fbpx
Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

Рама, Бушати: Голем ден за Албанија, за Македонија, но и за ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, во првата куса изјава околу одлуката за почнување преговoри на Албанија и на Македонија во јуни 2019 година, оценува дека тоа е голем успех на владите на двете земји. – По 72 часа помеѓу внатрешните бранови на ЕУ, Албанија успеа да добие датум за влез во пристаништето на обединета Европа. Резултатите од нашите реформи ги натераа...

Влада: Македонија доби датум за преговори, препознаени се позитивните промени

Уште еден голем ден за Република Македонија. Уште едно големо признание за нашата земја. Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на Европската Унија, на седницата вчера донесе одлука преговорите за членство на Република Македонија да започнат во јуни 2019 година, соопшти Владата. „Европската Унија и лидерите на сите земји членки ја препознаа Република Македонија како земја на...

Грција денеска треба да им пише на ЕУ и НАТО за зачленувањето на Македонија

До Советот на ЕУ за општи работи, кој во Луксембург ќе расправа за  почеток на пристапни преговори на Македонија и на Албанија, денеска треба да биде доставено писмото од Грција дека нема да се противи за европска и евро-атлантска интеграција на Македонија, што е исполнување на дел од нејзините обврски од Договорот за решавање на спорот за името. Шефот на...

Унгарскиот и словачкиот амбасадор: Очекуваме Македонија да ги почне преговорите со ЕУ

Очекуваме добри вести идната недела, Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Ќе помогнеме колку што можеме зашто земјата треба да стане полноправен член што поскоро, а договорот со Грција е само дополнителен, силен поттик во оваа насока, рекоа денеска амбасадорите на Унгарија и на Словачка во Македонија, Ласло Дукс и Хенрик Маркуш, на прес-конференцијата по повод примопредавањето на...

Заев: Очекувам решение за името до крајот на јуни, Уставот ќе се отвора пред влезот во ЕУ

Со овие продемократски, прозападни и проевропски манири со коишто се однесуваме и двете страни во разговорите верувам дека ќе смогнеме сили до самиот крај да изнајдеме решение кое биде од корист на двете страни. Верувам дека може Македонија заедно со Грција да постигне решение пред одржувањето на Советот на министри, односно Советот на Европа. А веднаш после него е...

Доналд Туск на македонски порача дека ЕУ стои зад Македонија

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, по средбата со премиерот Зоран Заев, на прес-конференцијата во Владата на македонски јазик зборуваше пред новинарите и порача дека ЕУ стои зад Македонија, исто како што Македонија ја поддржа Европската унија во случајот Солзбери. Тој рече дека многу работи се сменети во земјава од 2015 година, кога бил овде по повод мигрантската криза. - Од...

Заев: Граѓаните се најзаслужни за позитивната препорака од ЕК

Граѓаните се најзаслужни за позитивната препорака од Европската Комисија, порача премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата, откако беше објавена неусловената препорака за почеток на преговорите со Македонија што Европската Комисија (ЕК) ја упати до Европскиот Совет. - Дел од успесите има и опозицијата зошто направивме заеднички компромиси. Владата е подготвена да прифати различни размислувања. Владата посветено ги сработи реформите....

Тимоние: Препораката за ЕУ виси поради начинот на донесување на законот за јазиците

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за СДК.мк вели дека може да се проблематизира безусловната препорака за почеток на преговорите за членство во ЕУ, поради тоа што без минимум консензус и без цивилизирана дискусија вчера беше донесен Законот за употреба на јазиците во Собранието. - Вчера беше разочарувачки ден бидејќи видовме настани за кои мислевме дека веќе сме им го свртиле грбот, дека...

Могерини и Хан: ЕУ ќе прима нови членки, ако си ја сработат домашната работа

Албанија и Македонија прават значителен напредок на европската патека и Европската комисија е подготвена да даде препораки за отворање на преговори за зачленување, врз основа на исполнети услови, беше кажано денеска во Стразбур. Стратегијата предвидува зголемување на ЕУ до 2025 година, за оние што ќе ги исполнат условите од членот 49 од Спогодбата за Европската унија, вклучувајќи ги и критериумите...

Граѓаните оптимисти за придобивките доколку влеземе во ЕУ

Доколку Македонија влезе во ЕУ, драматично ќе се подобри демократијата во земјава, јавната администрација, судството, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и човековите и малцинските права, сметаат големо мнозинство од вклучените во дебатната анкета на Институтот за европска политика - Скопје. Дебатната анкета (Deliberative Polling) е форма на политички консултации со спојување на испитување на јавното мислење и јавната расправа...

