fbpx
Таг: Европски совет

таг: Европски совет

Туск: Време е ЕУ да испорача датум за почеток на преговори во октомври

Северна Македонија ја заврши својата работа и најде решение за политичките кризи во земјава, а сега е време на Европската Унија да ја заврши нејзината работа и да испорача датум за почеток на преговори во октомври. Ваквиот став го истакна претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот Зоран Заев. - Најдовте решение на политичките кризи во...

Пендаровски – Туск: Почетокот на преговорите ќе биде силен импулс за суштински реформи

Претседателот Стево Пендаровски, денеска се сретна со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. На пријателската средба биле разменети мислења за севкупните состојби во земјата и во регионот, како и за аспирациите на државата за членство во Европската унија. Претседателот Пендаровски истакна дека Македонија во изминатите две години донесе тешки одлуки за многу чувствителни прашања, вклучувајќи ја Преспанската спогодба со Република Грција...

Туск во Скопје на средби со Заев и Пендаровски

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска е во посета на земјава, а ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев. По средбата со Заев, напладне предвидена е заедничка прес-конференција. Посетата на Туск на Скопје е во пресрет на очекуваната одлука за добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ во октомври. Мандатот на актуелниот претседател на Европскиот...

Анализа: Ново одложување на датумот може внатрешно да ги разниша Македонија и Албанија

klupi ploshtad Makedonija gulabi
Истакнати регионални аналитичари во анализа објавена на „Јуропиан Вестерн Балканс“ предупредуваат дека ново одложување на доделувањето датум за преговори за Северна Македонија и Албанија би имало негативен ефект на внатрешно политичките сцени на двете земји, но и на целиот Западен Балкан. Посебно ако притоа двете земји бидат раздвоени, предупредуваат тие. Според Срѓан Мајсторовиќ, член на советодавната група за политики „Балканот...

Захариева: Подобро е што Северна Македонија и Албанија не се разделени

Ќе биде историска грешка ако преговорите за присоединување на Северна Македонија и Албанија кон Европската Унија не почнат сега, но добро е што во моментот двете земји не се разделени, порача вчеравечер во изјава за бугарското радио „Хоризонт“ бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа ваквата порака ја упати спроти заседанието на Европскиот совет, кој се одржува...

Големиот настан за Македонија, српски „Курир“ го проследи со големи шпекулации

Во вест за препораките од Европската Комисија (ЕК) до Европскиот совет да одреди датум за почеток на преговорите на Северна Македонија со Европската Унија (ЕУ) за зачленување во европскиот сојуз, српскиот весник „Курир“ на својата онлајн-платформа завчера пласираше текст што содржи неколку шпекулации и неточна информација. Од поприлично „булеварскиот“ наслов што почнува со големи букви, а продолжува со шпекулација, до...

Хан: И да почнат преговорите утре, ќе минат години до зачленување во ЕУ

Со многубројни посочувања на Северна Македонија како земја што направила огромен напредок, Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, на прес-конференција во Брисел ги презентираа пред новинарите извештаите за 2019 за напредокот на повеќе земји, меѓу кои и за нашата. Европската комисија побара од Европскиот Совет да почне веднаш преговори...

Заев телефонски ја информирал Меркел за подготовките за референдумот

Во телефонски разговор вчера попладнето, премиерот Зоран Заев зборувал со канцеларката на Германија, Ангела Меркел за напорите за европски и атлантски перспективи на Македонија и за подготовките за референдумот, соопшти македонската влада. Притоа, како што се вели во соопштението, Меркел ја истакнала поддршкта од Германија за Договорот на Македонија и Грција. „Германската канцеларка, Меркел, даде поддршка на напорите на Владата и...

Планот 18 на Владата се трансформираше во План за скрининг

Планот 18 на Владата, за кој јавноста слушна на крајот на мај, кога вицепремиерот за европски  прашања Бујар Османи го презентираше на евроамбасадорот Самуел Жбогар и претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, како реформски план што ќе го наследи Планот 3-6-9, сега е на преработка. Како што за „Мета“ објасни портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, по одлуката на Советот...

Заев од премиерите од ЕУ побара поддршка за старт на преговорите со Македонија

Премиерот Зоран Заев испратил писма до премиерите на земјите-членки на ЕУ со кои ги повикал да поддржат одлука за старт за пристапни преговори на Македонија со ЕУ, како одлука која е одамна заслужена, соопшти Владата. Информирајќи ги за Договорот за решавање на разликата околу името и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу Македонија и Грција, македонскиот премиер напоменува дека тој...

