fbpx
Таг: Еко свест

таг: Еко свест

Екологистите бараат скопските топлани да не работат со дизел оти воздухот и без тоа е загаден

Еколошките организации не се согласуваат во скопските топлани да се експериментира со дизел гориво. Екологистите реагираат на информациите од АД ЕСМ за тестирање на нови мотори со дизел гориво во топланите Исток и Запад во Скопје по 15 ноември и ги оценуваат како несериозни и непотребни во услови кога природниот гас е опција како енергенс за овие топлани. „Објавата дека...

Еко активизмот е можност младите да ја земат иднината во свои раце

Заштитата на балканскиот рис, зачувување на природното и културното богатство на Охридскиот регион, борбата за почист воздух, намалувањето на влијанието на климатските промени, енергетската транзиција кон обновливи извори, зачувување на биодиверзитетот, справување со отпадот, воведување на циркуларна економија.... Листата на еколошки предизвици со кои се соочува нашата држава е долга, а заедничко за сите е што многу од решенијата за...

И Маврово да се ослободи од мали хидроцентрали, апелира „Еко свест“

Раскинувањето на концесиите за изградба на малите хидроцентрали во Националниот парк „Шар Планина“ треба да продолжи и во „Маврово“, апелираат од граѓанската организација „Еко свест“. Екологистите ја поздравија одлуката на Владата и заложбите на Министерството за животна средина за раскинување на договорите со концесионерите на седум мали хидроцентрали на Шара, но сметаат дека за вистинска заштита на реките и...

Природата страда и во националните паркови, а надвор од нив речиси и да нема никаква заштита

Природата страда заради климатските промени, но многу повеќе заради човековите активности. Урбанизацијата, фрагментирањето на природните живеалишта, узурпацијата, загрозувањето на дивите видови и многу други активности се постојана закана за биолошката разновидност и природата. Активностите за заштита многупати досега се покажале како недоволни, а надлежните и институциите како недоволно екипирани и подготвени. Државниот инспекторат за животна средина има само еден инспектор...

„ENGAGE 2022“ – сведоштва за активизам, одговорност и ангажирање во средината

Домашни и странски говорници и активисти беа дел од годинешниот „ENGAGE 2022“ во Куршумли Ам, каде презентираа лични инспиративни приказни за тоа како се алармира за проблеми во животната средина, како е да се известува од војна, како медиумите можат да го променат јавниот наратив за општествени и егзистенцијални проблеми, но и како младите можат да изградат успешен старт...

„Еко свест“ бара реките да се заштитат со закон, првата иницијатива е за Радика

Радика ќе биде првата река во земјава за која ќе биде побарана правна заштита. Иако многу водотеци во земјава течат низ национални паркови или заштитени подрачја, ниту еден нема вистиска заштита, што резултира со злоупотреби од најразличен вид. Центарот за истражување и информирање во животната средина „Еко свест“ поведува иницијатива за почнување постапки за формално-правна заштита со закон на...

Производството на струја од сонцето не смее да нè остави без храна

Изградбата на соларни полиња и користењето на сончевата енергија за производство на струја е еден од најефикасните начини земјава да ја намали зависноста од увоз на струја. Енергертската криза која нè очекува уште еднаш нè потсети колку земјата заостанува во искористувањето и инвестициите во алтернативните извори на енергија, особено сонцето кое го имаме во изобилие. Најновите олеснувања на постапката...

Зелената агенда тежи девет милијарди евра за одржливи проекти, колку ќе искористи С. Македонија?

РЕК Битола фото: ЕСм
Девет милијарди евра е тежок економскиот инвестициски план за зелената транзиција на Западен Балкан. Македонија е дел од Зелената агенда за Западен Балкан, долгорочното зелено социо-економско сценарио кое треба на регионот да му обезбеди одржлива иднина. Вистински зелени политики, кои се следени од одржливи решенија во сите пет столбови на Зелената агенда се неопходни за земјава да добие реална...

Нема бегање од таксата на јаглерод, прашање е само дали парите ќе ги наплати земјава или ЕУ

Воведувањето на такса на јаглерод е еден од најефикасните начини да се обезбеди примена на начелото загадувачот плаќа. Наменета првенствено за капацитетите произведувачи на електрична и топлинска енергија од фосилни горива, но и за корисниците на енергенти во индустријатa, јаглеродната такса треба да обезбеди средства за закрепнување на животната средина од работата на енергетскиот сектор, кој е еден од...

Екологистите побараа од министерот Нуредини времено да го заштити Маврово додека не се усвои законот за репрогласување

Националниот парк „Маврово“ да добие привремена заштита, додека не се репрогласи како заштитено подрачје според новиот закон, побараа 28 граѓански здруженија. Барањето, кое е поддржано и од 21 пратеник од интерпартиската парламентарна „Зелена група“, денеска на средба со претставници на Националниот парк „Маврово“, Македонско еколошко друштво (МЕД), „Еко-свест“ и „Фронт 21/42“, му беше предадено и на министерот Насер Нуредини....