Груби: Државата е пред големи предизвици и има потреба од одговорна опозиција

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби денеска се сретна со амбасадорката на Австрија во Македонија, Ренате Коблер. ​На средбата, Груби истакнал дека коалицијата работи посветено, со цел во Годишниот извештај за земјата во април, да биде тргната условеноста на препораката за почеток на преговори за наше членство во ЕУ, и во јуни Советот во Софија да ја потврди оваа...

Османи: Подготвени сме да ги дочекаме клучните датуми за евроинтеграцијата

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска се сретна со Геновева Руиз Калавера, директорка за Западен Балкан, во рамките на генералниот Директорат за соседство и проширување во Европска Унија, (ДГ НЕАР). „Остваривме значаен напредок на сите полиња, имплементацијата на реформите во наредниот период ќе се интензивира и Македонија во 2018 година подготвена ќе ги дочека клучните датуми за нашите европски интеграции“, информитрал Османи. Тој...

Владата ќе расправа за евроатлантската интеграција и за борбата против корупцијата

Владата на Република Македонија денеска со почеток во 15 часот ќе ја одржи редовната, 48. седница, на која ќе се расправа и за напредокот на напорите за интеграција во ЕУ и во НАТО, но и за користење на европските фондови, како и за Рамковниот договор. На предлог на министерството за правда, министрите ќе го разгледаат предлог – законот за изменување...

Кирацовски за бојкотот: Пратениците да работат за граѓаните и за државата, а не за партијата

Најавите од ВМРО-ДПМНЕ за бојкот на работата на Собранието на Република Македонија воопшто не се во интерес на граѓаните и на државата и пратениците од таа партија треба да се вклучат во битните реформи што претстојат пред нас, кои се од суштинска важност за државата, смета Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ и пратеник. - Треба да ги надминат теснопартиските...

Вицепремиерот Бујар Османи вели дека делот „3“ од планот е исполнет 80 отсто

Според вицепремиерот Бујар Османи, спроведувањето на делот „3“ од владиниот реформски план „3-6-9“ е стигнато до 80 проценти. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, на чие чело е Османи, на 37. состанок на работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ), кој се одржал во Владата, заменикот-премиер задолжен за европски прашања истакнал дека „постои задоволителна исполнителност од повеќе од 80 отсто од...

Османи: Ако направиме сè што треба, во јуни очекувам датум за преговори

Во јуни чекаме датум за почеток на преговори со ЕУ, се разбира, ако ја завршиме работата како што треба, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вечерва во Собранието, на седницата посветена на пратеничките прашања. Одговарајќи му на пратеникот Артан Груби за тоа што се работи на планот на евроинтеграциите, Османи рече дека политичката одговорност и на власта и на...

Жбогар: Ако се совпаднат визиите на Владата и на Јункер, ќе има добри резултати за Македонија

Доколку реформската визија на Владата и визијата на Европската Унија за Западен Балкан, што во февруари следната година треба да ја претстави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, се совпаднат, тогаш можеме да се надеваме да видиме добри резултати околу евроинтрегациите на Македонија, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар. - Тоа што генерално го споделуваме е оптимизам дека работите се одвиваат во правилна...

Иванов за британски „Телеграф“: Неуспехот на ЕУ на Балканот го користат Кина и Русија

Неуспехот на ЕУ на Балканот го користат Кина и Русија, вели претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во интервју за британскиот весник „Телеграф“. Македонскиот претседател смета дека ЕУ е заглавена во начинот на размислување од 20 век и во ситните внатрешни препирки, поради што не е во можност да се справи со предизвиците на денешницата,  вклучувајќи ги масовните миграции и дигиталниот...

Ветер во грб побара Димитров од европарламентарците

„Градењето модерна европска демократија е, пред сè, во интерес на нашите граѓани, во интерес на земјите од регионот и од интерес на ЕУ. Стабилна, економски просперитетна и успешна Република Македонија подразбира стабилен и просперитетен регион“, порачал министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во денешното обраќање пред Комитетот за надворешни работи во Европскиот парламент (АФЕТ), соопшти Министерството за надворешни работи. Во...

Димитров и Хан во Брисел разговарале за реформите

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска во Брисел имал работна средба со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на која го информирал еврокомесарот за досегашното спроведување на реформите во согласност со планот „3-6-9“, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Димитров ја повторил заложбата на Владата за целосна вклученост во спроведувањето на реформите за набргу да се отвори...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...