fbpx
Таг: евра

таг: евра

Од куќа на кумановец украдени пари и накит во вредност од 1,9 милиони денари

Непознат сторител од куќа на 33-годишен кумановец украл девизи и златен накит, чија вкупна вредност била проценета на околу 1,9 милиони денари, односно околу 31.000 евра. Според полициските информации, кражбата се случила во периодот меѓу 25 јуни и 11 јули. Крадецот во објектот провалил насила, со помош на погоден алат и одзел 20.000 евра и разновиден златен накит. Од полицијата засега немаат...

Српските цариници заплениле 602.680 непријавени евра

Српските цариници и полицијата на граничниот премиер Батровци при претрес откриле повеќе од 602.680 евра, непријавени финансиски средства. Како што јавуваат српските медиуми, парите биле скриени во специјално изработен бункер под задното седиште на автомобил „ауди А4“, со холандски регистарски ознаки, со кој патувале двајца турски државјани од Холандија за Турција.

Албански државјанин пазарел во Струга со фалсификувани евра

Струшката полиција поднела кривична пријава против 34-годишниот В.Џ. од Република Албанија, кој е осомничен дека во продавница во Струга платил со фалсификувани евра. Според полициските информации, осомничениот, кон крајот на минатиот месец, од продавница во Струга купил електроопрема, која ја платил со фалсификувана банкнота од 20 евра. Случајот во полиција го пријавиле вработените во продавницата откако се посомневале во автентичноста на...

Фирмата од Желино што ги набави палмите, работела во Гостивар, Брвеница и во Аеродром

Фирмата „Россен центар“ од  село Стримница, Желино, преку која јавното претпријатие „Македонски шуми“ ги набави палмите што нè чинат 500 евра од садница, имала уште неколку набавки. На страницата на Биро за јавни набавки можат да се најдат пет тендери што ги добила оваа компанија. Работела со општините Гостивар, Брвеница и Аеродром. За хортикултурно уредување во Гостивар, фирмата добила два тендери, еден од 172.682...

Малолетници осомничени дека украле плен вреден повеќе од 30.000 евра

Деветнаесетгодишен битолчанец и уште тројца малолетници се осомничени дека во периодот од септември минатата година до март годинава, извршиле неколку тешки кражби во куќи и во две цркви во Битола. Како што информираат од полицијата, материјалната штета што осомничените ја предизвикале била проценета на околу 2 милиони денари, односно повеќе од 30.000 евра. Една од последните кражби, за која се товарт младите...

Од скопска фирма украден сеф со пари, пиштол и документи

Непознат сторител, ноќта меѓу понеделникот и вторникот, провалил во фирмата „Боико инженеринг“ на улицата Њуделхиска и украл метален сеф со плен чија вредност била проценента на околу 3.000 евра, информира полицијата. Како што информираат од полицијата, крадецот во фирмата влегол насилно отворајќи ја влезната врата, а во металниот сеф што го одзел, имало 1.200 евра, пиштол, марка „застава М-88“, издаден...

Лажни инспектори одзеле 1.150 евра

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.К. (25) и А.М. (26), поради постоење основи за сомневање дека лажно претставувајќи се, извршиле разбојништво. На 31 јануари годинава, околу 4 часот, во Тетово, на улицата Иво Лола Рибар, пријавените лажно се претставиле дека се инспектори, по што извршиле разбојништво над Г.Ј. (30), одземајќи му 1.150 евра.

Малолетник осомничен за фалсификување пари

Гостиварската полиција поднела кривична пријава против 17-годишно момче од селото Дебреше, осомничено за фалсификување пари, информираа од МВР. Според полицијата, кон средината на ноември мината година, во паркот од општинската зграда, извршиле преглед над осомничениот и пронашле фалсификувана банкнота во апоени од 500 евра.

Жител на Бајрамовци пуштил во оптек лажни евра

Дебарската полиција поднела кривична пријава против С.М. (27) од село Бајрамовци, Центар Жупа, осомничен дека пуштил во оптек лажни евро-банкноти. Според полицијата, осомничениот во текот на минатата година набавил и повеќепати пуштил во оптек лажни банкноти во апоени од 50 евра. Полицијата кон средината на декември извршила претрес и во неговиот паричник ги нашла лажните банкноти. Против С.М. е поднесена кривична пријава за...

Италија: Уапсени лица за фалсификувани монети на евра

Дванаесет лица се уапсени во Италија за фалсификување монети на евра, соопшти денеска Европол, додавајќи дека парите илегално биле внесени од Кина. Полициската истрага почна откако во септември, во близина на Неапол, беше откриен контејнер со монети од едно и од две евра. Како што соопшти италијанската полиција, меѓу уапсените е и осомничениот лидер на криминалната група, жител на Гана, кој...

Јункер најави 315 милијарди евра инвестиции за ЕУ

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, денеска во Европскиот парламент во Стразбур го презентираше новиот „амбициозен“ план од 315 милијарди евра на неговата администрација, за поттикнување на порастот на економијата и на вработеноста во Европска Унија, која со години се соочува со финансиска и со економска криза. Всушност, само 21 милијарда евра ќе дојдат од јавни европски пари –...

Грчката државна гасна компанија треба да ѝ плати 100 милиони евра на „Газпром“

Повеќе од сто милиони евра грчката државна гасна компанија ДЕПА ќе треба да му плати на рускиот гигант „Газпром“. Ова е во согласност со клаузулата „земи или плати“, која е составен дел од спогодбата меѓу двете компании, откако намалувањето на потрошувачката во 2014 година оневозможи да бидат прифатени количествата договорени во март. Оваа опција е содржана во договорот, но руската...

Уценувале ресенка со компромитирачки видеоснимки

Двајца ресенци се осомничени дека уценувале нивна сограѓанка, барајќи од неа да им палти 2.000 евра, за да не објават компромитирачки видеоматеријал на интернет, соопшти полицијата. Против осомничените Г.Т. (33) и Б.О. (45) се поднесени пријави за уцена. Како што информираат од полицијата, првоосомничениот Г.Т., минатиот месец, ја пресретнал жената во близина на нејзиното работно место и, заканувајќи се дека ќе...

Петрески и соработниците лапнале милиони евра во коруптивни зделки (ВИДЕО)

Истрагата на полицијата за случајот „Јагула“, како што информираат од МВР, открила сложена мрежа на коруптивни зделки поврзани со постапки за јавни набавки, за кои се осомничени поранешниот градоначалник на Охрид, негови блиски соработници и управители на фирми. Според информациите на МВР, осомничените во периодот од 2007 до 2013 година, го оштетиле буџетот на Општината за сума од 785.000 евра. Групата,...

Украдени 13.000 евра од куќа во кочанско Спанчево

Арамија, вчера, провалил во домот на 33-годишен жител на кочанското село Спанчево и украл 13.000 евра, информираат од полицијата. Крадецот во куќата влегол откако ја обил влезната врата, а по пребарувањето низ низ собите, во фиока од биро, ги нашол парите. Полицијата извршила увид во куќата и трага по сторителот.

Просечната плата во Хрватска е 721 евро

Во однос на истиот лански период номинално е зголемена за 0,1, а реално за 0,4 отсто
Просечната месечна нето-плата во Хрватска за август изнесувала 5.516 куни (721,5 евра), што номинално е за 0,3, а реално за 0,2 отсто пониско во однос на јули. Во однос на август минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата номинално била поголема за 0,1, а реално за 0,4 отсто, покажуваат податоците на хрватскиот Државен завод за статистика. Просечната нето-плата во првите осум месеци...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...