fbpx
Таг: Евзони

таг: Евзони

Камионите со нафта се пренасочуваат преку Бугарија, превозот поскапи

Камионите што превезуваат нафта и нафтени деривати, од граничниот премин Евзони се пренасочуваат кон Ново Село, Бугарија, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“. - Поради настанатата ситуација, одобрено е преку овој граничен премин да поминува акцизна стока. Поради барањето алтернативни патишта, транспортерите ја зголемија цената за превозот за еден тон нафта, но важно е дека камионите се движат...

Азески: Блокадите на Евзони негативно влијаат врз економијата и на двете земји

Блокадите на граничниот премин Евзони негативно се одразуваат врз економско-финансиското работење на стопанството во Македонија, а негативни ефекти чувствува и стопанството во Грција, пишува во писмото на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, до претседателот на Унијата на грчките трговско-индустриски комори, Константин Михалос, како и до амбасадорот и шеф на Канцеларијата за врски на Грција во Македонија, Димитриос...

Забавена е доставата на нафта во земјава, можно е поскапување

Девет камиони што превезуваат нафта и нафтени деривати и беа заглавени на граничниот премин Евзони поради штрајкот на грчките земјоделци, се пуштени да влезат во земјава, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“. - Вчера, со посредство на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, девет камиони ја поминаа границата, а шест останаа да чекаат. Ги пропуштија само...

Солунските трговски комори бараат да се отвори Евзони

Солунските трговски комори апелираат до грчките земјоделци и до грчката влада веднаш да се отвори граничниот премин Евзони за да не се направи дополнителен проблем за грчките компании кои се борат со последиците од финансиската криза. Трговската и индустриската комора од Солун во соопштение истакнува дека поради блокадата голем број грчки компании и извозници повторно се соочуваат со проблеми во работата...

Солунското пристаниште апелира да престанат блокадите на Евзони

Грчките земјоделци продолжуваат со блокадата на граничниот премин Евзони, а повремено ја затвораат и железничката пруга од Грција кон Македонија кај преминот Идомени. Ова е интензивирање на штрајкот на земјоделците, кои се закануваат дека ако нивните барања за средба со премиерот Алексис Ципрас не се остварат, може да го блокираат и граничниот премин Идомени. Нов апел да се стави крај на...

Намалена видливост на повеќе патни правци поради магла

Поради појава на магла, видливоста е намалена од 30 до 50 метри во Павлешенци, од 50 до 100 метри на Кула и на патниот правец Петровец – Хиподром, информира Автомото-сојузот на Македонија. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони сè уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај. Сообраќајот на државните патишта се одвива по...

На граничниот премин Дојран се чека еден час, Евзони сè уште затворен

Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сè уште затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај, но на граничниот премин Дојран, поради зголемена фреквенција, има задржувања околу 1 час, соопшти попладневно Автомото-сојузот на Македонија. На другите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за...

Авиосообраќајот е нормализиран, Евзони сè уште е затворен

Утринава се нормализираше авиосообраќајот на аеродромот „Александар Велики“, откако синоќа поради густата магла беа откажани летови кон повеќе дестинации. Според информативната табла на веб-страницата на „ТАВ Македонија“, откажан е само летот кон Виена во 4.25 часот, а сите други летови се реализираат. Поради штрајк на грчките земјоделци, граничниот премин Евзони е сè уште затворен за сообраќај, а премините Дојран и Меџитлија...

Преминот Евзони е сè уште затворен, на Меџитлија и на Дојран се чека по еден час

Граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница и денеска, седми ден по ред, е затворен за сообраќај поради штрајк на грчките земјоделци. За сообраќај се отворени премините Дојран и Меџитлија, каде поради зголемената фреквенција има задржување од најмалку еден час, соопштија од АМСМ. На другите граничните премини, освен на граничниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од...

Шести ден блокада на Евзони – Богородица

Сообраќајот на граничниот премин Евзони, на македонско-грчката граница, и денеска, шести ден по ред е блокиран во двата правца поради протестот на грчките земјоделци, кој почна на 30 јануари. Од Автомото-сојузот на Македонија соопштија дека премините Дојран и Меџитлија се отворени за сообраќај. Од АМСМ информираат дека на патиштата е намалена видливоста поради појава на магла и тоа: во Струмица 100 -...

Македонски камиони заглавени на солунското пристаниште поради блокадата на Евзони

Петдневната блокада на граничниот премин Евзони продолжува да создава проблеми и за македонската и за грчката страна. Блокадата на границата од страна на грчките земјоделци, на пристаништето во Солун остави заглавени голем број камиони и илјадници тони производи и стока наменети за македонските индустрии. Грчката информативна агенција АПЕ пренесува дека доколку вечерва или за време на викендот не се отвори...

Бегалците од Идомени се преселија на автопатот околу Евзони

Бегалците од кампот на македонско-грчката граница кои одбија да заминат во организираните бегалски центри најдоа засолниште на празните простори околу автопатот кон Солун. Илјадници луѓе сега со своите шатори се сместени на просторот на напуштени бензински пумпи околу Идомени, пред граничниот премин Евзони, во две напуштени згради на еден хотел и стара царинска зграда, како и на паркингот на хотелот...

Блокада на грчките гранични премини поради штрајк на грчките граничари

Влезот во Грција од денес до понеделник преку сите грчки гранични премини ќе биде значително отежнет поради штрајкот на грчките цариници. Како што информираат од граничната полиција на Евзони за „Мета“ цариниците ќе штрајкуваат до понеделник наутро. Од Евзони велат дека границите се отвораат на секои два часа по 10-15 минути. Во овој интервал се пропуштаат само автомобили и автобуси...

Отежнато враќањето на бегалците од Грција во Турција

Бегалскиот бран кон Грција продолжува со исто темпо како и пред договорот на Европска Унија и на Турција. Иако Грција вчера испрати 202 бегалци кон Турција, до утринава во државата стигнаа нови 225 бегалци. Низ целата територија на државата, според официјалните бројки, има 52.352 бегалци. Процесот на враќање на бегалците се одвива отежнато. По вчерашното испраќање на група бегалци од...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...