понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: енергетска транзиција | 24 резултати

За зелена транзиција, Битола бара инвестиции во индустриски зони, енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

септември 9, 2024

Општината Битола, една од двете најзасегнати општини во земјата од нечистото производство на енергија, подготвила пет конкретни проекти за зелена енергетска транзиција. Регионот во кој работи енергетскиот капацитет на јаглен РЕК Битола, е еден од приоритетните кој треба да добие средства за проекти преку Климатскиот фонд во кој за земјава има обезбедено 85 милиони долари. […]

Проект „Зелена генерација – училишта за климатска акција“: Соларните панели ќе ја зголемат финансиската одржливост на училиштата

јули 10, 2024

Поставувањето на соларни панели ќе ја зголеми финансиската одржливост и моќ на училиштата, а заштедите од струјата ќе им овозможат на учениците, училишните заедници и советите на родители да ги искажат своите потреби кои соодветно ќе може да бидат адресирани преку финансиските заштеди направени преку заштедена електрична енергија. Ова беше еден од заклучоците на завршната […]

Енергетската транзиција ќе нè ослободи од јагленот, загадениот воздух, но и од увозот на струја

февруари 16, 2024

Замена на јагленот со чиста енергија, особено од сонцето кое го имаме во изобилие е една од главните заложби кон кои цели земјава на полето на енергетиката. Транзицијата на секторот кој се смета за еден од најголемите загадувачи на воздухот и емитери на стакленички гасови е приоритет поставен во повеќе стратешки документи, со кои С. […]

Шорткат: Возможна ли е кај нас енергетска транзиција?

февруари 15, 2024

Замена на јагленот со чиста енергија, особено од сонцето кое го имаме во изобилие, е една од главните заложби кон кои цели земјава на полето на енергетиката. Во новата епизода на „Шорткат“ ќе зборуваме за транзицијата на секторот кој се смета за еден од најголемите загадувачи на воздухот и емитер на стакленички гасови. Информираме за […]

Со планот за праведна транзиција од јагленот прво ќе се ослободуваат Битола и Кичево

декември 15, 2023

Министерството за економија денеска ги презентираше клучните точки од нацрт Инвестицискиот план за праведна транзиција, кој е дел од Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција, што С. Македонија ја претстави на КОП28 и од која се очекува, со помош од меѓународни финансиски институции, да се мобилизираат до три милијарди евра, наменети за трансформирање на енергетскиот […]

Македонија ќе добие 85 милиони евра за декарбонизација на Конференцијата за климатски промени

ноември 23, 2023

Средства во висина од 85 милиони евра се веќе обезбедени за финансирање на процесите на енергетска транзиција во земјава за што се изработени и конкретни проекти, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција посветена на очекувањата на земјава во пресрет на претстојната 28 Конференција за климатски промени, што од 30 ноември до 12 […]

Престанете да сонувате за исфрлање на јагленот до 2030 година, вели германски министер

ноември 2, 2023

Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер ја стави под знак прашалник способноста на Германија за фазно исфрлање на јагленот како енергетски извор до 2030 година, цел којашто беше поставена во договорот на владејачката германска коалиција пред две години, пишува германската новинска агенција ДПА. „Сè додека не е јасно дека енергијата е достапна под пристапни услови, […]

Селото Белица е зелената оаза на кичевскиот крај загаден од јаглен [галерија]

август 11, 2023

Кичевското село Белица има сè што природата можела да подари – шуми, плодна почва, вода и чист воздух. Сместено под падините на Илинска планина, ова место е чиста оаза во кичевскиот крај, познат по децениската употреба на јаглен и загадувањето на животната средина. Белица последните години има петнаесетина постојани жители. Во летниот период, пак сликата […]

Земјава има огромен потенцијал за изградба на соларни и на ветерни централи на деградирано земјиште

јуни 4, 2023

Во Северна Македонија можат да се изградат соларни електрани со моќност од околу 10.000 мегавати и ветерни централи со моќност од 2.000 до 4.000 мегавати. Тие би биле позиционирани надвор од заштитени подрачја и од плодно земјоделско земјиште, во карпи и камењари, грмушести и тревести еко системи како и на деградирано рударско земјиште. Методологијата за […]

Ковачевски: Потребна е соработка на сите земји од регионот за да се постигнат целите на енергетската транзиција

ноември 3, 2022

Потребна е значителна соработка на земјите од целиот регион на Западен Балкан за да се постигнат целите за енергетска транзиција, а истовремено да се надминат предизвиците од енергетската криза. Ова го посочи премиерот Димитар Ковачевски на Сесија за енергетска стабилност и трансформација во рамки на Самитот за Берлинскиот процес, кој се одржува токму во Берлин, […]

