сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Европска комисија | 426 резултати

ЕК: Да се подобрат резултатите во борбата против корупцијата, особено на високо ниво

март 11, 2024

Комисијата ги повикува властите на Северна Македонија да вложат постојани напори за да обезбедат независност, професионализам, транспарентност и непристрасност на судството. Комисијата ја истакна потребата да се подобрат досегашните резултати во борбата против корупцијата, особено на високо ниво. Ова се дел од заклучоците од 18. состанок на Поткомитетот за стабилизација и асоцијација за правда, слобода […]

Фон дер Лајен влегува во трка за нов мандат во Европската комисија

февруари 20, 2024

Германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) предложи претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен повторно да биде кандидат на Европската народна партија за претседател на Европската комисија, по јунските избори за Европскиот парламент, пренесува германската агенција ДПА. Фон дер Лајен претходно потврди дека сака да влезе во трка за нов мандат. „Во овие пет години не […]

Урсула фон дер Лајен во Давос зборуваше за дезинформациите околу Украина, а не за „болеста Х“

јануари 26, 2024

Во видеото од целосното излагање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ниту еднаш не се споменува идна пандемија, туку таа зборува за дезинформациите кои се шират во врска со воената инвазија на Русија врз Украина, како и за дезинформациите кои го загрозуваат офлајн светот и покрај тоа што се пласирани онлајн. Нејзиниот […]

План за раст: „Забрзување“, „зајакнување“, „условеност“ во темпо na adagio – бавно, но со голема експресија

јануари 24, 2024

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Откако се исцрпи дискусијата за годишните извештаи, поактуелен стана новиот План за раст за Западниот Балкан (или иновираниот поранешен Економски и инвестиционен план за Западниот Балкан), кој Комисијата го претстави на 8 ноември 2023 година, како дел од Пакетот за проширување. Планот е обид на […]

Избори во ЕУ: Фон дер Лајен доби рок да одлучи за втор мандат

јануари 18, 2024

Европската народна партија (ЕПП) очекува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен да се бори за втор мандат на изборите во јуни. Германската политичарка сè уште не ги потврдила информациите, известува германската новинска агенција ДПА. ЕПП ѝ дала рок на Фон дер Лајен да даде изјава во следните недели, до 21 февруари. Кандидатот на […]

Македонските политичари не го отворија ниту Уставот, ниту вратата на евроинтеграциите во 2023 година

јануари 3, 2024

Изминатата 2023 година не може да се смета за една многу успешна година, затоа што уставните измени требаше да завршат до крајот на годината и со ова Северна Македонија официјално да започне со отворање на поглавјата и да се одржи првата меѓувладина конференција. Но, тоа не се случи. Сепак, еден успешен чекор беше завршувањето на […]

Бугарија и Романија влегуваат во Шенген зоната по воздушен и морски пат

декември 31, 2023

Европскиот совет одлучи да ја прошири безграничната Шенген зона и да ги вклучи Бугарија и Романија, соопшти вчера шпанското претседателство на Советот. Контролите на воздушните и поморските граници ќе бидат укинати од март 2024 година, а дискусиите за укинување на контролите на копнените граници ќе продолжат и во новата година, се вели во соопштението на […]

Контраспин: Само поради Уставот нема преговори со ЕУ, а друго прашање е зошто не е сменет

декември 17, 2023

Во моментов може да се детектира двоен спин околу резултатите од Советот на ЕУ, односно повторното „извисување“ на земјата да ги започне пристапните преговори со ЕУ. Опозицијата, која одби да прифати да се промени Уставот, спинува кога тврди дека причината не била тоа, туку огромната корупција во власта. Власта, пак, кога оценува дека за сè […]

Проширување со поглед кон Исток : „Една големина за сите“ наспроти индивидуален пристап

ноември 29, 2023

И две седмици по објавувањето на овогодишниот Пакет на Европската комисија за проширувањето за сега десетте потенцијални нови членки на ЕУ, со мали исклучоци, отсуствуваат критички анализи за него. Главниот фокус е на новодојденците во пакетот – секако најмногу на Украина, а потоа Молдавија и Грузија. Првиот впечаток е дека не само што проширувањето доби […]

ЕК: Зголемен број е-услуги за граѓаните, но потребно е да се усвои Стратегијата за ИКТ

ноември 10, 2023

Северна Македонија е умерено подготвена во областа на дигиталната трансформација и медиумите. Постигнат е ограничен напредок кој се состои од благо зголемување на бројот на електронски услуги за граѓаните и бизнисите, наведува Европската комисија во Извештајот за напредокот на земјава во евроинтеграциите за 2023 година. Европската комисија забележува дека државата годинава се приклучи кон Програмата […]

