fbpx
Таг: електрична енергија

таг: електрична енергија

Намалениот ДДВ за струја стапи во сила, но сметките за јули ќе бидат повисоки за 12,3 отсто

Законските измени за намалување на ДДВ-то на електричната енергија од 18 на 5 проценти стапи на сила. Во Службен весник се објавени усвоените измени на Законот за ДДВ кои пратениците ги изгласаа во петокот. Ова значи дека граѓаните за потрошена електрична енергија отсега ќе плаќаат намален ДДВ на 5 проценти, одлука што ќе важи до 1 јули 2022 година....

Еден загинат на протестите во Куба, властите за првпат преземаат дел од одговорноста за кризата

Едно лице загина на антивладините протести во Куба, додека повеќе од 100 лица се уапсени во протестите кои почнаа во неделата и досега прераснаа во најголеми демонстрации во изминативе децении во комунистичката земја, јавува Гласот на Америка на македонски јазик.  Протестите започнаа поради недостатокот на храна, високите цени, проблемите со напојувањето на електричната енергија и начинот на кој кубанските власти...

ЕСМ понуди пониска цена на тендерот на ЕВН Хоум што може да влијае на крајната цена на струјата

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) на тендерот за набавка на струја што го објави универзалниот снабдувач, ЕВН Хоум, понудиле најниска цена од 36,1 евро за мегават-час (мгвч.). Оваа набавка на електрична енергија е за наредните шест месеци. Сега понудената цена на ЕСМ е пониска од ланската за 2,7 отсто, која изнесуваше 38,8 евра за мегават-час. Останува да се...

Од први јули зелена агенда преку еколошка такса од 3,5 денари по литар за сите горива

Премиерот Зоран Заев денеска соопшти дека од 1 јули годинава ќе се воведе еколошка такса со која за 3,5 денари ќе поскапат сите горива во земјава. Ќе поскапи нафтата, бензините, дизелот и сите останати нафтени деривати, при што олеснување за граѓаните ќе биде намалувањето на ДДВ-то на електричната енергија од 18 на 5 отсто. „Согласно обврските што ги имаме кон...

Субвенции за електрична енергија не им се потребни само на социјалните корисници, туку и на оние со ниски приходи

Листата на корисници на субвенции од државата за покривање на дел од трошоците за електрична енергија, потребно е да се прошири и во неа да бидат вклучени и семејства со ниски приходи, со само еден вработен, невработените лица и стечајците. Сега ова право на месечна поддршка од 1.000 денари го остваруваат единствено околу 30.000 лица во државава кои примаат...

Договор МЕПСО-КОСТТ: Македонија и Косово директно меѓусебно ќе тргуваат со струја

мепско-костт договор
МЕПСО (Македонскиот електропреносен систем оператор) и косовскиот електропреносен систем, КОСТТ, денеска склучија оперативен договор за организирање аукции за закуп на расположливи преносни капацитети, со што се создадоа услови за директно тргување со електрична енергија меѓу двете земји. Договорот го склучија м-р Куштрим Рамадани, генералниот директор на МЕПСО и Мустафа Хасани, генералниот директор на КОСТТ, а денеска беше реализирана и првата...

Владата ќе ја разгледа препораката на ЕЕЗ за намалување на ДДВ-то на струјата

Премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со помошникот државен секретар за енергетика и ресурси на САД, Франсис Фенон рече дека намалувањето на ДДВ-то на цената на струјата од 18 на пет проценти Владата ќе го разгледа, за да се види каков ќе биде импактот врз економијата. „Сè што е добро за граѓаните е прифатливо. Но треба да пресметаме што тоа...

Над 30.000 лица бараат по 1.000 денари помош од државата за трошоци за енергија

Растат списоците со енергетски сиромашни граѓани во државава кои немаат средства за да ги платат трошоците за енергетските услуги, како греење, осветлување, користење на електрични апарати или затоплување на домот, проблеми со кои се дефинира поимот - енергетска сиромаштија. Паричната помош што од државата ја добива оваа група на граѓани е 1.000 денари за домаќинство. Пред 4 години оваа сума...

На островот Вис пуштена во работа најголемата соларна електрана во Хрватска

Хрватското електростопанство (ХЕП) ја пушти во работа сончевата електрана на островот Вис, најголема во земјата и вредна 4,1 милион евра. Електраната е прва по ред од седумте соларни електрани кои ХЕП планира да ги пушти во перидот од 2019-2023 година, во рамките на циклусот планиран за нивна изградба, кој е во вкупна вредност од 99,4 милиони евра. Со изградба на...

