „Гентерм“ денеска ќе почне со изградба на фабрика во технолошко-развојната зона во Прилеп. Вредноста на инвестицијата на компанијата изнесува околу 20 милиони евра. Во производствениот капацитет на 21.500 квадратни метри се најавени 2.000 вработувања. Во фабриката ќе се произведуваат клима-уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар. „Гентерм“ е глобална, брзорастечка компанија која произведува електро-уреди за...

Во Бунарџик ќе се гради фабрика на компанијата „Монтанте груп“

Изградбата на фабрика на италијанската компанија „Монтанте груп“, која произведува механички делови, ќе почне во јануари во Бунарџик, а се очекува да бидe готова до средината на 2016 година. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо, истакна дека во првата фаза се предвидува да бидат инвестирани 10 милиони евра и во компанијата да се вработат 100 луѓе, а во наредните фази нивниот број...

Се отвора фабрика за кроасани „Гранд фудс корпорејшн“

Фабриката за кроасани „Гранд фудс корпорејшн“ утре ќе почне со прозводство. Станува збор за приватна инвестиција во висина од 6,5 милиони евра, а инвеститор е компанијата „Гранд-експорт“ од Скопје. Оваа компанија со години има лидерска позиција и важи за најсигурна, ефикасна и за ефективна продажно-дистрибутивна мрежа со прехранбени производи на македонскиот пазар. Фабриката се наоѓа во индустриската зона во Марино, во општината...

Кина: Девет исчезнати во експлозија во фабрика

Девет лица денеска исчезнаа, а две се повредени во експлозија во фабрика за експлозиви на истокот на Кина, јавуваат државните медиуми. Детонацијата се случила во фабрика на хемиската корпорација „Шандонг Тијанбао“ во провинцијата Шандонг, во округот Пинги, наведува агенцијата „Ксинхуа“. Фабриката произведувала експлозивни материјали за цивилна употреба. Агенцијата наведува дека истрагата за причината за експлозијата е во тек. Во серија детонации во...

Згаснаа три печки во „Југохром“

„Југохром“ од Јегуновце го намали производствениот процес откако утринава комбинатот одлучи да бидат згаснати три печки. Од раководството на „Југохром“ велат дека сега фабриката ќе работи со намален капацитет за околу 20 отсто, што е вообичаена практика во секоја зимска сезона, за да се намалат трошоците за струја, која е поскапа во месеците што следат. Оттаму уверуваат дека нема да има...

Фабриката за автомобилски делови „Маркарт“ почна со работа во Велес

Фабриката „Маркарт“ за производство на делови за „мерцедес“, „ауди“ и „бе-ем-ве“, денеска почна со работа во Велес. Инвестицијата изнесува 35 милиони евра, а во првите две години ќе се отворат 600 работни места. Во фабриката веќе работат 120 луѓе. Процените се дека компанијата секоја година ќе извезува софистицирани автомобилски продукти, вредни повеќе од 70 милиони евра. „Маркарт“ досега има отворено фабрики во повеќе земји...

Денеска почнува изградбата на „ОДВ – Електрик“

Изградбата на фабриката „ОДВ - Електрик“ во технолошко-индустриската зона во Струга почнува денеска. Преку оваа инвестиција, која чини 15 милиони евра, етапно ќе се отворат 1.000 работни места. Во фабриката ќе се произведуваат жичани инсталации за автомобилската индустрија, кои ќе се извезуваат на европските пазари. Оваа компанија веќе има вработено околу 130 лица во објектите во Охрид.

Експлозија во фабрика за оружје во Чешка

Силна експлозија одекна во фабрика за оружје во Чешка, а локалните медиуми наведуваат дека најмалку три лица загигнале. Фабриката се наоѓа на 60 километри јужно од Прага, во местото Влашим. Портпаролот на пожарникарната служба, Ладислав Холомачик, изјави дека несреќата се случила во 12.35 часот по локално време и дека по експлозијата не избил пожар.

