fbpx
Таг: еврообврзница

таг: еврообврзница

Димова: Владата се задолжува со пари што може да ги троши без контрола

„Оваа криминално-корупциска власт намерно бега од ИПА-фондовите и од достапните европски пари, за да може да се задолжува со пари што може да ги троши без контрола“, истакна пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, на денешната прес-конференција, по повод одлуката на Владата за издавање еврообврзница во износ од 650 милиони евра. Според неа, парите од ИПА-фондовите е тешко да се користат без контрола...

СДСМ: Со еврообврзницата задолжувањето на странскиот пазар ќе биде 920 милиони евра

„Со евентуалното издавање на еврообврзница од лудачки 650 милиони евра, Груевски само во рок од осум месеци ќе ги задолжи граѓаните, само на странскиот пазар, за 920 милиони евра. Доколку оваа еврообврзница се издаде, јавниот долг во еден ден ќе скокне на вртоглави 54 проценти од домашниот бруто-производ (БДП)“, се вели во соопштението на СДСМ за новото задолжување на Владата...

Државата ќе се задолжи со рекордни 650 милиони евра со издавање еврообврзница

Со издавањето на новата еврообврзница, државата ќе се задолжи со рекордни 650 милиони евра на странскиот пазар на капитал. Еврообврзницата ќе се отплаќа во период од 10 години и ќе биде издадена преку претставништвото на „Дојче банк“ во Лондон, a ќе котира и со неа ќе се тргува на ирската берза на хартии од вредност. Според пишувањата на агенцијата „Ројтерс“, од 11 јули...

СДСМ: Ставрески да одговори дали се подготвува ново задолжување со еврообврзницата

Зоран Ставрески е должен да одговори дали со Груевски подготвува ново мегазадолжување на граѓаните на Македонија преку издавање нова еврообврзница од неколку стотици милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ. Оттаму додаваат дека Ставрески веќе една недела не дава одговор на прашањето на СДСМ, а во меѓувреме, странски агенции јавуваат дека власта на Груевски, сепак, посегнува по нова еврообврзница. - Минатата...

Македонија планира да издаде нова еврообврзница?

Република Македонија планира да издаде нова еврообврзница, јавува „Ројтерс“. Двата извори на „Ројтерс“ не кажуваат во која валута се бара задолжувањето, но се претпоставува дека станува збор за евра. Македонија е рангирана со ББ според „Стандард енд Пурс“ и со ББ+ според „Фич“. Во 2014 година, владата на тогашниот премиер Никола Груевски издаде еврообврзница во износ од 500 милиони евра, додека минатата година...

Пад на девизните резерви од 67 милиони евра

Девизните бруто-резерви на крајот од третото тримесечје на 2015 година изнесуваше 2.187,4 милиони евра, што претставува пад од 67,5 милиони евра во однос на претходниот квартал, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај. - Намалувањето на девизните резерви во најголем дел се должи на трансакциите за сметка на државата, како резултат на остварените високи отплати врз основа на обврски кон...

Наместо со 500 милиони евра, државата ќе се задолжи со 270 милиони евра

Наместо првично планираните половина милијарда евра задолжување преку еврообврзница, државата ќе се задолжи за 270 милиони евра. Промената на одлуката, Министерството за финансии ја објави во „Службен весник“. Првично планираните средства беа за покривање на буџетскиот дефицит за оваа и за следната година и за рефинансирање на старите долгови.

Македонија се задолжува со нова еврообврзница за покривање на дефицитот

Македонија ги ангажирала „Ситигруп“, „Дојче банк“ и „Ерсте банк“, кои ќе работат на издавање еврообврзница, јавува „Ројтерс“. Како што најави Министерството за финансии, со оваа еврообврзница ќе се покрие буџетскиот дефицит од 309 милиони евра за следната 2016 година. Ова би било четврто задолжување на Македонија со еврообврзница.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...