fbpx
Таг: економија

таг: економија

НБРМ: Финансискиот систем успешно им одговори на минатогодишните предизвици од корона-кризата

Финансискиот систем успешно им одговори на минатогодишните предизвици од корона кризата, информираат од Народна банка по одржана седница на Комитетот за финансиска стабилност. „Високите регулаторни барања во периодот пред појавата на корона вирусот и минатогодишните регулаторни мерки придонесоа за натамошното одржување на неговата стабилност, како и за негова подготвеност за натамошни предизвици. Имајќи предвид дека здравствената криза сѐ уште трае,...

НБРМ: Поумерени ефекти од ковид кризата во четвртиот квартал лани

Во првите три квартали од лани во просек, економијата бележи реален пад од 5,9 проценти, што е во согласност со очекувањата, информираат од Народна банка. „Тековно расположливите високофреквентни податоци за четвртиот квартал од 2020 година упатуваат на поповолни движења во домашната економија и поумерени негативни ефекти од здравствената криза во споредба со претходниот квартал, во услови на релативно брзо закрепнување...

Порталб.мк: Најработоспособните до 49 години – најмногу на удар на економската криза [инфографик]

Најранливи на економската криза се вработените до 49 години, покажува анализата на Порталб.мк. Невработеноста на младите се намалува, но и натаму останува најдлабока. Ковид-19 кризата истисна на површина бројни проблеми и слабости на пазарот на труд. Ова се дел од наодите во анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот...

Анализа на Порталб: Сите параметри на едно место – економијата го допре дното, следува ли заздравување? [инфографик]

Стопена доверба на стопанствениците, пад на индустриското производство, намалување на бројот на вработени во индустријата. Статистиката ги белeжат едни од историските најлоши податоци за економијата, која во 2020 година беше во рецесија, пишува „Порталб.мк. Се ситни новата 2021 година, власта го пакува новиот пакет на антикризни мерки кои треба да помогат за опоравување на приватниот сектор. Намалената побарувачка од странство...

Просечната нето-плата во ноември 2020 изнесувала 27.588 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен во ноември 2020 година, изнесувала 27.588 денари и е за седум отсто повисока во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Просечната бруто-плата, пак, изнесувала 41.141 денар и е за 7,4 отсто повисока во однос на ноември 2019 година. „Зголемувањето на просечната плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна...

НБРМ: Вакцинацијата за заштита од ковид-19 влева оптимизам, но сè уште постојат економски ризици

Здравствената криза имала поумерени негативни ефекти врз економската активност во последниот квартал во 2020 година во однос на претходниот и движењата во домашната економија се поповолни, покажуваат најновите макроекономски показатели на Народна банка. „Стапката на инфлација во домашната економија во 2020 година се задржа на ниско и стабилно ниво од 1,2 проценти што е речиси во целост согласно со нашите...

Граѓаните се главни кредитори на македонската економија

Анализата на вкупната нето финансиска вредност на македонската економија покажува дека во периодот од 2013 до 2019 година таа има нето должничка позиција, како резултат на поголемиот раст на обврските во однос на средствата, што е вообичаено остварување и во останатите земји во транзиција, покажуваат податоците што прв пат ги објавува Народната банка. Оттаму информираат дека негативната финансиска вредност постојано...

Анализа: Македонската економија со години жртва на популизмот и клиентелизмот

Од буџетите на државата со години наназад најголем процент се прераспределува за администрацијата, која наместо сервис за ефикасни јавни услуги, се третираше повеќе како гласачки контингент без воопшто какви било мерења на нејзините перформанси, без етика и без создавање на вештини за давање на квалитетна јавна услуга. Ова е едно од укажувањата во новата анализа на Центарот за економски анализи...

Народна банка проектира пад на економијата од 4,9 проценти, наместо предвидениот од 3,5 во април

Народната банка на Северна Македонија за 2020 година проектира пад на економијата од 4,9 проценти, наспроти предвидениот пад од 3,5 проценти во април, покажуваат најновите редовни макроекономски проекции. Народна банка изврши надолна ревизија на проекциите за развој на економијата поради послабите остварувања во првата половина на годината и оценките за побавно закрепнување во втората половина, поради вториот бран на пандемијата. „Најголем...

Ангеловска-Бежоска: Ова е прва криза во којашто првичниот одговор на Народната банка е олабавување, а не заострување на монетарната политика

Oва е прва криза во која што првичниот одговор на нашата централна банка е олабавување, а не заострување на монетарната политика, истакна гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на гувернерската панел-дискусија на е-конференцијата „Ковид-19: влијанието врз економијата и политиките на централните банки“, организирана од Лондонската школа за економски и политички науки и Банката на Албанија. „На пример, за време на...

