fbpx
Таг: евроинтеграции

таг: евроинтеграции

Европската комисија ја предаде предлог-преговарачката рамка за Македонија на земјите-члeнки

Европската комисија го усвои предлогот на Преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија и документот е испратен до земјите-членки. „Преговарачката рамка од страна на ЕК е конципирана врз основа на новата методологија за пристапниот процес. Основна цел на овие измени е пристапниот процес да биде поизвесен, поконкретен, поверодостоен, подинамичен, со засилено политичко управување, влијание од страна на земјите-членки, засновано на...

Две години по Преспанскиот Договор, земјава е членка на НАТО и пред старт на преговорите за ЕУ

Две години по Договорот од Преспа, од тотална изолација на меѓународната сцена, Северна Македонија стана членка на НАТО и се врати на агендата за проширување на Европската Унија, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешниот настан за одбележување на годишнината од потпишување на Преспанскиот Договор. - Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство, а...

Османи: Ставот на Владата во врска со изборите ќе се знае до петок, зависи од вонредната и состојбата со вирусот

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека до петок ќе се знае ставот на Владата за вонредната состојба која трае до 14 јуни, а кој, заедно со мислењето на Комисијата за заразни болести за состојбата со пандемијата ќе бидат одлучувачки за датумот за одржување на изборите. - Мој став е дека треба да чекаме до петок, кога завршува...

Анкета на ИРИ: Граѓаните од Западен Балкан покажуваат силна поддршка за влез во ЕУ

Најновото мултинационално истражување за Западен Балкан од страна на Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) открива поделени мислења за Соединетите Американски Држави (САД) како економски и политички партнер кај одредени земји, но и ентузијазам за посилни врски со Европската Унија (ЕУ). Истражените земји беа Босна и Херцеговина (БиХ), Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија. - И...

Хрватски портал со тенденциозен текст за Северна Македонија полн со манипулации и дезинформации

Хрватскиот портал Otvoreno.hr во текст посветен на актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија, насловен „Ништо ново во експерименталната држава некогаш позната како Македонија“ (Ništa novo u eksperimentalnoj državi nekad znanoj kao Makedonija) и објавен на 12 мај 2020 г., изнесува редици дезинформации, но и историски невистини. Овој текст го пренесоа и неколку домашни портали, преведен во интергрална верзија...

На онлајн квиз за Денот на Европа, 13 студенти утре ќе ги мерат знаењата

По повод 9 Мај, Денот на Европа, утре во 14 часот на интернет платформата „Зум“ ќе се одржи онлајн-студентски квиз,  со 13 студенти од универзитетите низ државата, информираат од Европското движење во Република Македонија. Студентите ќе одговараат на 30-те прашања за Европската Унија, за државите-членки на ЕУ и за процесот на пристапување на нашата држава кон ЕУ. Онлајн квизот ќе...

Борисов: Готови сме да помогнеме на Северна Македонија, но ги кажавме нашите услови

Бугарскиот премиер Бојко Борисов по вчерашната онлајн-средба ЕУ- Западен Балкан порача дека Бугарија не сака Северна Македонија да си тера внатрешна политика на нејзин грб, јави бугарското радио „Дарик“. - ЕУ целосно го поддржа ветувањето кон партнерите од Западен Балкан за соработка за нивно придружување. Бев многу поддржан од други колеги, зашто искажав разбирање кон нашите колеги, вклучително и за...

Западен Балкан доби поддршка за ЕУ перспектива и средства за борба против корона вирусот на Самитот во Загреб

Порака за продолжување на реформите и поддршка за европската интеграција добија земјите од Западен Балкан на вчерашниот Самит на ЕУ за Западен Балкан што се одржа во Загреб. На самитот се истакна и конкретната финансиска поддршка што ќе ја добијат земјите од овој регион за справување со корона вирусот. Лидерите на земјите членки на ЕУ, првите луѓе на Европскиот Совет,...

Маричиќ: Се додека одиме според планот, првата меѓувладина конференција ќе ја имаме на есен или на крајот на 2020

Граѓаните треба да знаат дека процесот на преговори на Северна Македонија со ЕУ и нејзините земји-членки ќе биде тежок, но успешен и нашата земја ќе го заврши тој процес како земја-членка на Европската унија, вели Бојан Маричиќ, Национален координатор за интеграција во ЕУ и главен преговарач за технички прашања во ексклузивно интервју за „Порталб.мк“. Владата ќе закаже меѓувладина седница, за...

Се чека одговор од ЕБОР за изградбата на заедничкиот железнички граничен премин со Србија

Епидемијата со корона вирусот во нашата земја нема да влијае врз одложување или откажување на проектот за изградба на заеднички железнички граничен премин меѓу Македонија и Србија кај Табановце. Преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (ВБИФ) на ЕУ веќе се обезбедени неповратни средства од 2,7 милиони евра, а преостанатите 2,5 милиони евра е предвидено да се обезбедат преку заем...