Македонија денеска на маса пред шефовите на дипломатиите на ЕУ

Советот на ЕУ за општи работи денеска во Луксембург треба да донесе одлука по препораката на ЕК за почеток на пристапните преговори на Македонија и на Албанија. Еврокомесарката Федерика Могерини, вчера ги повика земјите членки да го наградат, како што вели, импресивниот напредок на Македонија со потпишувањето на Договорот за името со Грција. – Знаете дека препорачавме отворање преговори со Скопје...

Германската влада поддржува давање датум за почетокот на преговорите со Македонија

Во писмо до Бундестагот, германскиот парламент, германската влада оценува дека реформскиот биланс на македонската влада говори во корист на почеток на преговори за членство во ЕУ, со тоа отворено застанувајќи зад напорите на Скопје да тргне уште еден чекор напред кон Европската Унија, јави Дојче веле - програма на македонски јазик. Во писмото од германското МНР од име на Владата...

Заев побара поддршка од Туск за решавање на блокадата на процесот на пристап кон ЕУ

На средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Брисел, денеска македонскиот премиер Зоран Заев порачал дека новата влада е подготвена да води квалитетен реформски процес, но истовремено ја нагласил важноста на поддршката од Европскиот совет за наоѓање решенија да се спречи билатералните прашања да претставуваат пречка за процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ. На средбата, премиерот бил...

Почна средбата Иванов – Туск

Точно во 14 часот почна средбата меѓу претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој денеска е во посета на земјава. Главна тема на средбата ќе биде мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, но и политичката состојба во земјава. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, Иванов ќе го запознае Туск со...

Туск денеска ќе ги објави насоките на преговорите за Брексит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ќе ги објави нацрт-насоките за тоа како ЕУ планира да преговара за излегувањето на Британија од европскиот блок. Предлозите, кои ќе го одредат тонот на двегодишните преговори, ќе бидат испратени до сите членки на ЕУ. Лидерите на ЕУ велат дека Британија мора прво да ги договори условите за излегување, а потоа да премине на врските...

Иванов ќе го прими Туск в понеделник

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во понеделник ќе го прими претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој доаѓа во посета на земјава, потврдиле за државната новинската агенција МИА од кабинетот на Иванов. Посетата на Туск на Македонија е дел од неговата балканска турнеја, на која, меѓу другото, ќе се разговара за имплементирањето на навремениот одговор на ЕУ на мигрантската...

Туск во Скопје доаѓа со порака за европската перспектива, ќе се сретне и со Иванов

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, следната недела ќе ја посети Македонија во рамки на својата балканска турнеја, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Туск. - Претседателот Туск ќе биде на регионална турнеја, на која, меѓу другото, ќе се разговара за имплементирањето на навремениот одговор на ЕУ на мигрантската криза во Источниот Медитеран и ќе ја разгледа ситуацијата на теренот...

Доналд Туск останува претседател на Европскиот совет

Лидерите на Европска Унија денеска му го продолжија мандатот на поранешниот полски премиер Доналд Туск на функцијата претседател на Европскиот совет за нови 30 месеци и покрај жестоките противења на Полска, јавува „Би-би-си“. Според француски дипломатски извори, за реизборот на Туск гласале 27 земји членки, а само еден гласач бил „против“. „Ќе направиме сè да не се случи реизбор на Туск“,...

Туск: Политиката на Меркел кон мигрантите не е виновна за нападот во Берлин

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги отфрли критиките на некои европски лидери дека за нападот во Берлин е виновна германската канцеларка Ангела Меркел и нејзината политика на гостопримство на бегалците. „Од почетокот на мигрантската криза зборувавме дека е клучно да ја вратиме контролата на надворешните граници. Тоа е тешко, но сакам да нагласам дека Германците не се одговорни за...

Туск: Со национализамот и со популизамот во земјите членки, ЕУ нема да преживее

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги предупреди не само Полска туку и другите земји членки на Европската Унија дека демократијата е кревка работа и да не се играат со огнот на национализмот, авторитарноста и на популизмот, бидејќи со тоа ќе ја скршат ЕУ, јавуваат светските агенции. „Без добрата волја и недвосмислената солидарност на Полска, ЕУ не може да издржи....

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...