fbpx
Таг: економија

таг: економија

Медведев: Немаме економски интерес во Сирија

Рускиот премиер Димитри Медведев го нарече теорија на заговор и пропаганда тврдењето дека воената мисија на Русија во Сирија е со економски интерес. - Тоа е голема теорија на заговор. Сите тие приказни се заговор или пропаганда, која во оваа ситуација ја користат повеќе држави - изјави Медведев, во интервју за емисијата „Вести во сабота“, како одговор на тврдењето дека...

Органското земјоделство е важно за развојот на руралната економија

Органското земјоделство е важно за развојот на руралната економија и има огромен потенцијал за вработување млади и прогресивни фармери. Токму затоа, програмата ИМЕ (Increasing Market Employability), чија основна цел е да овозможи системски промени што ќе доведат до поголеми можности за вработување, оваа година организирано ќе ги вклучи органските производители на саемот за широка потрошувачка „Агрофуд 2015“. На сите присутни посетители и потенцијални...

Вучиќ: Поради затворањето на границите, српската економија трпи огромна штета

Српскиот премиер Александар Вучиќ, во писмо до Европската комисија, истакна дека поради затворањето на границата со Хрватска, Србија трпи огромни економски штети. - Со агресивни и со неприфатливи мерки, Хрватска драстично ги погоди нашите национални и витални економски интереси, но и силно ги погоди регионалните односи и стабилност - се наведува, меѓу другото, во писмото на Вучиќ до ЕУ. Вучиќ укажува...

Нападите на талибанците го чинат Пакистан пет милијарди долари годишно

Нападите на талибанците ја чинат економијата на Пакистан повеќе од 5 милијарди долари годишно во изгубени инвестиции, изјави пакистанскиот државен секретар за финансии, Вакер Масуд Кан, додавајќи дека Исламабад ја држи отворена опцијата за уште една програма со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). - Нашиот народ претрпе ужасно страдање во последната деценија и поради тероризмот многу изгубивме во поглед на економските...

ММФ: Неисполнување на политичкиот договор негативно ќе влијае врз економијата

Економскиот пораст ќе продолжи со умерено темпо и годинава ќе изнесува 3,2 проценти, се вели во најновиот извештај на ММФ за Македонија. Домашниот бруто-производ ќе достигне 3,2 проценти како резултат на странските инвестиции, инфраструктура и на потрошувачката. Јавниот долг, според монетарците, од 2008 година досега е зголемен двојно и минатата година достигна 43,3 проценти. Дефицитот, според ММФ, ќе изнесува 4,2...

Самитот „Македонија 2025“ ќе се случува во Скопје од 18 до 20 ноември

Tретиот годишен самит кој годинава ќе го организира платформата „Македонија 2025“ ќе се случува од 18 до 20 ноември во Скопје. Темата ќе биде, како преку трансформативно лидерство и напредни технологии да се дојде до економски развој на земјата. Фокусот на годинешниот самит е како да се поврзе Македонија со поширокиот регион, имајќи ги предвид глобалните движења и нивните влијанија на...

ЛП: Според Владата, странските инвеститори се нивни, домашните се опозициски

„Претседателот на Владата покажува партиска опседнатост и во економијата, со што ги дели бизнисите по партиска основа и тоа: странските се нивни, а домашните се на опозицијата“, стои во соопштението на Либералната партија, со кое од партијата реагираат на последните изјави на премиерот Никола Груевски, со кои „тој уверува дека домашните и странските инвеститори имаат еднаков третман“. „Либералната партија ги оценува...

Цените во домашната економија се намалиле за 0,3 отсто

Во просек, во првите седум месеци од годината, општото ниво на цени во домашната економија се намали за 0,3 отсто на годишна основа. Од друга страна, порастот на базичната инфлација забрза, потврдувајќи ја констатацијата за намалени ризици од понатамошно намалување на цените. - Инфлациските остварувања засега се оценуваат дека се во рамки на проектираните. Последните оцени за надворешните претпоставки, споредено со априлските...

Груевски: Креираната политичка криза имаше влијание врз економијата

„Свое влијание врз економијата имаше креираната политичка криза во изминатите месеци, а ние се трудевме со сите сили тоа влијание да биде колку што е можно помало. Сепак, неизбежно беше да има свое влијание“, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на прашање на пратеникот Влатко Ѓорчев. – Некои од инвеститорите ги одложија своите одлуки, па дури откако завршија одредени делови,...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога беше на власт СДСМ, остави пустош зад себе

„Фактите, бројките, статистиката, податоците, извештаите на меѓународните институции ја говорат вистината, а таа е дека во време на СДСМ македонската економија и стандардот на граѓаните одат надолу, а во време на ВМРО-ДПМНЕ македонската економија и стандардот на граѓаните одат во нагорна линија“, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ околу измените на Законот за прекршоци. „На...

