fbpx
Таг: енергетска криза

таг: енергетска криза

Јагленот не е решение за енергетската криза, туку инвестициите во обновливи извори

Државата не се справува со енергетската криза на правилен начин, а враќањето на јагленот и маутот за производство на енергија ќе остават големи последици на животната средина и здравјето на луѓето. Од граѓанската организација „Еко свест“ денеска апелираа земјава да почне сериозно да инвестира во обновливи извори на енергија, со што ќе ги испочитува меѓународните обврски кои ги преземала,...

ТЕЦ „Неготино“ се ремонтира, ќе биде приклучен на мрежа на почеток на декември

Во ТЕЦ „Неготино“ завршуваат сервисните и ремонтните активности и електраната се подготвува за враќање на мрежа на почетокот на декември, информираат од АД ЕСМ. „Проверките и санирањата ги изведуваат вработени во термоелектраната, домашни стручни лица и стручен тим од Украина, односно од производителот на опремата вградена при изградбата на термоелектричната централа“, се наведува во соопштението на АД ЕСМ. Тие додаваат дека...

Сите штедат струја, Железница и Арачиново трошат неконтролирано

Македонски Железници-Транспорт и Општина Арачиново во октомври годинава се натпреварувале кој ќе потроши повеќе струја во однос на истиот месец лани. Железница минатиот месец потрошила за 760 отсто повеќе струја во однос на октомври 2021 година, додека Општина Арачиново за една година ја зголемила потрошувачката за дури 474 отсто во споредба со десеттиот месец лани, објави денеска министерот за економија...

Акумулациите полупразни со вода, хидроелектраните произведуваат струја помалку од нивниот капацитет

Вештачките акумулации низ земјава се полупразни со вода, а нивниот водостој е под повеќегодишниот просек за овој период од годината поради што и производството на електрична енергија од хидроелектраните во сопственост на АД ЕСМ е помало од нивниот вкупно инсталиран капацитет. Производството на струја од домашните хидроелектрани во услови на енергетска криза ќе биде значајно во претстојниот период, кога...

Деновиве ќе поевтинат месото и млечните продукти, поевтина ќе биде и струјата за месната индустрија

Министерот за економија Крешник Бектеши прогнозира дека деновиве ќе поевтинат цените на месото, млекото и млечните производи од 5 до 12 отсто, а до крајот на годината, ќе има и други намалувања на цените. Како што тој вели, веќе се стабилизирани цените на суровините за маслото за јадење, како и на пченицата и на пченката, така што се очекува...

Доаѓаат постудени денови, да вложиме максимални напори во штедење на струја

Струја ќе има за сите во текот на зимата, но граѓаните и институциите ќе мора да вложат максимални напори во нејзиното штедење. Доаѓаат постудени денови, а состојбата во Европа е комплексна, така што треба сите заедно да штедиме и рационално да се однесуваме со струја. Ова на денешната прес-конференција го изјави владиниот соработник за енергетика, Виктор Андонов. Тој упати апел...

Воздухот зимава ќе биде отровен, надлежните да преземат мерки, а не да апелираат, бараат екологистите

На најсиромашните да им се обезбедат доволни количини евтино и сертифицирано дрво, да се исчистат оџаците, да се намали цената на струјата, да се затворат градилиштата...Граѓанските организации од земјава предлагаат конкретни мерки за институциите кои треба да помогнат во подобрување на квалитетот на воздухот во земјава. Почетокот на грејната сезона традиционално е периодот кога сите повторно стануваме свесни во...

Газпром извезува помалку, заработува повеќе, но тоа не може да трае

Извозот на рускиот гас бележи значителен пад во Европа и таквиот пад само ќе се зголеми уште повеќе идната година како резултат на онеспособувањето на Северен тек 1 и 2, како и одлуката на Путин да води енергетска војна со Западот. Газпром годинава заработи куп пари заради високите цени на гасот. Европа можеби ја чекаат една или две тешки...

Бектеши: Eлектраната ТЕ-ТО ќе почне да работи на 1 ноември

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска изјави дека од 1 ноември ќе започне со работа когенеративната електрана ТЕ-ТО во Скопје, која ќе произведува електрична и топлинска енергија. Тој додаде дека граѓаните не треба да се грижат, односно дека топлинска енергија за скопските потрошувачи во претстојнава грејна сезона ќе има. Она што засега останува нејасно е што предвидува договорот меѓу ТЕ-ТО...

