fbpx
Таг: евроинтеграција

таг: евроинтеграција

Османи на средба со Коѕиас следниот вторник во Атина

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во вторник, следната недела ќе замине во работна посета на Атина, каде, како што информираат од неговиот кабинет, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕиас. Покрај Коѕиас, предвидено е Османи да има средба и со заменик-министерот за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос...

Османи: Законот за јазиците има европско знаменце затоа што е дел од евроинтеграцијата

Владата одлучи да му додели статус на европско знаменце на предлог-законот за употреба на јазиците затоа што тој е дел од Рамковниот договор, кој, пак, е дел од процесот на европската интеграција на земјата, соопштија денеска од кабинетот на вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи. „Имплементацијата на Рамковниот договор е нераскинливо поврзана со процесот на европската интеграција на земјата, за...

Иванов и Димитров на состанок на лидерите на процесот Брдо – Бриони

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска ќе учествуваат на состанокот на лидерите од Процесот Брдо - Бриони, што се одржува во Брдо кај Крањ, Словенија. На состанокот, чии домаќини се претседателите на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Колинда Грабар-Китаровиќ, ќе се дискутираат теми поврзани со процесот на проширување на Европската Унија...

Мултановски: Очекувам новата влада да ги спроведе неопходните реформи

Очекувам по доделување на мандатот да се формира влада која ќе работи на реформите за евроинтеграциите, за што ќе ја има полската поддршка, порача амбасадорот на Полска во Македонија, Јацек Мултановски. Тој денеска учествуваше на конференцијата „Вишеградската група и Западен Балкан - Што е наредно за овие два региона?“, која се одржа во Скопје. - Вчера претседателот Иванов го даде...

Турција сака полноправно членство во ЕУ до 2023 година

Турција би сакала да стане членка на Европската Унија до 2023 година, соопшти денеска турскиот амбасадор во ЕУ, Селим Јенел. - Турција сака да се приклучи кон ЕУ до 2023 година – рече Јенел за германскиот весник „Велт“. Тој рече дека датумот би бил се поклопил со прославата на 100-годишнината од основањето на Република Турција. - Членството во ЕУ во тој период,...

Оер: Да се исполни договорот и да се организираат кредибилни и демократски избори

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Арбер Адеми денеска се сретна со амбасадорката на Франција, Лоренс Оер. Оер на средбата истакнала дека Франција ќе продолжи со поддршката за еворинтеграцијата на Македонија и посочи дека е потребно понатамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете земји. Во однос на актуелната политичка состојба двајцата соговорници ја потенцирале важноста на целосно исполнување на...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...