Светска банка: Северна Македонија се справува со најдлабоката рецесија од 2001 година наваму

Северна Македонија се справува со најдлабоката рецесија од 2001 година наваму, се вели во Редовниот извештај на Светска банка за економските изгледи на државата. Во него се прогнозира пад на БДП од 4,1 отсто. „Пандемијата тешко ја погоди економијата: карантинот, нарушените синџири на снабдување и продолжената неповолна епидемиолошка ситуација од летото уште повеќе ги влошија веќе неповолните изгледи. Програмите за...

Народна банка: Годишниот пад на БДП е 6,4 отсто ризиците од ковид-19 сè уште постојат

Расположливите макроекономски показатели упатуваат на годишен пад на домашниот бруто-производ во првата половина од годината од 6,4 проценти, информираат од Народна банка по одржана редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. „Во однос на априлската проекција на Народната банка, ова претставува малку послабо остварување од очекувањата главно како резултат на отстапувањето за првиот квартал, додека остварувањето...

Светска банка за годинава предвидува пад на македонската економија од 4,1 отсто

Економија во земјава оваа година ќе забележи пад од 4,1 отсто, следната 2021 година ќе се врати на нивото на економски раст од 3,6 отсто, додека во 2022 година растот би изнесувал 3,5 отсто, во услови на очекувана зголемена потрошувачка, раст на приватните инвестиции и извозот. Ова го прогнозира Светската банка во извештајот објавен денеска, под наслов :„Економски извештај...

Вархеји – Заев: Економска помош за Балканот преку инвестиции во инфраструктурата, енергетиката и екологијата

Инвестиции во инфраструктурата, енергетиката, здравството, екологијата, дигиталната трансформација, поврзување на целиот регион на Западен Балкан преку проекти од ИПА 3 фондовите. Ова беше главната тема на денешната прес-конференција на премиерот Зоран Заев и Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеји. Меѓу другото премиерот Заев рече дека вчера на сметката на буџетот легнале 80 милиони евра, „а останатите 80 милиони...

Бесими: Проекциите за БДП и јавниот долг се далеку полоши во однос на финансиската криза во 2009 година

На денешната средба со претставниците од Македонската банкарска асоцијација, министерот за финансии Фатмир Бесими оцени дека добро е што финансискиот сектор е стабилен во време на кризата што ја предизвика корона вирусот. Но, ситуацијата со економијата е сериозна, а за тоа според Бесими, најдобар показател се БДП и јавниот долг, чии проекции се далеку полоши во однос на финансиската криза од...

Бектеши и Галовеј се согласиле за продлабочување на економската соработка со Обединетото Кралство

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари видео-состанок со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, информираат од Министерство за економија. На состанокот разговарале за економските приоритети на Владата во новиот мандат, економската соработка меѓу двете земји како и можноста за продлабочување на истата. „Министерот ја информираше амбасадорката Галовеј дека Обединетото Кралство е втор по големина трговски партнер на Северна Македонија, а...

Сојузот на стопански комори до Владата предложи 25 мерки за спас на компаниите

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата, да ги усвои и имплементира во соодветна временска рамка. Од таму информираат дека економските мерки се базирани на реалните потреби на стопанството кое се соочува со голем број предизвици, од кои најголем е нарушената ликвидност која многу брзо, доколку не се обезбеди...

Министри и експерти разговараа за економските предизвици и новите антикризни мерки

Економските предизвици и перспективи за наредниот период, новите антикризни мерки како и воведувањето нови системски политики коишто ќе бидат катализатор на опоравувањето, а потоа и на растот, беа тема на денешната панел-дискусија „СМАРТ финансии и економски политики во време на пандемија и новата нормалност“, којашто беше организирана од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, а на која присуствуваа...

Поумерени негативни ефекти од ковид-19 врз економијата очекува Народна банка во третиот квартал

Kаматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 1,5 проценти, било одлучено на редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка (КОМП). „Намалувањето на основната каматна стапка до тековното ниво, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економијата,“...

Економскиот удар од ковид-кризата во фокусот на средбата помеѓу Бесими и Ангеловска Бежоска

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска оствари средба со новиот министер за финансии Фатмир Бесими. На средбата, меѓу другото се дискутирало за актуелните состојби во домашната економија по првиот удар како последица од ковид-кризата. Најсилното влијание, како што истакнаа соговорниците, се очекува дека е онa во изминатиот втор квартал од оваа година и дека ако нема неповолен развој на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...