fbpx
Таг: евакуација

таг: евакуација

Продолжува гранатирањето на Мариупол, се одложува примирјето за евакуација

Примирјето што утринава го постигнаа Русија и Украина во договор од пет часовен прекин на воените дејствија во градовите Мариупол и Волновакха поради евакуација на цивилното население беше прекинато откако украинските власти ги обвинија руските трупи за искористување на состојбата во своја предност и промена на своите позиции. Градскиот совет на Мариупол објави дека евакуирањето се одложува поради нарушената безбедност...

Пет часовен прекин на нападите во Мариупол и Волноваха за да се евакуира цивилното население

Утрово, властите на Русија и Украина се договорија за привремен прекин на огнот во два града во јужниот дел на Украина, Мариупол и Волноваха, пренесува Би-би-си. Прекинот е со цел да се евакуира населението од овие градови и истиот започна денес во 09:00 часот. Додека ова се добри вести за жителите кои сакаат да си го напуштат живеалиштето, двата града...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ спинува дека МНР не прави ништо за да ги извлече македонските граѓани од Украина

Досега се извлечени 50 македонски граѓани откако почна руската инвазија врз Украина, од вкупно 100 колку што живеат на оваа територија. На 24 февруари, кога и официјално почнаа руските напади, министерот Бујар Османи упати апел до сите македонски граѓани да се обратат за помош во амбасадата, а потоа започна и нивната евакуација, наспроти тврдењата на Стефан Андоновски, секретар за...

Османи: Семејството со новорoденче од Харков е евакуирано во посебен безбедносен коридор

Семејството Спирковски, од градот Харков, кое беше во најтешка состојба, со новороденче кое има само неколку дена, во моментов е дел од посебен безбедносен коридор на повеќе од 100 километри од градот и е на пат да ја напушти Украина, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук. „Тие се на безбедно и се во добра состојба. Очекувам во...

Османи: Околу 50 државјани чекаат на евакуација од Украина

Од вкупно 100 мапирани граѓани во Украина, 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Притоа, од овие граѓани што чекаат евакуација не се сите наши државјани, и се очекува денеска поголем дел од нив да ги евакуираме, информираше на денешниот брифинг министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој рече дека од тие 50 државјани, 20 се...

МНР: Обезбеден транспорт на наши државјани во Одеса

Од Министерството за надворешни работи информираат дека во соработка со партнерски земји обезбедиле транспорт за евакуација на нашите државјани кои во моментот се наоѓаат во Одеса, Украина. „Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273...

Владата ќе одлучува за евакуација на нашите жители од Украина и ќе разгледува санкции кон Русија

Владата на Република Северна Македонија на денешната 17-та редовна седница ќе расправа за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ кон Русија и евакуација државјаните на Северна Македонија. „На оваа седница на разгледување и усвојување е Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Северна Македонија кон сите...

Украинска амбасада: Изминативе 24 часа се регистрирани 80 прекршувања на огнот

Во текот на изминатите 24 часа, на 20 февруари, Украина регистрирала 80 прекршувања на огнот, од кои 72 биле со употреба на оружје забрането со договорите од Минск, се наведува во соопштението на Украинската амбасада во Скопје, кои вината ја насочуваат кон вооружените формации на Руската Федерација што се наоѓаат на окупираните територии во Донецк и Луганск. „Како резултат на...

Британија и Германија ги повикаа граѓаните да ја напуштат Украина, Русија од Киев повлекува дипломати

Велика Британија и Германија ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина поради стравувањата од можна руска инвазија на земјата, јави германската новинска агенција ДПА. Покрај овие две големи европски земји, САД излегоа со истата препорака и за американските граѓани во Украина, а вакви повици упатија и балтичките земји, Холандија, Саудиска Арабија и други држави, вклучувајќи ја и Северна...

[ВИДЕО] Полициските „тигри“ со хеликоптер евакуираа изнемоштено лице од Галичник

Припадниците на специјалната единица на полицијата „Тигар“, во соработка со Хеликоптерската единица при МВР спасија изнемоштено лице од Галичник. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), по упатен повик до Центарот за управување со кризи (ЦУК) за евакуација на болно изнемоштено лице, жител на село Галичник, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и Хеликоптерската единица на МВР бргу се подготвиле и...