Анкета на ИРИ: За мнозинството граѓани демократијата е поважна од економскиот просперитет

Четириесет и осум отсто од граѓаните во земјава сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, што е за девет отсто повеќе од минатата година, покажала последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена минатиот месец. „Педесет и три отсто од испитаниците рекле дека невработеноста е најсериозниот проблем со кој се соочува земјата, додека 64 отсто кажуваат дека животот бил...

Нова анализа: Македонија е високо задолжена земја

Новата анализа на британската организација „Џубили депт кемпејн“ (Jubilee Debt Campaign), покажува дека Македонија е вброена меѓу државите со висока задолженост. Според овој извештај, овие високо задолжени држави се во опасна зона поради долгот. Тоа би значело дека при економска криза или, пак, неочекуван скок на каматните стапки, на долг рок може да се случи економска катастрофа. Извештајот посочува дека преголемите долгови можат да...

Тим на ММФ во посета на Македонија

Од утре до 8 јули, тим на Меѓународниот монетарен фонд, предводен од Џесмин Рахман, ќе претстојува во Скопје. Посетата е за спроведување на Годишниот преглед на економијата во Македонија. Како што соопштуваат од ММФ, на крајот ќе се соопштат прелиминарни оцени, а ќе се подготви извештај за кој ќе се дискутира на состанок на извршниот одбор на ММФ. Посетата е дел од редовните...

Шпанија со најголем економски пораст од кризата во 2008 година

Шпанскиот министер за економија, Луис де Гуиндос, соопшти дека земјата оваа година бележи најголем пораст од економската криза во 2008 година. Според него, во првите шест месеци забележан е пораст од четири отсто, што е половина процент повеќе од предвиденото. Очекувањата се дека порастот во вториот квартал би требало да биде поголем од 0,9 отсто во однос на првиот квартал. Шпанија беше една од најтешко погодените...

ММФ ќе ја скенира економијата во Македонија

Тим на Меѓународниот монетарен фонд ќе престојува во Скопје за да го спроведе редовниот годишен преглед на македонската економија. Тимот ќе биде предводен од Џесмин Рахман и ќе престојува од 29 јуни до 8 јули. Прелиминарните оцени за состојбата во македонската економија ќе бидат објавени во извештај за кој ќе се дискутира на состанок на Извршниот одбор на ММФ, чиј датум ќе биде објавен...

Компаниите тактизираат и чекаат политичка разврска

Последните податоци од извештајот на Народна банка, говорат за пад на економските показатели во многу значајни сегменти, како што се инвестициите, индустриското производство, дефицит во надворешната трговија. Бизнис-секторот е во очекување на завршница од политичката криза и ако состојбата потрае, ќе продолжи да се оди во надолна линија. Сите активности се одложени за некои подобри времиња, се тактизира во однос на управување со...

Незири: Регионалната трговија е од големо значење за економски пораст на регионот

На Економскиот форум за Југоисточна Европа, кој се случува во Софија, во рамки на претседавањето на Бугарија со Процесот на соработка на ЈИЕ, министрите за економија од регионот имаа можност да разговараат за економската соработка меѓу земјите во Југоисточна Европа, имајќи ја предвид Стратегијата за Југоисточна Европа, која претставува регионален одговор на Стратегијата ЕУ 2020. Министерот за економија, Беким Незири, во...

Светска банка предвидува пораст на економијата од 3,5 проценти

Според најновите проекции на Светска банка, македонската економија ќе има пораст од 3,5 проценти оваа година. За следната се предвидуваат 3,8, а во 2017 година порастот ќе достигне 4 проценти. Во најновиот извештај „Глобални економски перспективи“, се наведува дека Македонија во изминатите години покажа подобри економски перформанси од соседите, благодарение на директните странски инвестиции во слободните економски зони и стимулациите од...

Швајцарската економија во пад

Швајцарската економија ослаби во првиот квартал, покажуваат денеска објавените податоци, а големата јавна потрошувачка го ублажи негативниот тренд, кој е инициран со одлуката на централната банка да не ја ограничува вредноста на франкот во однос на еврото, пренесе „Денар.мк“. Домашниот производ во првиот квартал е намален за 0,2 проценти во споредба со истиот период претходната година. Аналитичарите во анкетата на „Ројтерс“...

Богов ги уверуваше турските инвеститори во стабилноста на економијата

Гувернерот Димитар Богов ги увери турските инвеститори во стабилноста на економијата, курсот на денарот, амбиентот во кој работат и ги повикa да инвестираат како и досега. - Народната банка ќе ги зачува макроекономската стабилност, стабилниот курс на денарот и банкарскиот систем. Не треба да се очекува загрозување на курсот на денарот, кој е стабилен и од 1997 година е без промени....

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...