fbpx
Таг: емисии на стакленички гасови

таг: емисии на стакленички гасови

5 ноември – Ден посветен на младите на Конференцијата за климатски промени (КОП 26)

Денешниот ден (5 ноември) е посветен на младите во рамки на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), кој се одвива во Глазгов, Обединетото Кралство. Мила Јовановска, претседателка на Здружението Гоу Грин, вели дека младите се директно засегнати од климатската криза. Тие најмалку придонеле, но сепак директно ќе ги чувствуваат најлошите последици во наредните години. Затоа е многу важно...

КОП26: Над 40 земји се заложија да запрат со производство на струја од јаглен, но има и несогласувања

На Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП26) во Глазгов повеќе од 40 земји од светот се согласија на постепен прекин на производството на електрична енергија од јаглен. Поголемите економии ќе треба да го направат ваквиот прекин во текот на следната деценија, додека помалите земји имаат обврска да престанат со производството во 2040-тите години, пишува Гардијан. Договорот посредуван од Обединетото...

Започна COP 26, светските лидери пред одлука: Ќе ја спасиме ли планетата од глобалното затоплување?

Уште една шанса, можеби последната, за спас на планетата и човештвото. Станува збор за Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26), во чии рамки денеска и утре се одржува лидерскиот самит во Глазгов на којшто се собраа над 200 светски лидери. Тие треба да ги потврдат целите да се ограничи глобалното затоплување на 1,5 Целзиусови степени во светот...

Грета Тунберг со апел до медиумите и граѓаните: Човештвото не успева да ја сопре климатската криза

Младинските активисти предводени од Грета Тунберг преку Avaaz.org испратија апел до граѓаните ширум светот пред одржувањето на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) во Глазгов. Човештвото не успева да ја сопре климатската криза, е критиката од Грета, која ја упати до владите ширум светот заедно со Ванеса Накате од Уганда, Доминика Ласота од Полска и Мици Тан...

Самит на Г-20: Лидерите ветија акција за климатските промени, но преземаа мали обврски

Лидерите на групата Г-20, составена од дваесетте најголеми економии во светот, се согласија околу изјавата во која се повика на значајна и ефективна акција за ограничување на глобалното затоплување, но понудија недоволно конкретни заложби и ги разочараа климатските активисти, пишуваат светските новински агенции. Во коминикето, официјалната изјава објавена од лидерите на крајот од самитот кој се одржа во Рим, недостасува...

Папата со порака пред почетокот на КОП 26, лидерите на Г-20 бараат итни мерки против климатските промени

На два дена пред почетокот на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска ги повика светските лидери на самитот во Глазгов да донесат итни и ефикасни одговори за еколошката криза, јавуваат светските медиуми. Тој предупреди дека климатските промени се досега невидена закана врз заедничкиот дом на сите луѓе. Папата денеска го прими...

Фармите на млечните и месните гиганти низ светот без јасен придонес кон климатската акција

Во пресрет на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), британскиот весник Гардијан во новообјавен текст појаснува дека големите корпорации кои имаат животински фарми низ целиот свет се незауздан производител на метан во атмосферата, односно влијаат негативно врз климатските промени. За разлика од контролата на емисиите на стакленички гасови кај индустриските капацитети, енергетиката, транспортот или управувањето со отпадот, Гардијан...

Љубљана за Форбс е најзелениот европски град, 70 отсто од отпадот се селектира и има бесплатни велосипеди

Списанието Форбс направи рангирање на 20-те европски градови кои се најдобри зелени престолнини за 2022 година. Како и во изминатиов период, словенечкиот главен град Љубљана се наоѓа на врвот од оваа европска листа, поради серија на позитивни зафати кои придонесуваат за зачувување на животната средина. Иако е еден од најмалите европски престолнини, Љубљана има над 200 километри велосипедски патеки, кои...

Гардијан: Сиромашните земји ќе добиваат финансии од фонд за климатска акција

План за формирање на финансиски фонд за климатска акција е потребен за да се добие поддршка од земјите во развој за постигнување на било каков договор на претстојната Конференција за климатски промени на ОН (КОП 26), пишува Гардијан. Ваквите финансии треба да им помогнат на најсиромашните земји во светот да се справат со предизвиците за намалување на емисиите на стакленички...

Ковидот лани ја намали потрошувачката на дизел кај возилата, потребата од мерки против нечистиот воздух останува [инфографик]

Заедно со заладувањето на времето и порастот на деновите со загаден воздух во македонските градови, повторно се отвора прашањето за изворите на емисии на штетни гасови кои го создаваат овој проблем. И најновите податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека патниот сообраќај е најголем консумент на нафтените деривати во земјава, особено на дизелот, при што само за деценија...