Почна со работа италијанската фабрика за бојлери „Кондево“

За помалку од еден месец, премиерот Никола Груевски вторпат промовираше странска инвестиција во штипската Технолошко-индустриска развојна зона. Денеска тој ги посети градежните работи на фабриката за производство на бојлери на италијанската фирма „Кондево“. На поставените високи столбови во близина на „Џонсон контролс“ и на „Техникал тексајлс“, следната година треба да почне да работи фабриката со производство базирано на технологија на...

Отворена нова италијанска фабрика во ТИРЗ – Скопје

Италијанската фабрика за дигитална печатарска индустрија „Макдиа“ денеска свечено беше отворена и е седмата по ред компанија во Tехнолошко-индустриската развојна зона - Скопје. Компанијата во Македонија инвестираше 10 милиони евра, а ќе вработи 200 луѓе. Премиерот Никола Груевски, кој денеска присуствуваше на отворањето на новата фабрика, истакна дека бранот на инвестиции во Македонија продолжува, а технолошко-индустриските развојни зони се пример како од...

Пет лица загинаа во експлозија на фабрика за пиротехника

Најмалку пет лица загинаа, а три се повредени во експлозија која се случила во фабрика за пиротехника во Свероисточна Шпанија. Причината за експлозијата во фабриката, која се наоѓа во близина на аеродромот во градот Сарагоса, не е позната. Звукот од експлозијата во фабриката која произведува ракети за огномет се слушнала на подрачје на целиот град. Во несреќи во фабрики за пиротехнички средства...

Груевски отвори недовршена фабрика во Штип

Во хала пополнета со четириесетина разбои за ткаење и уште неколку дополнителни машини, премиерот Никола Груевски го означи почетокот на производството на германската фабрика  „Техникал текстајлс“. Пред огромната хала од  13.000 квадратни метри, беа паркирани градежни машини, кои чекаа да заврши церемонијата, бидејќи дворот е само попесочен. Свежо асфалтираната патека беше покриена со црвен тепих. Менаџерот Јинс Виндланд вели дека донесени...

Груевски на отворање на фабриката „Техникал текстајлс“

Премиерот Никола Груевски, денеска ќе присуствува на отворање на фабриката на германската компанија „Техникал текстајлс“ во Tехнолошко индустриската развојна зона – Штип. Во април „Техникал текстајлс“ го потпиша договорот за инвестиција.

„ОДВ Електрик“ ќе почне изградба на фабрика за 1.000 нови вработувања

Премиерот Никола Груевски, денеска од Охрид најави дека германската компанија „ОДВ Електрик“ уште овој месец ќе почне со изградба на фабрика за 1.000 нови вработувања. Премиерот се запозна со текот на градежните работи за изградба на технолошко-индустриската развојна зона Струга-Охрид. - Покрај „ОДВ Електрик“, веќе следната недела најавени се дека ќе дојдат претставници на фабриката за автомобилски делови „Костал“, која на почетокот...

Претреси и апсења во фабрика за лажни „ајфони“ во Кина

Кинеските власти извршиле претреси и уапсиле девет лица во фабрика во која, според сомневањата, биле направени 41.000 лажни „ајфони“ на „Епл“, јавуваат светските медиуми. Според информациите, во фалсификувањето биле ангажирани стотици работници кои од деловите на стари, односно половни паметни телефони склопувале „ајфони“, означувајќи ги како нови и ги подготвувале за извоз. Заработката од продажбата на лажните телефони направени во фабриката...

Бројот на загинати во експлозијата за пиротехнички средства во Италија се искачи на девет

Бројот на жртви во експлозијата во една фабрика за пиротехнички средства во Италија се искачи на девет лица, откако уште две лица за време на викендот им подлегнаа на повредите, соопштија болнички извори. Седум лица загинаа на местото на несреќата, додека повеќе луѓе се повредени, во експлозијата што се случи во петокот, во фабрика за пиротехнички средства, во јужното италијанско...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...