fbpx
Таг: фабрика

таг: фабрика

Стотина повредени во пожар во фабрика на Филипини

Најмалку 100 работници, меѓу кои тројца Јапонци, се повредени во пожар кој избил во фабрика јужно од филипинскиот главен град Манила, соопштија локалните власти. Како што се наведува, најмалку тројца вработени се водат како исчезнати, додека неколку илјади се евакуирани. Пожарникарите по 18 часа успеале да го стават пожарот под контрола, но сè уште не е целосно згаснат. Меѓу повредените, 10 се...

Голем пожар во фабрика за пластика во Истанбул

Голем пожар денеска изби во фабрика за пластични производи во истанбулскиот кварт Бајрам-паша, а огнената стихија набргу се проширила и на соседните згради, јавуваат турските медиуми. Засега нема информации за евентуални жртви, а припадниците на противпожарните служби се обидуваат да го стават пожарот под контрола. Сè уште не се знае причината за пожарот.

Производите од фабриката „11 Oктомври“ ќе се вратат на рускиот пазар

Фабриката за заварени цевки „11 Октомври“ од Куманово ќе се обиде да се врати на рускиот пазар со помош на деловните асоцијации од Русија со кои Македонско-руската стопанска комора има воспоставено блиски контакти. Ова беше истакнато при денешната посетата и разговорите на извршниот директор на Македонскo-руската стопанска комора, Дејан Бешлиев, со менаџерскиот тим на најголемата кумановска фабрика. Во нејзините погони се...

Се зголеми бројот на повредените во експлозијата во Истанбул

Десет повредени е последниот биланс од експлозијата што денеска се случи во истанбулското индустриско предградие Султанбејли. Како што јавуваат турските медиуми, несреќата се случила кога парен котел експлодирал во фабрика за козметички производи. На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеоснимки на кои се гледа како пожарникарски камиони го гаснат пожарот. https://twitter.com/Gazi4161/status/798163988307705856 https://www.youtube.com/watch?v=dwuMIEY13ZM

Експлозија во германска хемиска фабрика

Германскиот гигант на хемиската индустрија БАСФ објавил дека неколку лица се повредени во експлозија во фабрика во Лудвигсхафен, град во кој се наоѓа седиштето на компанијата. Од БАСФ соопштија дека експлозијата се случила околу 11.30 часот во фабриката „Ландесхафен норд“ и дека истрагата е во тек. Компанијата наведува дека за експлозијата се известени релевантните служби.

Нова фабрика за вода во Гари

Во близина на дебарското село Гари, денеска беше отворена фабриката за вода „Маја“. Почетната инвестиција на хрватскиот инвеститор, компанијата „Мали Лошињ“, изнесуваше 300.000 евра, а проценетите 7,7 милиони евра инвестиција, достигнаа 14 милиони евра за овие три и пол години, колку што траеше процесот на реализација. Моменталниот број на вработени е 25, а според најавите на инвеститорот, тој наскоро ќе се зголеми. Дневното...

Бројот на загинати во експлозијата во Бангладеш се зголеми на 31 лице

Бројот на загинати во експлозијата што се случи во саботата во фабрика за амбалажи во Бангладеш се зголеми на 31 лице, а неколку десетици се повредени, соопштија локалните власти. Големата експлозија се случила во саботата, во фабриката „Тампеко фоилс“ во индустриска зона во градот Тонги, а пожарот се проширил поради запаливите хемикалии. Осум работници се водат како исчезнати, а потрагата за телата продолжува....

Голем пожар во фабрика во Бангладеш, најмалку 10 загинати

Најмалку 10 лица ги загубиле животите во голем пожар кој избувнал во фабрика за амбалажа во Бангладеш, јавуваат светските медиуми. Според полицијата, пожарот избувнал по експлозија на бојлер. Во моментот на експлозијата во фабриката во градот Танги имало околу 100 работници. Најмалку 30 лица биле повредени во несреќата, бидејќи пожарот многу бргу се проширил на целата зграда. Пожарот во фабриката, како што...

Експлозија во фабрика за оружје во Азербејџан

Силна експлозија одекна во фабрика за оружје во Азербејџан, потврди државното министерство за одбрана. Засега нема официјална потврда за загинати и за повредени, но локалните медиуми, според првични неофицијални информации, јавуваат за најмалку една жртва и за 19 повредени, од кои некои се во критична состојба. Азербејџанските медиуми јавуваат дека по првата експлозија, регистрирани се уште неколку, а пожарот се шири низ...