Гир и Маричиќ по европскиот извештај – се бараат реформи и поддршка за уставни измени

ноември 9, 2023

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ прстот го впери кон опозицијата кога станува збор за блокадите во однос на патот на земјава кон Европската Унија, но прифати одговорност дека за дел од забелешките од годинешниот извештај на Европската комисија носи и Владата. Тој убедува дека проблемите нотирани во извештајот се идентификувани и се на маса, […]

Маричиќ го доби извештајот од ЕК: Свесни сме за предизвиците кои претстојат

ноември 8, 2023

Денес во Владата шефот на делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, го врачи Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2023 година на заменикот претседател на Владата Бојан Маричиќ. На состанокот, како што велат од Секретаријатот за европски прашања, се дискутирало за Извештајот, планирањето на следните чекори за реализирање на стратешката цел за […]

Европската комисија го усвои Планот за раст на Западен Балкан тежок 6 милијарди евра

ноември 8, 2023

Европската комисија (ЕК) денеска усвои нов План за раст за Западен Балкан, со цел да донесе некои од придобивките од членството во регионот пред пристапувањето, да го поттикне економскиот раст и да ја забрза многу потребната социо-економска конвергенција. Целта, како што соопшти ЕК, е да им се овозможи на партнерите да ги засилат реформите и […]

ЕК препорачува почеток на преговорите со Молдавија и Украина, членките треба да одлучат

ноември 8, 2023

Европската комисија предлага отворање на пристапните преговори со Украина и Молдавија, но останува во декември Европскиот совет, односно самите земји-членки на ЕУ да одлучат дали овие две земји ќе отпочнат со преговорите. За ова денеска информираше претседателката на Европската kомисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел. Фон дер Лајен дополни дека ЕК […]

Фон дер Лајен пристигна во Скопје „во клучен момент за евроинтегративниот процес“

октомври 29, 2023

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево пристигна во Скопје, од каде ја започнува својата четиридневна посета на Западен Балкан. На Меѓународниот аеродром Скопје ја пречека вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кој на својата страница на социјалната мрежа Фејсбук напиша дека посетата на претседателката на Европската комисија е позитивен сигнал за европската […]

Претседателката на Европската комисија фон дер Лајен денеска пристигнува во Скопје

октомври 29, 2023

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен попладнево ќе пристигне во официјална посета на земјава и од овде ќе ја започне својата четиридневна посета на Западен Балкан. Фон дер Лајен вечерва ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, од чиј кабинет најавија дека приемот на претседателката на Европската комисија е закажан за во 18 […]

Претседателката на Европската комисија во недела доаѓа во Скопје

октомври 27, 2023

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во недела ќе ја започне четиридневната посета на Западен Балкан. На 29 октомври таа најпрво ќе дојде во С. Македонија, а наредните денови ќе ги посети Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. За време на посетата ќе се дискутира билатералната соработка и на лидерите од […]

Скопје прогласен за Европска престолнина на културата за 2028 година

септември 20, 2023

Македонскиот главен град попладнево беше прогласен за Европска престолнина на културата за 2028 година. Скопје е една од трите европски престолнини на културата, а оваа извонредна вест се поклопува и со одбележувањето на 65-годишнината од скопскиот земјотрес од 1963 година. Покрај Скопје, за европска престолнина на културата веќе е прогласен чешкиот град Ческе Буѓејовице, додека […]

Утре е денот „Д“ за функционерите – почнуваат да се применуваат пониските казни од Кривичниот законик [инфографик]

септември 13, 2023

Од утре почнуваат со примена измените во Кривичниот законик (КЗ), кои беа изгласани во Собранието за експресно време, по скратена постапка и со европско знаменце, без јавна дебата. Со измените, меѓу другото, се предвидуваат пониски казни за дела поврзани со злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување. Обвинителите, судиите, адвокатите, сè […]

За правосудството и антикорупцијата – спроведување, спроведување, спроведување!

август 27, 2023

Поглавјето 23 се состои од четири области: Правосудство; Антикорупциска политика; Темелни права; Права на граѓаните на ЕУ. Поради обемот на извештајот од скринингот за ова поглавје, му посветуваме две статии – првата за областите на правосудството и анти-корупцијата, а  втората за преостанатите области. Acquis за правосудството поинтензивно се гради од Лисабонскиот договор и вградувањето на […]

Страна 3 од 22