Фон дер Лајен: Ќе се исполни сонот на младите Северна Македонија да биде членка на ЕУ

Кратка посета, но со конкретна агенда и помош од Европската Унија за земјава. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во македонскиот главен град дојде и со конкретна порака до македонските граѓани - заедно ќе ја пребродиме актуелната енергетска криза, со која се соочува целиот европски континент. Одговарајќи на новинарско прашање во однос на барањето за вметнување на Бугарите...

Владата со апел: Секој заштеден киловат-час струја во наредниот период е важен

Владата денеска ја повтори препораката дека сите субјекти во земјава, без исклучок, треба да штедат електрична енергија за да се зачува стабилноста на енергетскиот систем. Владиниот советник за енергетика, Виктор Андонов на денешната прес-конференција порача дека сега е време за солидарност и соработка, додавајќи дека Владата на РСМ започнува со процесот на редовно информирање на јавноста за прашањата од економско-енергетската...

Нема да продолжи летното сметање на времето, одлучи Владата

Во сметањето на времето промени нема да има, па така, граѓаните овој викенд во ноќта меѓу 29 и 30 откомври ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците за еден час наназад. Имаше можност да се задржи летното сметање на времето, но сепак тоа нема да се случи. Откако Министерството за економија направило анализа, Владата денеска одлучила да не продолжи...

Јетон Шаќири: Нема подобра алтернатива од наставата со физичко присуство

Нема подобра алтернатива од наставата со физичко присуство, вели министерот за образование и наука, Јетон Шаќири во интервју за Новинската агенција Мета.мк, коментирајќи ги неофицијалните најави дека зимава е можно да се врати онлајн учењето поради енергетската криза. Но, како што додава тој, за да се одржи наставата со физичко присуство потребно е, покрај МОН, и училиштата и општините...

АНАЛИЗА: ЈСП вози сè помалку патници, а има енормно зголемени расходи [инфографик]

Протестот на вработените од ЈСП-Скопје и вчерашниот сообраќаен хаос во главниот град е уште еден индикатор за алармантната состојба во која се наоѓа скопскиот јавен превоз. Енергетската криза со енормното зголемување на цените на нафтата и метанот, заедно со силното намалување на бројот на превезени патници со ковид-19 пандемијата, доведува до уште поитна потреба од капитални инвестиции во јавниот...

Некои тераат шеги, други не ги почитуваат мерките за штедење енергија во услови на криза

Перење алишта и садови на евтина струја, исклучување на компјутерот ако не работите на него, ладилникот да не се вклучува на најниска температура, а топла вода во бојлерот да се грее колку што е потребна и на евтина струја. Ова се само дел од 29-те препораки за штедење на струја за домаќинствата, коишто ги објави Владата на 16 август...

Како да штедиме струја? Погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Тешката зима поради енергетската криза и мерките за штедење на електрична енергија се главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. За тоа како да се прилагодат и однесуваат младите, но и институциите, погледнете во новите вести за млади. Покрај ова, во 57-мата епизода информираме за новата Национална стратегија за млади и за критиките на ЕУ кога станува збор за родовата...

Институциите штеделе струја во септември, но не сите потрошиле 15 отсто помалку

Државните институции заштедиле вкупно 20 отсто електрична енергија во текот на септември годинава во однос на лани. Сепак, не секаде кај државните институции, јавните претпријатија и општините е разбрана сериозно потребата да се штеди струја и планот „Заштеда на струја за безбедна зима“, за која Владата уште во август вети дека ќе има санкции за органот кој ја раководи...

Руски гас преку бугарски гасовод – засега најопиплива опција за млаки радијатори

Засега, Владата нема сигурна алтернатива за набавка на гас за затоплување на домовите преку централно парно греење, освен набавка на природен гас од руската државна компанија „Газпром“ преку гасоводот кој доаѓа од Бугарија до Куманово. Судејќи според крајот на минатата грејна сезона, а имајќи ја предвид непредвидливоста на руската енергетска политика, ниту таа опција не е сигурна. Како што информираат...

РЕК „Битола“ од синоќа почна да работи со два блока

РЕК „Битола“ двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блокот 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава, информираат од владината прес-служба. Од Владата информираат дека во РЕК „Битола“ во моментов се во функција два од трите блока, откако беше завршен ремонтот на Блок 1 после 23 дена, во рекордно краток рок. Блок 1...

Скопјани ќе добијат парно греење од утре, ќе се греат на максимални 21 степен

Централното парно греење во Скопје ќе започне со работа од утре (15 октомври) според сите критериуми и услови за загревање на просториите како и во минатите години. Домовите и работните простории ќе се загреваат на максимални 21 степен. За ова денеска информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски. Од РКЕ информираат дека ги издале трите лиценци на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...