ЕУ дозволи пристап на Македонија до Европскиот солидарен фонд за справување со Ковид-19

Заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи денес одржа видео-конференциски состанок со Оливер Вархеји, eврокомесар за соседска политика и преговори за проширување, информираат од Секретаријатот за европски прашања. Еврокомесарот Вархеји го известил вицепремиерот Османи дека Македонија како земја - преговарач добила пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите - членки на ЕУ ќе...

Одложена седницата на Европскиот Совет на која требаше да се одлучува за преговорите со Македонија

Членовите на Европскиот Совет одржаа видео-конференција и одлучија да го одложат одржувањето на состанокот на Европскиот Совет, којшто беше закажан за 26 и 27 март, јавуваат светските медиуми. Причина за одложувањето е актуелната состојба со корона вирусот. На овој решавачки состанок на Европскиот совет требаше да се донесе одлука за почеток на претпристапните преговори на Македонија со ЕУ. Освен...

Со странска помош ќе се изработуваат подзаконските акти за енергетска ефикасност

По донесувањето на Законот за енергетска ефикасност во текот на февруари, се постави прашањето што ќе се случува со подзаконските акти, за чие усвојување на Министерството за економија му е оставен рок од 3 до 9 месеци од денот на влегувањето во сила на новиот закон. Најдоцна за 6 месеци, ова министерство ќе треба да го усвои Правилникот за...

Европската Комисија потврди дека треба да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ

Европската Комисија (ЕК) го усвои мини-извештајот за Македонија и Албанија, со кој ја потврдува препораката за нашата земја за отпочнување на преговори за членство во ЕУ. Од Комисијата напоменуваат дека земјава ги зајакнала напорите и испорачала опипливи и одржливи резултати во клучните области идентификувани во заклучоците од Советот на ЕУ од јуни 2018 година. ЕК го поздравува и донесувањето...

ЕУ бара романските железници да ѝ ги вратат 570-те милиони евра помош

Европската Комисија (ЕК) ѝ нареди на романската влада да си ги поврати назад 570 - те милиони евра помош дадени на државното железничко претпријатие за товарен сообраќај „CFR Marfa“, пишува бугарскиот медиум „Капитал“. Од ЕК сметаат дека станува збор за незаконска помош што ѝ е дадена на државната компанија во периодот од над една деценија наназад преку отписи на...

Жбогар: Очекуваме да се повтори високиот стандард на организирање на изборите

Евроамбасадорот Самуел Жбогар при вчерашната посета на Пробиштип, изјави дека претстои клучен период за Македонија, вклучувајќи го и извештајот за напредок на државата, но и претстојните избори. Жбогар рече дека е објавена методологијата за проширување, што е чекор напред. - Овој документ е во процес на дискусија меѓу земјите членки. Се надеваме дека и тој предуслов, таа пречка на патот,...

Франција задоволна од новите правила за проширување – бара да не се изменат

Франција е задоволна од новата процедура за приклучување кон ЕУ предложена од Брисел, но би сакала таа да биде усвоенa без измени, за да даде согласност за преговори со Албанија и Северна Македонија за зачленување, порача францускиот државен секретар за европски прашања, Амели ди Моншален. - Треба да има усогласеност на 27-те земји за овој нов предлог, без тоа да...

ЕК ја усвои новата методологија за проширување, задоволни и во Брисел и во Скопје

Европската комисија денес ја усвои новата методологија за проширување на Европската Унија (ЕУ) кон земјите од Западен Балкан. За Македонија и Албанија новата методологија врз чија основа ќе се водат преговорите ќе биде задолжителна, додека Србија и Црна Гора ќе треба сами да одлучат по кој систем ќе ги продолжат преговорите со ЕУ во наредниот период. На прес-конференција по усвојувањето...

Рот – Димитров: Ќе продолжиме со заедничките напори за чекор напред

Ја споделуваме разочараноста заради неможноста Северна Македонија да го направи заслужениот чекор напред. Ќе ги продолжиме заедничките напори за постигнување на оваа цел во одлучувачкиот период пред нас. Паралелно, фокусот да се задржи на ЕУ реформите дома, порача Михаел Рот, државниот министер при Сојузното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија, надлежен за Европа, на денешната средба во...

Европјаните се противат на проширувањето – не можеле веќе да се потпираат на САД

Граѓаните на Европската Унија се малку исплашени бидејќи повеќе не може да се потпираат на САД како чувар на безбедноста, но исто така сакаат да се сопре проширувањето на ЕУ и Унијата да се вклучи повеќе во решавање на предизвиците на глобализираниот свет. Тоа се некои од главните заклучоци во истражувањето на Европскиот совет за надворешни односи (ecfr.eu), кое е...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...