fbpx
Таг: евн

таг: евн

ЕВН од утре ќе ги усогласува броилата во домаќинствата за да се воведе евтина струја

ЕВН од утре ќе почне со усогласување на броилата, за домаќинствата од 1 октомври да добијат евтина струја. Претседателот на управниот одбор на ЕВН, Штефан Петер, информираше дека тоа ќе се прави постепено. Усогласувањето на броилата ќе почне како резултат на одлуката на Владата, од 1 октомври да се воведе евтина струја од 14 до 16 часот. За цената на електричната енергија,...

ЕВН: Уште вчера дадовме одговори на граѓаните

Компанијата „ЕВН Македонија“ попладнево се обрати со информација за јавноста, велејќи дека одговорите што некои граѓани од Тетово ги поставиле, а денеска протестираа, се одговорени вчера. „Уште вчера со претставници на советот на граѓани од Тетово имавме конструктивен состанок, на кој им доставивме писмени одговори. Во одговорите ги објаснивме сите отворени прашања, дадовме појаснувања и информации и за прашањата кои...

Протестите против ЕВН го задушија сообраќајот во Чаир

Речиси два часа откако почнаа протестите против ЕВН и МЕПСО на неколку десетици граѓани кај комплексот „Чаирчанка“, во непосредна близина на џамијата „Јаја-паша“, сообраќајот полека се нормализира, откако Пластичарска улица, улицата Џон Кенеди и улиците во населбите Топанско Поле, Скопје Север и Чаир беа задушени од возилата кои беа пренасочувани по нив. Возилата беа пренасочувани на овие улици поради...

Тетовци протестираа пред седиштето на ЕВН во Тетово

Околу илјада граѓани протестираа попладнево пред седиштето на ЕВН во Тетово, незадоволни, како што велат, од цената што ЕВН им ја наплатува за потрошена електрична енергија. Тие упатија повеќе барања до компанијата ЕВН, меѓу кои и да се либерализира пазарот на дистрибуција на струја. - Бараме ЕВН да ја намали цената на киловат-час електрична енергија, затоа што цената на отворена берза...

Државните службеници во подрачните одделенија во Тетово два дена се без греење

Државните институции сместени во зградата на Општина Тетово, од вчера се без греење. Работи само една фаза од електричната мрежа, на која не можат да се приклучат грејни тела. Административците од подрачните одделенија во Тетово, на министерствата за правда, земјоделство, финансии, работат со јакни, капи, шалови. - Па, нема никакакви услови, многу е студено, работиме на температура под нулата, а не...

ЦУК: Состојбата е стабилна, но ниската температура е нов ризик-фактор

Управувачкиот комитет за кризи на денешната седница заклучи дека состојбата во Македонија со невремето предизвикано од неповолните метеоролошки услови е генерално стабилна, но оти сè уште простојат ризици за негативен развој на настаните, особено од ниската температура што може да предизвика проблеми во снабдувањето со електрична енергија и со вода, како и во сообраќајот. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, рече...

ЦУК: Состојбата со невремето е стабилна, иако има завеани патишта

На денешната седница на Управувачкиот комитет за кризи, беше заклучено дека состојбата со невремето предизвикано од неповолните метеоролошки услови, генерално е стабилна. Надица Вчкова од Центарот за управување со кризи (ЦУК) рече дека состојбата на патиштата се менува во зависност од тоа колкава е снежната покривка, но и поради ниската температура. - Во моментов сообраќајот е во прекин на патот Штип -...

Охрид и Струга oстанаа без вода поради неплатени сметки за струја

Охрид и Струга синоќа останаа без вода зашто водоснабдувачкото претпријатие „Проаква“ не си ги платило сметите за електрична енергија. ЕВН го исклучи електричното напојување на главните пумпи од кои граѓаните се снабдуваат со вода. Граѓаните бргу реагираа, нагласувајќи дека тие не се виновни за овој проблем и дека редовно и навреме ги намируваат сметките кон претпријатието „Проаква“ за потрошена вода. Од „Проаква“ се...

Струја добија сите во поплавените подрачја

ЕВН Македонија ја заврши првата фаза од санацијата на дистрибутивната мрежа во скопскиот регион најпогоден од поплавите, информираат од компанијата. - Сите трафостаници во населените места кои најмногу страдаа од големото невреме се под напон и сите корисници можат да се приклучат на дистрибутивната мрежа. И покрај можноста да бидат приклучени под напон уште десетици корисници чии домови се под...

МЕПСО и ЕВН апелираат земјоделците да внимаваат како ја поставуваат опремата

Од МЕПСО на земјоделците им порачуваат да одбегнуваат минување со земјоделска механизација под трасите на далекуводите од преносната мрежа и во нивните безбедносни коридори и особено да не се поминува под проводниците со комбајни или друга робусна земјоделска механизација. Од компанијата препорачуваат земјоделците да не поставуваат цевководни системи за наводнување на земјоделски површини во трасите на далекуводите, да не се креваат...

