fbpx
Таг: еврообврзница

таг: еврообврзница

СДСМ најави кривични против Миноски и Бришковска за издавањето на еврообврзницата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска најави дека ќе поднесе кривични пријави против министерот за финансии, Кирил Миновски, и против заменик-министерката за правда, Билјана Бришковска, поради незаконско издавање на еврообврзницата, соопштија денеска од СДСМ. Оттаму велат дека Миноски ја издал еврообврзницата противзаконски, односно спротивно на член 18, став 6 од Законот за јавен долг, а Бришковска „неовластено присуствувала на конференциската врска...

СДСМ со антидржавен обид сакаше да ја наруши финансиската стабилност, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ

„Цел СДСМ лаже како Заев. Kолку и да лажe, не може да го одвлечe вниманието од фактот дека токму СДСМ изврши чин на финансиски тероризам поради кој граѓаните ќе останат без 25 милиони евра. Колку и да пласира СДСМ манипулации и измислици од фабриките за афери, ништо не го пере срамот од антидржавниот обид за нарушување на финансиската стабилност и финансиските...

СДСМ: Миноски противзаконски ја издал еврообврзницата без правно мислење

Министерот за финансии Кирил Миноски ги лажел странските кредитори и медиуми дека е обезбедено потребното мислење за правната важност на еврообврзницата од Министерството за правда, велат во соопштение од СДСМ. Од партијата тврдат дека Миноски самиот признал дека дополнително ќе барал мислење од Министерството за правда. „Ова е скандалозно бидејќи министерот за финансии постапил противзаконски! Ова е директно прекршување на Законот за јавен...

СДСМ: Богов ја префрли одговорноста на Миноски, но што барал гувернерот на конференциската врска

„Гувернерот Димитар Богов не може да ја избегне одговорноста од огромното 450 милионско задолжување на граѓаните на Македонија што е еднакво на финансиско злосторство. Богов денеска се обиде да се брани дека за издавањето на еврообврзницата одлучувало Министерството за финансии“, се вели во соопштението на СДСМ, по повод одговорот на гувернерот Богов дека одлуката за издавањето на еврообврзницата е на...

Миноски не одговори дали и без обврзницата во буџетот има пари за плати и за пензии

Министерот за финансии Кирил Миноски, по завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност, не одговори на новинарско прашање дали и без парите од еврообврзницата во буџетот има доволно средства за плати и за пензии. Тој истакна дека парите од еврообврзницата ќе се користат за буџетските потреби за оваа и за следната година и дека имало потреба од нејзино издавање. -...

Миноски и Богов ги повикаа банките да го одврзат ќесето за компаниите

Банките да ги ослободат средствата и да инвестираат во корпоративниот сектор, порачаа денеска министерот за финансии, Кирил Миноски, и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, по завршувањето на редовната седница на Комитететот за финансиска стабилност. - Политичката криза имаше ефект кој резултираше со порестриктивна политика од страна на банките, па тие се воздржуваа од инвестиици во корпоративниот...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ свесно ѝ нанесе штета од 25 милиони евра на Македонија

„Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата кое беше одложено поради деструктивното дејствување на Зоран Заев и на СДСМ, до второто издавање е најдиректна заслуга само на финансиските терористи СДСМ. Поради СДСМ граѓаните на Македонија ќе бидат оштетени за 25 милиони евра, пари кои ќе останеа во државната каса доколку аболираниот криминалец Заев не тргнеше со сите сили...

Миноски: Со еврообврзницата се обезбеди ликвидност на буџетот

Средствата од еврообврзницата нема да се користат само во оваа буџетска година, туку и во наредната, а дел од нив ќе бидат искористени за исплата на долговите, истакна министерот за финансии, Кирил Миноски, во гостувањето во вестите на телевизија „Сител“. Тој појасни дека „благодарение на вчерашното издавање на еврообврзницата обезбедени се неопходните финансиски средства со што има целоснa ликвидност на буџетот.“ Според него,...

СДСМ директно ја оштети Македонија за 25 милиони евра, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДСМ изврши акт на финансиски тероризам со кој ѝ нанесе директна штета на Република Македонија. Со манипулациите и со притисоците до светските финансиски институции за да создаде вештачка паника, СДСМ директно ја оштети Македонија за 25 милиони евра“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов. „Разликата во каматата од првото издавање на еврообврзницата, кое беше...

Наумов: Министерството за правда да одговори дали издало мислење за еврообврзницата

Никола Груевски и соработниците противзаконски ја издадоа еврообврзницата и за ова огромно незаконско задолжување на граѓаните од 450 милиони евра најавуваме дека ќе има одговорност, изјави денеска претседателот на комисијата за финансии на СДСМ, Кире Наумов, на прес-конференција. Според него, јасна е намерата на Груевски да врши корупција во предизборниот период. Наумов дека СДСМ ќе ги искористи сите механизми за да...