Воведувањето данок на јаглерод за компаниите е предизвик, но и можност за енергетска транзиција

јуни 22, 2022

Претставници на компании, граѓански организации, академски и државни институции денеска разговараа за предизвикот за воведување на данокот на јаглерод. Кои се деловните можности и предизвици на енергетската транзиција, како и можните добри прилики и ефекти од оданочувањето на јаглеродот и потребата за подготовка на приватниот сектор за одговарање на обврските поврзани со климатските цели за […]

CEE Bankwatch Network и „Еко свест“: Само во Новаци шестмина умираат предвреме како последица од РЕК Битола

мај 3, 2022

Комплексот РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во Европа, а термоелектраната предизвикува до шест предвремени смртни случаи само во општината Новаци, открива новата анализа изработена од CEE Bankwatch Network. Во документот „Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Северна Македонија“ подготвена од CEE Bankwatch Network во соработка со „Еко-свест“ уште еднаш се […]

По критиките од екологистите, од ЕСМ велат дека ќе градат четири сончеви електрани во РЕК Битола

април 11, 2022

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) денеска информираше дека подготвува изградба на четири фотонапонски електрани со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати во РЕК Битола. Сепак, за искористување на сонцето како обновлива енергија засега се обезбедени средства единствено за изработка на проектната документација. „Првата електрана од 20MW ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, […]

Нуредини: До крајот на годинава ќе биде донесен Законот за климатска акција

септември 14, 2021

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во денешното обраќање на „Македонски енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина“ (МЕФ) изјави дека до крајот на годинава ќе биде донесен Законот за климатска акција. Овој потег ќе следи по неодамнешното усвојување на Долгорочната стратегија за климатска акција. Нуредини укажа и на мошне амбициозниот Национален […]

За забрзување на енергетската транзиција, земјава ќе аплицира до Климатскиот инвестициски фонд

август 25, 2021

Владата на вчерашната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со можноста за аплицирање за Климатскиот инвестициски фонд, и го задолжи Министерството за економија во нејзино име да ја пополни апликацијата за изразување на интерес за учество во Програмата за Интеграција на обновливи извори на енергија и за учество во Програмата за забрзување […]

Бугарија планира да ги затвори рудниците на јаглен до средината на 2025 година

август 5, 2021

Преодната влада во Бугарија го изготви Националниот план за опоравување и отпорност, којшто предвидува затворање на рудниците за јаглен во земјата до средината на 2025 година, објавува Капитал.бг во својата опсежна анализа од областа на енергетиката. Овој документ всушност ја предодредува одлуката за прекинување на користењето на јагленот како енергенс во производството на енергија. За […]

ЕСМ: Северна Македонија прва земја од Западен Балкан што се обврза за напуштање на јагленот до 2030

јули 2, 2021

Северна Македонија стана член на PPCA Алијансата (Powering Past Coal Alliance) за време на Лондонската недела за климатски акции. Заедно со Шпанија, до 2030 година, земјава се обврза да го напушти производството на електрична енергија од јаглен, соопштуваат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). „Одлуката на Северна Македонија да се придружи на клубот европски земји […]

На 23 и 24 јуни состанок на иницијативата за напуштање на употребата на јагленот во Западен Балкан и во Украина

јуни 15, 2021

„Иницијативата за регионите со јаглен кои се во транзиција во Западен Балкан и во Украина“ на Европската комисија, најавува дека на 23 и 24 јуни годинава ќе одржи онлајн годишен состанок, со цел да се поддржи отворен и повеќестран дијалог за постепено напуштање на употребата на јагленот и за правична транзиција кон одржливи извори на […]

Македонски енергетски форум: Енергетската иднина е во транзицијата кон чистите извори на енергија

ноември 24, 2020

Развојот и инвестициите во енергетскиот сектор остануваат приоритет на Владата на РСМ која во последните три години својата енергетска политика ја насочи кон исполнувањето на целите на ЕУ и кон патот на енергетската транзиција. А, еден од клучните предизвици во иднина секако ќе биде одржувањето на стабилноста на електроенергетскиот систем и производство на поголеми количини […]

Гасификацијата е пропадната инвестиција, соларната енергија ви е трипати поевтина од нуклеарката во Белене

декември 3, 2019

Дали енергетската иднина Македонија треба да ја темели на гасификацијата како што форсирааат политичарите или транзицијата треба да биде насочена кон други извори на енергија, разговаравме со професорот д-р Невен Дуиќ од Загрепскиот универзитет, експерт по енергетски системи и обновливи извори кој деновиве престојуваше во Скопје. Иако Македонија не планира нови термоцентрали, таа засега се […]

Страна 1 од 1