Заврши привремениот престој на 35 Авганистанци во земјава, Грција им обезбеди трајно прибежиште

Денеска за Грција заминаа 35 Авганистанци кои привремено престојуваа во земјава, откако беа евакуирани од Авганистан по преземањето на власта од страна на талибанците, соопшти Владата. Грција им обезбеди трајно прибежиште на овие луѓе. „Групата ја сочинуваат активисти за човекови права и женски права и членови на нивни семејства. Во изминатиот период нашата земја им обезбеди привремено засолниште како дел...

Вистиномер: Не е точна изјавата на Глен Бек дека САД побарале од македонските власти да не примаат бегалци од Авганистан

Тврдењето на коментаторот и водител од САД, Глен Бек, дека Стејт Депратментот на САД „и кажал на Македонија да прекине со примањето бегалци од Авганистан“ е недвосмислено демантирано од страна на властите во земјава. Подготовките за приемот продолжуваат, а политиката според која бегалците ќе бидат примени во земјава не е сменета и тие се очекуваат набрзо, пишува „Вистиномер“ во...

Над 100 загинати во нападите на аеродромот во Кабул, 13 од нив војници на САД

Повеќе од 100 луѓе, од кои 90 Авганистанци и најмалку 13 војници на САД, ги загубија животите во вчерашните бомбашки напади пред аеродромот во Кабул, главниот град на Авганистан, како и во неговата близина, кажуваат најновите податоци од утринава, известува Би-Би-Си. Една експлозија во толпата луѓе што чекаа шанса да бидат евакуирани со авион од аеродромот што го контролираат вооружените...

На аеродромот во Кабул и до 50 полетувања и слетувања за евакуација

Додека евакуацијата на аеродромот на Кабул продолжува, ситуацијата на, и околу аеродромот станува сè подраматична. Така, покрај илјадниците Авганистанци што чекаат евакуација стравувајќи од насилство и убиства од Талибанците, вчера и денеска некои клучни земји од Западот повикаа нивните државјани да не одат на аеродромот поради сигнали за можни терористички напади. Под координација на американската војска, повеќе од десетина земји...

Опасност од терористички напади – западните земји повикаа да не се оди на аеродромот во Кабул

Амбасадите на Германија, САД, Велика Британија и Австралија во главниот град на Авганистан ги повикаа претпладнево своите државјани да го избегнуваат по секоја цена аеродромот во Кабул, поради прилично сигурни дојави за ризик од терористички напади кај портите на аеродромот. Амбасадата на САД повика американските граѓани да не се приближуваат кон аеродромот во главниот авганистански град, поради зголемена опасност од...

Престрелка на аеродромот во Кабул, еден Авганистанец загинал

Во престрелка во која учествувале авганистанските безбедносни сили, но и германски и американски војници со непознати напаѓачи на аеродромот во Кабул, утрово е убиен еден авганистански војник, а тројца се ранети, пренесува „Дојче Веле“. Според информацијата која Бундесверот (германската војка) ја објави на Твитер, престрелката се случила од 4:13 часот по локално време на северната порта на аеродромот, а нема...

Талибанците влегуваат по домови и бараат соработници на НАТО и на досегашната влада на Авганистан

Според документ од Обединетите Нации, Талибанците во Авганистан ги засилиле своите потраги по луѓе што работеле за силите на НАТО и на доскорешната влада на Авганистан. Милитантите одат од врата на врата за да ги најдат луѓето од списоците и се закануваат на нивните семејства, пренесува Би-Би-Си. Од преземањето на контролата над земјата во неделата исламистичкото движење ги убедуваше Авганистанците...

МНР: Сите македонски државјани пријавени за евакуација го напуштија Кабул

Сите македнски државјани што беа пријавени за евакуација, веќе го имаат напуштено Кабул, главниот град на Авганистан и во моментов се наоѓаат на неколку локации, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР). Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон...

Владата апелира да не се шират дезинформации за „населување со Талибанци од Авганистан“

Во овој момент Владата на Република Северна Македонија има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните и миротворните мисии, активисти од организациите за човекови права, новинари, преведувачи, студенти, стипендисти, како и граѓани кои изминатите 20 години беа поддршка на НАТО сојузничките...

Османи: Шеесет наши државјани веќе се евакуирани од Авганистан

Педесетина граѓани на Северна Македонија во текот на ноќта и изутрината се префрлени од Кабул во Доха и во Абу Даби, а утрово уште 19 наши граѓани се превезени за Доха, Катар, а потоа со цивилни летови преку Катар и Лондон треба да се вратат во земјава. Како што соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи, во НАТО базата...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...