Тројца загинати во пожар во Москва

Три лица загинаа, а двајца пожарникари се водат за исчезнати во пожар што зафати фабрика за мебел во Москва. Пожарот се проширил на површина од 3.700 квадратни метри и предизвикал уривање на покривот на фабриката. Во борбата со огнената стихија биле ангажирани 120 пожарникари. Како што јавуваат руските медиуми, пожарот изби синоќа во еднокатна зграда на фабрика за мебел, сопственост на италијанската...

Захир Беќири Чауш доби две и пол години затвор за фалсификување документи

Захир Беќири, познат во јавноста како Чауш, за кривичните дела фалсификување на документи доби казна затвор од две и пол години, додека неговиот брат Имер Беќири доби казна од една година затвор, пресуди денеска Основниот суд Скопје 1. За кривичните дела изработка и набавка на оружје и двајцата добија ослободителна пресуда. Браќата Захир и Имер Беќири беа обвинети за фалсификување на лични карти,...

Експлозија во хемиска фабрика во Индија, тројца загинати

Најмалку три лица денеска загинаа, а 35 се повредени во експлозија во хемиска фабрика во индиската област Тане, северно од Мумбај, соопштија индиските власти. По експлозијата избувнал пожар во фабриката. Во Индија чести се случаите на пожари и други несреќи поради слабата примена на безбедносните мерки. https://www.youtube.com/watch?v=3mkYtBZNDWE

„Џонсон контролс“ ќе гради фабрика и во Струмица

Американската компанија за производство на навлаки за автомобилски седишта „Џонсон контролс“ денеска ќе почне да гради нова фабрика во технолошко-индустриската зона во Струмица. Инвестицијата ќе чини 20 милиони долари, а се очекува да бидат отворени 1.500 работни места. Погон за производство „Џонсон Контролс“ има и во Штип.

„Ван Хол“ започна со изградба на втора фабрика во Бунарџик

Белгиската компанија „Ван Хол“ започна со изградбата на втората фабрика во технолошко-индустриската зона Бунарџик 2. Изградбата на фабриката ќе се одвива во три фази, а вкупната инвестиција ќе чини 17 милиони евра. Во фабриката во која ќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар планирани се околу 400 вработувања.

Почна со работа фабриката за производство на воздушни перничиња „Ки сејфти системс“

Во технолошко-индустриската зона во Кичево, почна со работа фабриката за производство на воздушни перничиња за светски марки автомобили, инвестиција на американската компанија „Ки сејфти системс“. Паралелно со браунфилд-објект во центарот на Кичево, се градеше и производствениот погон со површина од 13.600 квадратни метри во ТИРЗ Кичево. Според бизнис-планот на инвеститорот, бројот на вработени од 230 лица, треба да достигне 1.000 работни места...

Фабриката „Југохром“ почна да работи 

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце почна да работи. Денеска беа вклучени две печки кои работат со капацитет од 25 мегавати, а на работа се вратени 400 работници. - Се надеваме дека наредниот месец ќе вклучиме и уште една печка со која комбинатот ќе работи со моќност од 50 мегавати и на работа ќе бидат околу 700 работници - изјави Васко Скендеровски,...

Почна изградбата на првата домашна фабрика во Бунарџик

Фабриката „Хај-тек“, која претставува прва домашна инвестиција во слободната економска зона Бунарџик, денеска почна да се гради. Инвестицијата чини 20 милиони евра, а ќе бидат отворени 300 работни места. „Хај-тек“ е компанија што соработува со голем број светски компании од автомобилскиот сектор.

Голем пожар во Москва, пронајдени 11 тела

Во московската фабрика во која изби голем пожар, пожарникарите пронајдоа тела на 11 луѓе, изјави портпаролката на рускиот истражен комитет, Јулија Иванова. Полицијата спроведува истрага за да ги утврди причините за смртта на лицата и дали пожарот бил подметнат. Извори укажуваат дека пожарот можеби бил намерно предизвикан за да се скрие друго злосторство. Истражните органи потврдија дека во синоќешниот пожар, уништени се...

„Џонсон контролс“ ќе гради фабрика и во Струмица

Американската компанија „Џонсон контролс“ ќе гради нова фабрика во Струмица, за производство на навлаки за седишта за автомобили. Инвестицијата ќе биде околу 20 милиони долари, а изградбата на фабриката ќе почне во април годинава. Фабрика за производство на навлаки, „Џонсон контролс“ има и во Штип.  

Во пожар изгорела фабрика за паркет и за брикети во Виница

Во пожар, кој избувнал во средата попладне, изгорела фабриката за паркет и за брикети „Бор - вуд“, во населбата Градец, во Виница, сопственост на 32-годишниот Б.М., соопшти денеска полицијата. Со пожарот, според полициските информации, биле зафатени таванскиот простор, дрвената покривна конструкција, две машини за обработка на паркет, една машина за пакување паркет, една машина за калибрирање паркет и поголемо количество готов паркет и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...