Климатските промени и транспортот, главна тема во најновата епизода на „Шорткат“

Вечерва во 19 часот на Јутуб, Фејсбук и Инстаграм ќе се емитува осмата епизода на емисијата за млади „Шорткат“. Главната тема во неа ќе бидат климатските промени и зголемените емисии на стакленички гасови од транспортот во земјава, кои се последица на растечкиот број на возила кои сообраќаат по улиците. Во денешната емисија има новости и за иницијативата „Слушни ме“ на...

Обединетото Кралство ќе инвестира 90 милијарди фунти до 2030 година во борбата против климатските промени

Владата на Обединетото Кралство во вторникот ја обелодени историската стратегија за нулта емисии на штетни гасови, која утврдува дека Обединетото Кралство ќе обезбеди 440.000 добро платени работни места и инвестиции од 90 милијарди фунти до 2030 година. Ова ќе биде нејзиниот придонес кон постигнувањето нулта емисии до 2050 година, а којшто е исполнет со мерки за транзиција кон зелена...

За зелениот фонд против аерозагадување и климатски промени земјава бара средства од Обединетите нации

Зелениот фонд за борба против аерозагадување и климатските промени ќе се операционализира преку средства што земјава ќе ги добие од глобалниот Заеднички фонд за Целите за одржлив развој при Обединетите нации. Владата на денешната седница ја усвои информацијата за доставување на предлог-проектот до ОН и го задолжи вицепремиерот Фатмир Битиќи да достави до Канцеларијата на Постојниот координатор на ОН...

Еколошката такса за горивата „заглави“ во Собрание, бројот на дизел возила зголемен за 160.000 за 8 години [инфографик]

Иако беше ветувана дека ќе стартува од 1 јули, еколошката такса за горивата не профункционира до денешен ден, а нема најава дека дополнителното поскапување на горивата ќе се случи во наредниот период. Планирано беше еколошката такса да се воведе за нафтата, бензините и сите останати нафтени деривати. Ова би ги стимулирало граѓаните да вградат плински уреди во возилата, како...

Во борба против климатските промени, во Париз ќе се засадат 170.000 нови дрвја

Аерозагадувањето е еден од проблемите со кои се соочува Париз сиот изминат период, што ги натера тамошните општински власти на одлучен потег. До 2026 година ќе бидат засадени 170.000 нови дрвја низ Париз, јавуваат светските медиуми. Локалната самоуправа планира да засади нови дрвја на секоја можна локација каде што има простор за оваа намена, почнувајќи од постојните паркови, плоштади и...

Дипломатите во последен обид да ги донесат светските лидери на Конференцијата за климатски промени

Велика Британија, САД и ЕУ вложуваат огромни напори преку својата климатска дипломатија за да ги донесат сите светски лидери на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации КОП 26, кој ќе започне во Глазгов на 31 октомври, пренесува Гардијан. Станува збор за лидерите на Кина, Индија, Индонезија, Саудиска Арабија, Бразил, Русија и Мексико, кои досега не излегоа со нови ветувања...

За „зелено“ затоплување и транспорт, Австрија за граѓаните воведува еколошки данок и бонуси

Од 1 јули 2022 година граѓаните на Австрија ќе добијат реформиран даночен систем, којшто ќе зависи од емисиите на јаглерод диоксид што ги испуштаат самите поединци. Секој граѓанин ќе биде оданочен со 30 евра по создаден еден тон на јаглерод диоксид испуштен во атмосферата, којшто во 2025 година ќе се искачи на 55 евра по испуштен тон од овие...

Климатските активисти бараат одговорност: Болсонаро почна сеопшт напад врз Амазонија

Група правници-климатски активисти побараа од Меѓународниот кривичен суд (МКС) да го испита бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за неговите наводни напади врз Амазон, за кои велат дека претставуваат „злосторства против човештвото“, објави денес Си-Ен-Ен. Австрискиот застапник за еколошка правда Олрајс утрово поднел официјална жалба до судот во Хаг. Поднесена е тужба против Болсонаро и неговата администрација за дејствија „директно поврзани со...

Пред Самитот во Глазгов, здравствените организации потсетија на придобивките од климатските активности

Светските лидери, кои ќе се соберат на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации COP 26 во Глазгов, добија отворено писмо од над 400 меѓународни здравствени организации и експерти, јавува Гардијан. Тие ги повикуваат политичарите да ги земат во предвид здравствените придобивки од климатските активности пред одржувањето на COP 26, кој е предвидено да започне на 31 октомври. „Знаеме дека...

Забраната за увоз на половни возила под ЕУРО 5 стандарди се одложува за 2022 година

Ветувањето на министерот за економија Крешник Бектеши од јануари дека Македонија годинава ќе го забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандарди на емисија на издувни гасови сепак нема да се оствари. Наместо годинава, најновите информации од Министерството за економија се дека забраната за увоз на возилата постари од 10 години би се вовела во 2022 година. „Во...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...