Исклучена струјата на Агенцијата за храна и ветеринарство на Меџитлија

Канцеларијата на Агенцијата за храна и ветеринарство сместена на граничниот премин Меџитлија остана без електрична енергија откако ЕВН, и покрај предупредувањата, не успеала да си го наплати долгот од оваа државна институција. Струјата била исклучена вчера околу 16 часот, во период кога граничниот премин од грчка страна бил под блокада. Зоран Атанасов, советник од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за земјоделство, потврдува дека...

Нова попрегледна фактура за електрична енергија

„ЕВН Македонија“ ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија, а до крајот на јануари сите корисници во Македонија ќе добијат нови попрегледни фактури. Новите фактури имаат нов поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни. - Во фактурите што корисниците ќе ги добиваат во иднина, наведени се податоци за корисникот и за фактурата, адреса за коресподенција, износот на испорачаната електрична енергија, комуналната...

Струјата од август поскапа за 10 проценти?

Нова цена на струјата, повисока и за 10 проценти, ќе плаќаат граѓаните од август годинава, велат извори од енергетските компании. Стручните служби на Регулаторната комисија за енергетика веќе ги разгледуваат поднесените материјални трошоци од државните ЕЛЕМ и МЕПСО и од приватната ЕВН, по што ќе следи одлука. Неофицијално, државната ЕЛЕМ поднела материјални трошоци до Регулаторна, со кои се бара зголемување на...

Струга: Протести пред ЕВН и блокада на улиците

По минатонеделните протести на вевчанци и на поунчани, за денеска протест пред објектот на ЕВН – Македонија во Струга, но и блокада на улици, најавија жителите од струшките села Подгорци, Октиси, Лабуништа и Боровец. Тие формираа Иницијативен одбор од претседателите на месните заедници на четирите села. Жителите од овие села се револтирани поради тоа што имаат чести прекини во електричното...

ЕВН: Најпроблематичните села во охридско-струшкиот регион добија струја

Во охридскиот и во струшкиот регион и најпроблематичните населени места добија електрична енергија, соопштија од ЕВН. „Во текот на ноќта, во саботата, и во раните утрински часови во неделата нормализирано е снабдувањето во Куратица, Ливоишта, Випала, Мали Влај, Томорос, струшко Лескоец, Коњско, Стење и целосно под напон е и селото Мислешево. Екипите на „ЕВН Македонија“ работат на санирање на дефектите кон...

Селата од охридско-струшкиот регион добија струја

Дистрибутивната мрежа оштетена од снежните наноси и од силниот ветер е санирана, инфомираат од ЕВН. Оттаму соопштија дека синоќа поголем дел од отсечените села во струшкиот, охридскиот и во ресенскиот регион добија електрична енергија. Нормализирано е снабдувањето во преспанските населени места Козјак, Горна и Долна Бела Црква, Езерани и колекторот во Езерани, Љубојно, Долно Дупени, Лева Река, Крушје, а се очекува...

На вевчанци конечно им „светна“!

По пет дена и ноќи поминати во мрак, меѓу кои и новогодишната, на вевчанци конечно им „светна“! ЕВН ги приклучи на редовен систем за снабдување со електрична енергија. - Задоволни сме и среќни што, ете, доживеавме да се порадуваме на електрична енергија во 21 век. Во Вевчани уште во 40-тите години на минатиот век имало електрично напојување. За ова време...

Протест пред наплатниот центар на ЕВН во Охрид

Неколку стотини жители од селата Ливоишта, Сирула, Вапила, Куратица, Расино, населени места во Охридско, кои веќе шести ден живеат без струја и без вода, денеска излегоа на протест пред наплатниот центар на ЕВН во Охрид. Од надлежните побараа проблемот што поскоро да се реши. Од „ЕВН Македонија“ информираат дека нивните екипи интензивно работаат на терен за да се создадат услови за...

Вевчанци Новата година ја дочекаа во мрак и со студ

Жителите на Вевчани, Новата година ја дочекаа во мрак, смрзнати и гневни на надлежните, кои со денови ги оставија без електрична енергија на температура од -10 Целзиусови степени. Тие бараат итно да им се реши проблемот бидејќи трпат големи штети, им се расипува белата техника, немаат телефони, секојдневно купуваат свеќи и батерии. Вевчанци најавуваат групна тужба против ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО,...

Барале кабли, пронашле човечки череп

Вчера, во 9.10 часот во Виница, вработен во „ЕВН - Македонија“ пријавил дека на 1 декември 2014 година, околу 14 часот, на улицата Браќа Миладинови, пред влезот на градскиот парк, лице вработено во фирмата која вршела ископ за поставување фундамент за столб за потребите на „ЕВН - Македонија“, пронашол човечки череп.  Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...