Таг: евро
таг: евро
Брексит може да се почувствува и во македонската трговија
Намалување на увозот и на извозот со Велика Британија е можна последица за македонската економија од излегувањето на оваа држава од Европска Унија. Но, генерално нема да има позначајни поместувања и негативни ефекти за македонското стопанство.
- Трговската размена со Британија не е мала. Британија последниве години е еден од најголемите трговски партнери на Македонија. Сепак, тоа е така поради една специфична компанија...
Јункер: Крај за шенген-зоната значи и крај за еврото
Невработеноста во ЕУ ќе се зголеми ако се распадне шенгенската зона, предупреди денеска претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, додавајќи дека во тој случај би било бесмислено да се задржи еврото како единствена валута.
- Шенген-зоната е едно од најголемите достигнувања од процесот на европските интеграции. Без неа, без слободно движење на работниците, без слободата на европските граѓани да патуваат,...
Еврозоната нема наскоро да прима нови членки
Еврозоната во наредните неколку години нема да се шири, односно да прима нови членки, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис.
- Во следните години не треба да се очекува проширување на еврозоната - изјави Домбровскис за германскиот весник „Ди велт“ (Die Welt), кој е европски комесар задолжен за еврото.
Од 28 членки на ЕУ, 19 се во еврозоната.
Домбровскис потсети...
„Катимерини“: Варуфакис планирал паралелен банкарски систем
Грчкиот весник „Катимерини“ обелодени наводен таен план на Алексис Ципрас и на поранешниот министер за финансии, Јанис Варуфакис, за креирање паралелен банкарски систем кој преку ноќ може да премине од евро на драхма. Според весникот, двајцата политичари го договориле планот од декември, а самиот Варуфакис го имал претставено пред претставници на странски приватни фондови на 16 јули.
Според планот, кој предизвика...
Грците поделени меѓу стравот и гордоста
Два дена пред отворање на гласачките места во Грција, сè уште е неизвесно дали ќе надвладее поддршката за грчката влада или, пак, поддршката за мерките на кредиторите за да се осигури останувањето на Грција во еврозоната.
Анкетата на весникот „Етнос“ покажува мала предност на гласачите што ќе гласаат за мерките на кредиторите пред оние кои се против нив.
Според анкетата, 44,8 отсто од...
Затворањето на грчките банки предизвика падови на европските и на азиските берзи
Берзите во Европа и на Азија бележат големи падови откако Грција ги затвори сите свои банки и почна со контрола на нивниот капитал, пренесуваат светските медиуми.
Потегот на грчките власти доаѓа откако Европска централна банка (ЕЦБ) реши да не ја зголеми кредитната помош за земјата.
Индексот на лондонскиот ФТСЕ 100 паднал за речиси 2 отсто, во раното тргување, а претходно во...
Волфганг Шојбле: Грција ќе се соочи со големи проблеми во наредните денови
Еврозоната ќе направи сè што е потребно за да се спречи „зараза“ од грчката криза, изјави синоќа германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле.
Според него, Грција ќе се соочи со големи проблеми наредните денови. Но, тој е уверен дека Грција ќе остане членка на еврозоната. Тој, исто така, мисли дека најавата на грчкиот премиер за референдум е дестаблизирачка и депресивна...
Швајцарската економија трпи поради пресилниот франк
Сто дена по одлуката на Швајцарската банка да го крене курсот на франкот во однос на еврото, две третини од швајцарските компании ги прилагодија своите цени на променетиот курс, кој ѝ штети на швајцарската економија. Ова го покажува една анкета на консултантската куќа „Стауфен“, во која учествувале 86 швајцарски компании.
Најголем дел од компаниите сè уште не го амортизирале ударот...
Порастот на доларот добредојден за македонскиот извоз
Зајакнувањето на доларот во однос на еврото е промена која е добредојдена за компаниите чии цени се во евра, сметаат од Сојузот на стопански комори на Македонија.
- Зајакнувањето на доларот во однос на еврото за земјите и за компаниите чии цени се во евра, ќе значи можност за зголемување на извозот во земјите каде што доларот е национално или општоприфатена...
Еврото на најниско ниво во последните 11 години
Еврото падна на најниско ниво во последните 11 и пол години во однос на американската валута.
Побарувачката на доларот и понатаму се зголемува по одличните резултати на пазарот на труд во САД, затоа што пазарот сè повеќе е уверен дека Федералните резерви кон средината на годинава ќе ги зголемат каматните стапки.
Спротивно на тенденциите на монетарната политика на САД, Европската централна банка...
Грција негира дека ќе оди на референдум за еврото
Контроверзниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, на денешната прес-конференција по состанокот на Еврогрупата негираше дека рекол оти доколку земјите-членки на еврозоната не го прифатат грчкиот список на реформи, неговата влада ќе свика референдум за еврото.
Оваа информација излезе во текот на минатата недела во интервју на Варуфакис за италијанскиот дневен весник „Кориере дела сера“.
Варуфакис изјави дека весникот погрешно...
Еврото поскапе во однос на доларот
Откако министрите од еврозоната се согласија да го продолжат спасувачкиот план за Грција за нови четири месеци, еврото ја зголеми својата вредност во однос на доларот.
Златото во петокот поевтини при променливата трговија, по одлуката на Еврогрупата.
Победата на СИРИЗА го урна еврото на светските берзи
На европските берзи утрово вредноста на акциите падна, губејќи ја минатонеделната добивка затоа што инвеститорите стравуваат дека победата на СИРИЗА на изборите во Грција би можела да доведе до нови несигурности во еврозоната.
На парламентарни избори во недела во Грција победи левичарската партија СИРИЗА, а нејзиниот претседател Алексис Ципас порача дека по пет години, дојде крај на мерките за штедење, кои...
Милијардите на Драги го урнаа еврото, но ги кренаа акциите
Главната програма на Европската централна банка (ЕЦБ) за купување обврзници би требало да ја зајакне економијата во еврозоната, но тоа само по себе нема да биде доволно, оцени директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард, повикувајќи ги владите да спроведат структурни реформи.
- Би требало да помогне, но самото тоа нема да биде доволно за да се заживее европската...
Рекорден пад на еврото во однос на доларот
Еврото падна на деветгодишен минимум во однос на американскиот долар, а цената на европската нафта „брент“ за кратко денеска падна под 50 долари за еден барел што е за првпат од 2009 година.
Еврото изутринава во Европа се разменуваше за 1,1842 долари.
Забавувањето на глобалниот пораст и зголемувањето на понудата на нафта и на гас ги намали цените во последниве недели....
Руската рубља со рекодрен пад во однос на доларот и на еврото
Руската рубља забележа нов пад во однос на еврото и на американскиот долар, откако ОПЕК одлучи да не го намалува производството на нафта и покрај презаситеноста на светските пазари, пренесува „Радио Слободна Европа“.
Рубљата загуби 3,6 отсто од вредноста и сега за еден американски долар се добиваат 48,66 рубли, што е надминување за две копејки на претходното најниско ниво од...