fbpx
Таг: ЕНЕР

таг: ЕНЕР

Нема ниту еден коментар, а нацрт-законот за попис уште само денеска е на ЕНЕР

Уште само денеска јавноста може да даде предлози, сугестии или забелешки на нацрт-законот за попис на населението, кој во моментов е објавен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) пишува „Порталб.мк“. Иако имаше бројни реакции на овој нацрт-закон, сепак, иако поминаа 18 дена од почетокот на јавната дебата, никој нема поднесено забелешки до ЕНЕР, односно сè уште нема ниту еден коментар. -...

Коморите реагираат: Данокот на личен доход влезе во Собрание пред истекот на рокот за забелешки

Предлог-законот за данок на личен доход влезе во собраниска процедура пред истекот на рокот за забелешки на ЕНЕР (Единствен национален електронски регистар на прописи), реагираат од Стопанска комора на Македонија, Стопанската комора на северо-западна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ и Сојуз на стопански комори, како дел од Проектот на УСАИД, „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. „Бизнис-заедницата...

Министерство за правда ги одложи измените на Законот за референдум

Министерството за правда вчера го објави предлог-законот за референдум на Единствен национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР), а денеска го повлече, откако медиумите почнаа да објавуваат дека не се предвидува јавна расправа и беше поставен многу краток рок - до крајот на месецот. Попладнево Министерството за правда соопшти дека со решението што беше објавено „не се менувале...

МИОА следната година ќе ја реформира администрацијата преку електронски проекти

Очекувам новата стратегија за реформа на јавната администрација да биде испратена до Владата пред крајот на оваа година, рече министерот Дамјан Манчевски на денешната презентација на буџетот за 2018 година на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). Тој  вели дека реформата на администрацијата следната година ќе се насочи главно кон дигитализацијата на администрацијата, преку неколку проекти, на кои ќе...

Спасовски нема да ги потпише законите ако не гарантираат заштита од прислушување

Прво да заврши увидот и стручната јавност и граѓаните да го дадат своето мислење, а потоа законот за новата агенција за прислушување (Оперативно-техничка агенција - ОТА) и новиот закон за следење на комуниакциите ќе одат на усовјување во Владата и во Собранието. Ова на денешната прес-конференција го изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање кога очекува...

Психолошкиот тест отпаѓа како услов за јавните службеници и функционери

Со голем број предлог-закони за измена на постојните, власта се подготвува за исфрлање на психолошкиот тест и на тестот за интегритет како услови за вработување раководни лица и службеници во јавната администрација и во јавните установи, се гледа при прелистувањето на Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР). Истовремено, во сертификатите за познавање англиски јазик, потребни за вработување...

Рокот за дебата за прописите на ЕНЕР ќе се зголеми за 20 дена

Владата на последната седница одлучи рокот за консултации за прописите објавени на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР) пред нивното донесување се зголеми од 10 на 20 дена,министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. - Со оваа одлука на Владата се придонесува за поголема транспарентност, отвореност, навременост и одговорност при подготовката на предлог-законите од страна на Владата. Зголемувањето на рокот...

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...