ДС бара да се блокираат понатамошните задолжувања на државата

„По задолжувањето на државата за 450 милиони евра, пари кои првенствено ќе бидат наменети за клиентелизам (купување на гласови), Демократскиот сојуз во соработка и со консултација со финансиски експерти, ќе предложи законски решенија со кои ќе се оневозможи Владата да ги задолжува граѓаните без согласност од Собранието“, информираат од оваа партија. Од ДС додаваат дека последниот долг со издавање на еврообврзница е...

Македонија издаде еврообврзница во вредност од 450 милиони евра

Македонија денеска ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5,625 отсто годишно и со рочност од седум години, што се исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата, соопшти Министерството за финансии. „Доколку ги немаше злонамерните опструкции и попречувања од страна на опозицијата, со оглед на првично пројавениот огромен интерес од инвеститорите,...

Македонија ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра од еврообврзницата

Македонија ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра од издавањето на седумгодишната еврообврзница со каматна стапка од 5,875 проценти, пишува „Ројтерс“. По одложувањето на продажбата на еврообврзницата од 650 милиони евра, таа денеска вторпат е понудена на продажба. Лидерот на опозицијата, Зоран Заев, повторно испрати писмо до банките и до светските медиуми во кое потсетува на незаконската постапка за издавање на еврообврзницата. ВМРО-ДПМНЕ, пак,...

ВМРО-ДПМНЕ: Еврообврзницата е нормален финансиски механизам

СДСМ продолжува со обидите за финансиски тероризам, воден од мотото „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за повторното идавање на еврообврзницата. Според оваа партија, еврообврзницата преставува нормален финансиски механизам што се применува во сите европски земји. - Дотолку повеќе, овој механизам во Македонија е воведен токму од СДСМ, со таа разлика што...

Заев: Министерот за правда Џафери не се произнесе за законитоста на еврообврзницата

„Никакви нови информации, разјаснувања или правни мислења не се дадени во врска со можната незаконитост на издавањето на еврообврзницата. На инвеститорите не им било овозможено да постават никакви прашања до владиниот тим“, пишува лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во соопштението до светските медиуми и банки во врска со продолжувањето на, според него, незаконската постапка за издавање на еврообврзницата. Според Заев, министерот...

СДСМ: Груевски, Пешевски и Миноски во втор обид за криминал со еврообврзницата

„Никола Груевски, Владимир Пешевски и Кирил Миноски утрото повторно го почнаа процесот на издавање еврообврзница на износ до 650 милиони евра, со што директно го кршат Законот за јавен долг, без претходно обезбедено правно мислење од министерот за правда, согласно член 18, став 6“, се вели во соопштението на СДСМ, по вториот обид за продажбата на еврообврзницата. Од опозициската партија...

Еврообврзницата вторпат понудена на продажба

По одложувањето на продажбата на еврообврзницата од 650 милиони евра, таа вторпат е понудена на продажба, јавува „Ројтерс.“ Пред пет дена, Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница откако член на опозицискиот СДСМ преку писмо до банките гаранти ја оспори легалноста на постапката. Во писмото било наведено дека земјава нема соодветен правен механизам за издавање на еврообврзницата и доколку се издаде, можно...

СДСМ: Не учествувајте во ново противзаконско задолжување

Никола Груевски и неговите послушници очигледно немаат намера да се откажат од извршувањето на најголемото финансиско злосторство и со глава в ѕид се обидуваат да им натоварат нов незаконски долг од 650 милиони евра на граѓаните и на идните генерации, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. Од паријата порачуваат дека никој нема да биде амнестиран за своите постапки во евентуалното ново противзаконско...

Заев го поздрави одложувањето на еврообврзницата

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, испрати соопштение за јавноста до светските медиуми, во кое ја поздрави одлуката на водечките банки во врска со еврообврзницата за чијашто противзаконска и штетна реализација алармираше СДСМ. - Денес, владеењето на правото во Македонија не постои и ова е добро документирано. Менаџерите и инвеститорите не можат да се потпрат на каква било одлука од Министерството за правда,...

ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ за финансиски тероризам врз граѓаните

Обидот на СДСМ да ги наруши финансиската стабилност и финансиските текови е класичен акт на финансиски тероризам од страна на аболираниот криминалец Зоран Заев и од неговата дружина врз граѓаните на Република Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Кире Наумов. „СДСМ стори уште едно финансиско злосторство обидувајќи се со лаги и со невистини да го блокира издавањето на еврообврзницата, која...

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...