fbpx
Таг: енергија

таг: енергија

Индустриското производство лани повисоко за 5,4 проценти од 2017 година

Индустриското производство лани зголемено за 5,4 проценти во однос на 2017 година, информира Државен завод за статистика. Во декември пак, индустриското производство е зголемено за 7,9 проценти во однос на истиот месец 2017 година. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 4,6 проценти,...

Над половина од корисниците, со пониски или еднакви порамнителни сметки за парно

Најголем дел од потрошувачите (62 отсто) оваа година ќе добијат пониски или еднакви порамнителни сметки со авансните, покажуваат податоците на БЕГ – Снабдување со топлина. Но, од компанијата информираат дека висината на порамнителните сметки е различна за секој потрошувач и зависи од карактеристиките и енергетската ефикасност на објектот како и од измерената количина на испорачана топлинска енергија до самиот објект. „Иако...

РЕК Битола се обврза помалку да ја загадува животната средина

Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа и РЕК Битола потпишаа меморандум за соработка, со кој ќе ја промовираат одржливата употреба на природните ресурси и заштитата на животната средина. „РЕЦ и РЕК Битола со овој Меморандум за соработка се обврзуваат на заедничка посветеност, да ги намалат влијанијата од производствените капацитети врз животната средина и нејзина заштита, и...

Анѓушев: Ќе се гради далекувод до Албанија и гасовод до Грција

Добивме позитивни сигнали од меѓународните финансиски институции за поддршка во реализацијата на инфраструктурни проекти, рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој учествуваше на „Стратешкиот дијалог за Западен Балкан“, настан во организација на Светскиот економски форум и на „Виенскиот економски форум“, настани во рамките на Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се организира во Софија. Тој додаде дека средствата ќе бидат наменети за...

ЕБОР ќе ги финансира домаќинствата преку програмата за енергетска ефикасност

Секое едно евро инвестирано во енергетска ефикасност заштедува 2,2 евра во производството на електричната енергија, информираше денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на промоцијата на „Програмата за финансирање на зелената економија (GEFF) во Македонија“, која ќе се имплементира преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Анѓушев потенцираше дека станува збор за корисна програма и дека Владата ќе покаже висок...

Анѓушев учествува на самит за енергетска сигурност во Германија

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев е во службена посета на Германија, каде што учествува на четвртиот Самит за енергетска транзиција и дијалог за обновливи извори во енергетска сигурност, во организација на германската Влада. Вицепремиерот ќе има обраќање на денешната попладневна сесија „Придонес на обновливите извори во енеретската сигурност“, а ќе оствари и средби со министри за енергетика кои ќе...

Минимално зголемување на индустриското производство лани во однос на 2016 година

Индустриското производство лани, во однос на 2016 година е зголемено за 0,2 проценти објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во декември лани во однос на истиот месец во 2016 година, бележи пораст од 1,8 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1,5 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас,...

Индустриското производство со благ пораст во последната година

Индустриското производство во септември годинава, било малку зголемено во однос на септември 2016 година. Некои дејности во изминатата година имале позначителен пораст, додека некои забележале драстични падови. Пораст забележале секторот текстил и производството на машини и на уреди. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во септември 2017 година, во однос на септември претходната година, изнесува...

„ЕЛЕМ – Енергетика“ од утре ќе вклучи парно греење

ЕЛЕМ утре ќе почне со испорака на топлинска енергија за потрошувачите приклучени на мрежата на „ЕЛЕМ - Енергетика“. „Парно греење ќе добијат 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром“, се вели во соопштението на ЕЛЕМ. Од компанијата додаваат дека испораката почнува осум дена пред официјалниот почеток на грејната...

Пад на индустриското производство од 5,3 проценти во август во однос на лани

Индустриското производство во периодот јануари - август 2017 година, во однос на истиот период лани, бележи мал пад од 0,01 отсто, објави Државниот завод за статистика. Во август, тоа намалување изнесува 5,3 проценти во однос на истиот месец лани. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во август во однос на истиот месец лани бележи намалување од 6,1 отсто, во...

Инфлацијата нема да надмине 2 проценти, велат од Народна банка

Во текот на вториот квартал на годината, порастот на домашните цени очекувано забрза и достигна 1,2 отсто на годишна основа, наспроти 0,5 отсто во претходниот квартал, објави Народна банка. Од таму велат дека ова претставува мало надолно отстапување во однос на априлските проекции, што во најголема мера се должи на понискиот остварен годишен пораст на цените на енергијата од очекуваниот. „За цела 2017...