Заев: Поскапувањето на струјата е на барање на ЕСМ и МЕПСО, а како последица на пандемијата и неповолната состојба со хидроакумулациите

По средбата со Али Ахмети, претседателот на ДУИ, вчера, во која се договараше составот за нова влада, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање, рече оти не се согласува со барањата за разрешување на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ), која донесе одлука да се покачи цената на струјата. – Јас ги видов сите аргументи и...

Од малите хидроцентрали на Шара нема никаква корист освен профит за сопствениците

Да запре планирањето и изградбата на мали хидроцентрали и издавањето на концесии за Шар планина, апелираат еколошките организации во земјава. Овие енергетски објекти даваат минимален придонес во вкупниот енергетски биланс на земјата, но прават огромна штета на потенцијалот на реките, кој зафатен од климатските промени, сè помалку ги задоволува потребите за вода на локалното население и живиот свет во...

СКСЗM: Згoлемувањето на цената на струјата ги оптоварува бизнисите и граѓаните

Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗM) проценува дека зголемувањето на цената на електричната енергија за 7,42 отсто претставува потешкотија за деловните субјекти и за граѓаните и затоа оваа одлука треба да се укине, информира Порталб.мк. „Цениме дека, зголемувањето на цената на струјата, во овој период на криза, претставува дополнителна потешкотија за деловните субјекти и за граѓаните. Ова зголемување потенцијално може...

Обединетото Кралство прва меѓу десетте земји со најголеми ветерни електрани на море

Употребата на енергијата од ветерот добива сѐ позначајна улога во „зелената“ економска обнова во светот. Последниот извештај на енергетскиот портал "Renewable UK" открива дека Обединетото Кралство го задржа водечкото место во светот во употребата на енергијата на ветерот на море. Во последните 12 месеци, бројот на таквите проекти без разлика дали станува збор за тие кои веќе произведуваат струја или...

Покрај млеко и сирење, македонските бачила ќе произведуваат и струја

Македонските бачила во иднина ќе произведуваат електрична енергија за да ги задоволат своите потреби. Со средства од Програмата за рурален развој за 2019 година, набавени се 50 фотоволтаични панели и истите се распределени на бачилата во Битола, Штип, Радовиш, Македонски Брод, Дебар, Кавадарци, Гостивар, Свети Николе, Кичево и Велес. Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со...

Скопје и владата се подготвени за објавување на повикот за субвенционирање на инвертерите

Градските власти и владата ги прават последните подготовки пред распишувањето на повикот за доделување на субвенции за набавка на инвертер клима уреди од домаќинствата во главниот град. Советот на град Скопје на денешната седница ги усвои предложените измени и дополнувања на годинешниов буџет, со што во него се вклучија префрлените средства од владата за планираните субвенции. „Во основниот буџет на...

Инсталирани фотоволтаични системи на 108 јавни објекти низ земјава

На училишта, градинки, спортски сали, општински згради, домови на културата и други јавни објекти во 36 општини низ земјава беа инсталирани фотоволтаични централи кои годишно ќе штедат по околу 190.000 евра на сметки за електрична енергија. Во соработка со Европската Унија и Светската банка, македонската влада во изминатиов период постави опрема за производство на електрична енергија од сонцето на...

Просечната нето-плата во август изнесувала 25.127 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2019 година изнесува ла 25.127 денари, а бруто-платата 37.322 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната нето-плата во август се зголемила за 3,8 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Дејности на здравствена и социјална заштита...

Македонија сака да учествува во изградбата на нуклеарката „Белене“ во Бугарија

Државната компанија ЕСМ испратила писмо за намери за учество во проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа „Белене“. Информацијата денеска ја изнесе бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова, а новинската агенција МИА преку изјава од македонската влада ја потврди ваквата вест. Како што јавуваат бугарските медиуми, македонското ЕСМ е едно од 13 - те компании што се пријавиле на повикот...

Тендерот за изградба на фотоволтаици во РЕК Осломеј е објавен на 26 март и ќе трае до 10 мај

Тендерот за изградба на фотоволтачни централи во РЕК Осломеј е објавен на 26 март и ќе трае до 10 мај, извести денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Оттука сите заинтересирани компании ќе може да аплицираат за изградба на првата фотоволтаична централа која ќе се гради на поранешниот искористен рудник за јаглен. „Процедурата ќе биде транспарентна согласно условите на ЕБОР. Компаниите...

За универзален снабдувач со струја конкурираа ЕВН и ЕЛЕМ

Австриската ЕВН, преку две свои компании - ЕВН Македонија АД Скопје и ЕВН Електро снабдување - како и ЕЛЕМ, преку компанијата ЕЛЕМ Трејд ДООЕЛ, се двата правни субјекта кои конкурираат за Универзален снабдувач со електрична енергија, стана јасно на денешното отворање на понудите во Владата. Комисијата со која претседава академик, проф д-р Глигор Каневче, констатираше дека двете понуди се...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...