fbpx
Таг: Еко свест

таг: Еко свест

Чистењето на жешките еколошки точки чини десетици милиони евра, мора да се најде економски одржлив модел

Десетици милиони евра ќе мора да се изнајдат за чистење и повторно доведување во природна состојба на жешките еколошки точки во земјава. Арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница, линданот во ОХИС, депонијата за гипс во ХИВ-Велес, јаловиштата во дел од рудниците се само некои од жешките еколошки точки, врз чија околина ќе...

CEE Bankwatch Network и „Еко свест“: Само во Новаци шестмина умираат предвреме како последица од РЕК Битола

Комплексот РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во Европа, а термоелектраната предизвикува до шест предвремени смртни случаи само во општината Новаци, открива новата анализа изработена од CEE Bankwatch Network. Во документот „Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Северна Македонија“ подготвена од CEE Bankwatch Network во соработка со „Еко-свест“ уште еднаш се потврдуваат претходните наоди дека...

Обновливите извори на енергија се единствената алтернатива за одржлив развој на земјата

Намалување на зависноста на земјата од увоз на електрична енергија, но и намалување на загадувањето на воздухот, особено во зимските месеци кога е актуелно затоплувањето на објектите со фосилни горива, се меѓу главните приоритети кои треба да ја водат земјата кон исполнувањето на целите поставени со Стратегијата за енергетика. Насочувањето кон обновливите извори на енергија, особено искористувањето на енергијата од...

По критиките од екологистите, од ЕСМ велат дека ќе градат четири сончеви електрани во РЕК Битола

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) денеска информираше дека подготвува изградба на четири фотонапонски електрани со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати во РЕК Битола. Сепак, за искористување на сонцето како обновлива енергија засега се обезбедени средства единствено за изработка на проектната документација. „Првата електрана од 20MW ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, веднаш до Термоелектраната, и за...

Еко-свест ги осудува најавите за отворање на нов рудник за лигнит во Живојно

По денешните најави на директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски дека актуелната криза ја отворила потребата од подолго користење на рудниците и планираната инвестиција во нови ископи во рудникот Живојно во РЕК Битола и рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј, со реакција и најостра осуда излегоа од Еко-свест. Од Центарот за истражување и информирање за животната средина најостро...

Инклузивниот ансамбл преку изложба порача: Нашите реки се предмет на искористување

Инклузивниот ансамбл по повод Светскиот ден на водите - 22. Март, со мултимедијалната изложба „Слободни реки за слободни деца“ испратија порака до сите нас да се запрашаме што се случува со нашите реки и дека можеме да влијаеме на одлуките на властите коишто можеби решаваат да ги искористат реките за одредени тесни интереси, иако реките ни припаѓаат на сите. За...

Светски ден на водите: Подземните води се скриено богатство, но кај нас ги загадува кој стигне

Помалку од  три отсто од водата во светот е слатка вода, погодна за конзумирање. Од неа, само 0.5 отсто се реки и езера, 25 отсто се подземни води, а 75 отсто се мраз и глечери. Останатите 97 отсто вода на планетата е солена, морска вода. Денеска е Светскиот ден на водите, кога се одбележува значењето на овој скапоцен ресурс,...

Со паметно енергетско планирање ќе се бараат најсоодветни локации за соларни полиња и ветерници

Паметно енергетско планирање, безбедна и побрза транзиција од фосилни во обновливи извори на енергија со минимално негативно влијание врз природата и луѓето и соработка меѓу граѓанскиот сектор, Владата, експертите, бизнис секторот и сите релевантни институции е главната цел на кампањата за паметно енергетско планирање „Еко енергетска иднина - да планираме заедно!“, која ја започна Центарот за истражување и информирање...

Петиција на екологистите: Реките ќе ги спасиме со укинување на субвенциите за мали хидроцентрали

Да се заштитат реките од изградбата на мали хидроцентрали и да се укинат субвенциите за инвеститорите, апелираат македонските екологисти на Светскиот ден на реките. Под мотото „Да ги оставиме реките слободно да течат!“ граѓанската организација „Еко свест“ организира петиција за укинување на субвенциите за малите хидроцентрали и апелира граѓаните, од чии сметки за за електрична енергија се одвојуваат овие...

Нуредини: Документите за климатска акција не смеат да фатат прашина, мора да се имплементираат

„Над 67 отсто од енергијата за земјава се обезбедува од јагленот, заради што транзицијата кон чисти извори е еден од приоритетите на кои мора да се посветиме. По пандемијата на Ковид 19, со која светот се соочи во изминатите две години, сега имаме војна во Европа. Двата примери ни укажаа дека С. Македонија се соочува со предизвик во синџирот...

Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали, а реките да останат слободни

Не нѝ требаат стандарди за рибни патеки, туку реките да ни останат слободни, апелира Анес Ахмети од село Жировница, кој заедно со своите сограѓани веќе неколку години се бори да не се изградат мали хидроцентрали на Жировничка река. Субвенциите кои ги привлекуваат инвеститорите кон овие енергетски објекти мора да бидат укинати, бара и Ивица Аврамоски од село Локвица, кој...

Црна Гора ни го нуди своето искуство за формирање Фонд за животна средина

Во Црна Гора веќе две години функционира Еко-фонд, а своите искуства за неговото формирање ѝ ги нуди и на С. Македонија. Примарната функција на Еко-фондот е да обезбедува финансиски средства за реализација на проекти, програми и активности насочени кон постигнување систематско и сеопфатно зачувување на квалитетот на сите еколошки компоненти, биодиверзитетот, рационално користење на природните ресурси и енергијата како...

Декарбонизацијата тапка во место, многу планови, а малку инвестиции во енергетскиот сектор

Амбициозното зелено сценарио на Стратегијата за развој на енергетиката за периодот до 2040 година ја позиционираше С. Македонија како предводник во регионот кога станува збор за декарбонизација и зелен развој во енергетскиот сектор. Сепак, она што го предвидува документот и она го гледаме на терен, особено откако започна енергетската криза, не е многу различно од претходните години. Термоелектраните на...

Граѓанските организации бараат Фонд за животна средина и парите од еко такси да се користат наменски

Да се формира Фонд за животна средина и сите пари кои се одвојуваат како еколошки такси да се наменат за поправање на штетите кои ги правиме на нашата околина и природата. Еколошките такси кои ги плаќаат граѓаните и компаниите треба да се слеваат на едно место, но и наменски да бидат потрошени, а граѓаните да имаат увид колкави средства...

Бернската конвенција бара да нема нови мали хидроцентрали, за дадените концесии ќе се одлучува поединечно

Да се откажат сите одобрени и планирани хидроелектрани во заштитени подрачја во државата, но и оние надвор, кои можат да имаат влијание на заштитените зони, е една од серијата препораки кои пред крајот на минатата година до македонската влада ги испорача Комитетот на Бернската конвенција. Конкретно, препораката се однесува за сите енергетски објекти кои добиле концесии, но сѐ уште не...

„Еко свест“: Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали и парите да се насочат кон сонцето и ветерот

Да се укинат субвенциите за мали хидроцентрали е новата кампања на Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, за која деновиве започна и петиција за собирање на потписи. Петицијата, заедно со кратко информативно видео, е објавена на нивните страници на социјалните мрежи, а од „Еко свест“ апелираат граѓаните да ја потпишат и да дадат поддршка за укинување...

Домаќинствата нема да добиваат електрична енергија од малите хидроцентрали, тие остануваат повластени

ЕВН хоум нема да ја купува електричната енергија од повластените производители коишто користат обновливи извори на енергија, но тоа нема да влијае на нивните повластувања. Владата ја измени Уредбата за критериумите и условите за прогласување кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, во делот за начинот на снабдување со електрична...

Наместо 44, граѓаните плаќале 81 евро за секој мегават електрична енергија произведен од мала хидроелектрана

Малите хидроелектрани минатата година произвеле само 195,7 гигават часови електрична енергија и учествувале само со четири отсто во вкупното домашно производство. Сепак, тоа не значи дека работеле непрофитабилно, бидејќи на концесионерите од 2012 година па досега им се платени 41 милион евра повеќе во однос на пазарната вредност на произведената енергија, поради користење на законски предвидените повластени тарифи. Тоа...

Еко-свест со порака: Да се користат хартиени кеси и платнени торби

По бурните реакции во јавноста и денешното појаснување на министерот Насер Нуредини за укинувањето на пластичните кеси, со свој став излегоа и од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест. Тие во целост го поддржуваат стапувањето на сила на одредбите за забрана за користење на пластични кеси за носење на стоки на пазарот, која почнува со примена...

Повеќе од половина од домаќинствата кои се греат на дрва не се подготвени да ги сменат старите печки

Повеќе од половина од семејствата кои се греат со печки на дрва во земјава не се подготвени да го сменат начинот на затоплување на домот, покажува истражувањето презентирано на втората национална работилница на проектот „Партнерство за попаметно греење“ во организација на Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко свест“. Во текот на проектот беа спроведени регионални истражувања...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...