fbpx
Таг: еколошки налепници

таг: еколошки налепници

За субвенции за вградување плин во возилата догодина би се одвоиле само 210.000 евра

Просечната старост на автомобилите во земјава постојано расте, бројот на увезени половни возила во континуитет се зголемува, а за влијанието на транспортот во аерозагадување во градовите често критикуваат еколошките здруженија и граѓанските иницијативи. И покрај сето ова, Министерството за економија за наредната година предвидува да одвои само 13 милиони денари (околу 210.000 евра) за субвенции за вградување на уред...

Сезоната на аерозагадување пристигна, еколошките налепници на возилата не профункционираа

И по две години поминати од првичните најави, еколошките налепници на возилата во земјава не профункционираа. Од Министерството за економија за „Мета.мк“ потврдија дека црвените, жолти и зелени налепници кои требаше да ги класифицираат возилата според степенот на испуштање на издувни гасови во моментов не се функционални. Од ова министерство побаравме информација што се случува со донесувањето на подзаконските...

Просечната старост на автомобилите е 19,3 години, во првото полугодие увезени 8.000 половни коли (инфографик)

Наместо да се поднови, возниот парк со увозот на половни автомобили од странство во изминатиов период единствено остарува, односно се зголемува просечната старост на автомобилите во земјава. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека просечната старост на патните моторни возила лани била 19,3 години, што е историски најлош резултат од достапните статистички податоци во периодот од 2003 година...

Давање еколошки налепници без мерење е промашена мерка, реагираат екологистите

Техничките служби, во јавноста познати како служби за хомологација, ќе ги доделуваат еколошките налепници за возилата врз основа на документите и годината на производство, а не со мерење на издувните гасови, велат од Министерството за економија. Ова е одговор на прашањето на „Мета“ како ќе изгледа самата постапка за еколошка категоризација, за која има многу нејаснотии, бидејќи предлог-законот што ја...

Димитровски: Дизелите и неодржувањето се главни виновници за загадувањето од возилата

Иако транспортот не е доминантен загадувач на воздухот со цврсти честички, фактот што е значително пораснат процентот на автомобили со дизел мотори во земјава не треба да се пренебрегне, предупредува д-р Даме Димитровски, вонреден професор на Машинскиот факултет во Скопје и раководител на факултетската лабораторија за мотори со внатрешно согорување. Дополнително, вели тој, мора да се земе предвид амортизацијата...

Предлог-законот за еколошките налепници утре на прво читање во Собранието

На 106-та седница, Законодавно-правната комисија на Собранието утре ќе го претресе во прво читање најновиот текст на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, со кој се воведуваат неколку новини како дел од посеопфатните мерки за намалување на загадувањето на воздухот, од кои најзначајната е еколошката категоризација на возилата („налепници“) и забрана за нивно движење при зголемено...

ЛП: Налепниците нема да го решат проблемот со загадувањето

Либералната партија (ЛП) смета дека со воведувањето на црвена, жолта и зелена еколошка налепница за возилата нема да се реши проблемот со загадувањето. „Ќе се удри по најсиромашниот слој граѓани кои својата последна заштеда ја искористиле за купување на сопствено возило, кое во 21 век претставува потреба, а не луксуз. Загадувањето прикажано на мерните станици покажува најголеми бројки на загадување...

Пендаровски: Ако од бугарска страна пак се спори идентитетот, да се повлечеме од преговорите

По денешната средба со членовите од Советот за безбедност, кажав дека откако францускиот предлог ќе влезе во Владата, очекувам во заклучоците на Влада, да стои дека од денот кога...