Триесетина компании понудиле решенија за изградба на ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“

По неколку неуспешни обиди да се најде концесионер за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“, генералниот директор на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски, верува дека овојпат се блиску до решение, бидејќи биле сменети условите и пристапот во распишувањето на тендерот. Имено, на сите потенцијални концесионери им била дадена слобода самите да предложат технички решенија за изградба. Како што информираше Мицкоски при посетата на ХЕЦ...

Саудиска Арабија ќе ги покрива потребите за струја од обновливи извори на енергија

Саудиска Арабија сака 10 проценти од своите потреби за електрична енергија да ги покрие од обновливи извори на енергија следните неколку години, во рамки на трансформацијата на својот енергетски сектор, најави министерот за енергетика Калед ал Фалих. Ал Фалих најави дека ќе бидат реализирани 30 проекти за следната деценија да се постигне целта, производство на 10 гигавати електрична енергија од обновливите...

Свилановиќ: РСС ќе придонесе регионот да биде просперитетен и стабилен

„Исклучително е важно да се осигури понатамошен напредок и продолжување со реформите во регионот, бидејќи тоа се неповратни процеси кои произлегуваат од тежнеењето на државите да пристапат кон Европската Унија. Регионалниот совет за соработка (РСС) ја продолжува блиската соработка со вас, за регионот да биде просперитетен и стабилен“, изјави генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка (РСС), Горан Свилановиќ, обраќајки се...

СДСМ: ЕЛЕМ го загрози Охридско Езеро, ќе има одговорност

Во денови на најмал дотек на вода во Охридско Eзеро, енергетската компанија АД ЕЛЕМ произвела струја повеќе од планираното токму преку двете хидроелектрани што користат вода од езерото, се вели во соопштението на СДСМ. - Документот се однесува на декември 2016 година и од него може да се види дека хидроелектраните Глобочица и Шпилје, коишто користат вода од Охридско Езеро,...

Франција собра седум милијарди евра со издавањето на зелени обврзници

Франција собра рекордни седум милијарди евра со издавањето на обврзници за финансирање на проекти во секторот на обновливи извори на енергија или т.н. зелени обврзници. Обврзниците им се продадени на банки, осигурителни куќи и други инвеститори со каматна стапка од 1,75 проценти и со рок на доспевање од 22 години. Полска беше првата земја што излезе на пазарот со зелени обврзници во декември...

ЕЛЕМ: Трошењето струја е зголемено за 30 проценти во однос на последните пет години

Поради екстремно ниската температура, регистрирана е 30 проценти поголема потрошувачка на електрична енергија во однос на истиот период за последните пет години, се вели во соопштение на АД ЕЛЕМ. -  Сите расположливи капацитети за производство на електрична енергија на АД ЕЛЕМ се ставени во погон. Дел од количествата се обезбедуваат на слободниот пазар во согласност со постојните правила и процедури усвоени од...

Компаниите ќе можат да користат финансии од ЕИБ за иновативни бизниси

Македонските компании ќе можат да ги искористат најновите финансиски инструменти за поддршка на иновативни бизниси на Европската инвестициона банка (ЕИБ), во делот на поддршка на мали и средни претпријатија (МСП), наменет за земјите од Западен Балкан. - Утврдени се и категоризирани неколку сегменти за финансирање банки и финансиски посредници, средни и големи иновативни бизниси, како и големи истражувачки и иновациски...

Во Тирана потпишан договор за изградба на далекувод помеѓу Албанија и Македонија

Албанската и германската влада денеска потпишале втор договор за изградба на 400-киловолтен далекувод кој ќе ги поврзува Албанија и Македонија, јави дописничката на „Мета“ од Тирана. Германската банка КФВ ќе финансира 50 милиони евра, а вкупно изградбата ќе чини 70 милиони евра. Должината на далекуводот од Елбасан до Битола ќе биде 151 километар, од кои 56 километри се на територијата на...

Индустриското производство зголемено за 5,4 проценти во однос на лани

Индустриското производство во првите девет месеци е зголемено за 5,4 проценти во однос на истиот период лани, објави Државен завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во септември годинава во однос на истиот месец лани, е зголемено за 0,3 проценти, во секторот преработувачка индустрија бележи зголемување од 4,7 проценти, а во секторот снабдување со електрична...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...