Инвестицијата во фотоволтаици за домаќинство се исплатува за пет до шест години

Колку повеќе енергија произведеме од сонцето, толку помалку ќе ни треба РЕК Битола. Замената на нечистата енергија од фосилни горива со зелена од сонцето е една од најголемите придобивки од инсталирањето на фотоволтаични системи, иако и намалувањето на зависноста на земјата од увоз на скапа електрична енергија е голема мотивација. Инвестицијата во сончеви панели од шест киловати во земјава чини...

Воведувањето данок на јаглерод за компаниите е предизвик, но и можност за енергетска транзиција

Претставници на компании, граѓански организации, академски и државни институции денеска разговараа за предизвикот за воведување на данокот на јаглерод. Кои се деловните можности и предизвици на енергетската транзиција, како и можните добри прилики и ефекти од оданочувањето на јаглеродот и потребата за подготовка на приватниот сектор за одговарање на обврските поврзани со климатските цели за 2030 година. Ова беа...

Креирањето зелени работни места може да го спречи одливот на млади од земјава

Зелените работни места имаат огромен потенцијал да обезбедат развој, а со тоа и да го намалат одливот на младите од С. Македонија. Изобилието на сонце, плодна почва, недопрена природа, како потенцијал за производство на здрава храна и развој на еколошки туризам, каде се нуди искусување на чиста природа и природни реткости, искористување на потенцијалите на локалните заедници и традиционалните...

РЕК Битола и Осломеј загадуваат шест пати над дозволеното, покажува извештајот на CEE Bankwatch Network

Електраните што користат јаглен сè уште загадуваат со огромни количини прашина и сулфур диоксид, а РЕК Битола и Осломеј и понатаму се меѓу најголемите загадувачи во регионот, но и во Европа, покажува новиот извештај на CEE Bankwatch Network. Вкупните емисии на сулфур диоксид од Осломеј и Битола минатата година, кога поради недостатокот на гориво и дефектите, вкупните работни часови на...

Стокхолм+50: Спасот на планетата е наша одговорност

Под мотото „Време е за смели избори. Време е за итна акција. Време е за подобра иднина на здрава планета“, лидерите на над 100 држави вчера и денеска во Стокхолм, на меѓународната конференција на Обединетите нации за здрава планета, „Стокхолм +50: здрава планета за просперитет на сите – наша одговорност, наша можност“, уште еднаш ја истакнаа ургентноста од итни...

Граѓанските организации бараат подобро спроведување на Зелената агенда во земјите од Западен Балкан

Подобро спроведување на Зелената агенда во земјите од Западен Балкан побараа над 150 претставници на граѓанските организации, институции и претставници на заштитените подрачја, преку заедничка декларација донесена на Меѓународната конференција Паркови Динариди. Декларацијата е испратена и до Европската комисија, а се бара ЕУ да обезбеди инклузивно, транспарентно и суштинско учество на граѓанскиот сектор во плановите и проектите за спроведување...

Енергетското планирање мора да е паметно за да не предизвика штета на локалните заедници и биодиверзитетот

Искористувањето на енергијата на сонцето и ветерот, како обновливи извори, е поставено како амбициозна цел при креирањето на Националниот план за енергија и клима (NECP), но сепак и во овој случај мора да се внимава да се идентификуваат најдобрите локации за овие инвестиции, за да се спречи било каква штета врз локалните заедници и богатата биолошка разновидност на земјата,...

Само еден концесионер на мала хидроцентрала во Националниот парк „Шар Планина“ се откажал, останатите бараат обесштетување

Концесионерите на четири од седумте мали хидроцентрали кои се зацртани во Националниот парк „Шар Планина“ побарале надомест за вложените средства за да се откажат од изградбата. Само еден концесионер на две мали хидроцентрали во досегашните преговори целосно се повлекол и не бара компензација. Во рамките на новиот национален парк, веќе се изградени и пуштени во употреба 11 мали хидроцентрали,...

Со граѓанска наука до заштита на природата: се мапираат растителните видови кај Вевчански извори

Еко-свест и Натура МК започнуваат со примена на граѓанска наука за да помогнат во идентификација и мапирање на растителни видови во Споменикот на природа „Вевчански извори“ и со тоа да овозможат подобар мониторинг и заштита на шумите во ова заштитено подрачје. Еко-свест и Натура МК спроведуваат обука за правилно индентификување и мапирање на видови дрвја - буката, костенот и дабот...

Во новата епизода на „Шорткат“ главната тема ни се идеите за справување со контаминираните подрачја

Чистењето на линданот во ОХИС, арсенот во Лојане и Табановце, шестовалентниот хром во Јегуновце, троската во велешката топилница и другите жешки еколошки точки може да биде и побрзо и поефикасно доколку се искористи енергетската трансформација на земјава во справувањето со контаминираните подрачја. Ова е нашата главна тема во најновата епизода на „Шорткат“. Во емисијата за млади го третираме и рангирањето...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...