fbpx
Таг: Египет

таг: Египет

Египет, Саудиска Арабија, УАЕ и Бахреин одлучуваат за судбината на Катар

Министрите за надворешни работи на Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и на Бахреин во Каиро имаат состанок за катарската криза. На состанокот ќе разговараат за реакцијата на Катар на 13 барања што четирите заливски држави ѝ ги доставија на Доха. Саудиска Арабија. Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет на 5 јуни објавија дека ги прекинуваат односите со Катар, а потоа на...

ИД ја презема одговорноста за нападот на коптите

Исламска држава ја презема одговорноста за нападот во Египет врз коптските христијани, пренесе агенцијата „Амак“, која е блиска до ИД. „Отсекот за безбедност на Исламска држава вчера изврши напад на автобус со копти“, објави ИД. Последниот биланс од нападот е 29 жртви, соопшти кабинетот на премиерот на Египет, Шериф Исмаил. Министерството за здравство вчера соопшти дека помеѓу жртвите има и голем...

Египет како одговор на масакрот бомбардираше кампови на терористите

Египетски борбени авиони ги нападнаа камповите на терористите по масакрот на коптски христијани во Египет, соопшти претседателот Абдел Фатах Сиси. Нападите се извршени во источниот дел на Либија. Претседателот на Египет вети дека ќе продолжи да ги напаѓа базите користени за обука на милитанти што вршат терористички напади во неговата земја, без оглед на чија територија се наоѓаат. Сиси нагласи дека...

Убиени 26 христијани при напад на автобус во Египет

Вооружени напаѓачи пукале на автобус кој превезувал коптски христијани во провинцијата Миња, при што, како што јавува „Раша тудеј“ загинале 26 лица, а 26 се повредени Нападот се случил додека коптите патувале од провинцијата Бени Суеф до манастирот Анба Самуел, во близина на Миња. На местото на нападот се наоѓаат голем број амбулантни возила кои превезуваат повредени во околните болници Христијаните...

Израел ја затвори границата кон Египет поради страв од напади

Израелските власти денеска одлучија да им забранат на Израелците да одат во Египет преку преминот Таба поради можни напади. Израелците нема да можат да влегуваат на Синајскиот Полуостров, но ќе им биде дозволено преку овој премин да се вратат во Израел, јавуваат израелските медиуми. Од граѓаните кои се на Синај е побарано да се вратат. На странските државјани и понатаму им е...

Во Египет прогласена тримесечна вонредна состојба

Египетскиот претседател Абдула Фатах ал Сиси прогласи тримесечна вонредна состојба по нападот на две коптски цркви, во кои загинаа 44 лица. Мерката им овозможува на властите апсење и претрес без налог. Пред самите мерки, беше потребно одобрение од парламентот. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападите во Танта и во Александрија, кои се случија за време на христијанскиот празник Цветници. Сиси по...

Серија напади врз цркви во Египет, патријархот неповреден

Во серија бомбашки напади што денеска го потресоа Египет, беа нападнати коптски православни цркви при што загинаа 36 луѓе, а во еден од нападите патријархот на Коптската православна црква служел литургија во текот на нападот, но е неповреден.Денеска Коптската црква, како и другите православни цркви го празнуваа Цветници. Одговорноста за нападите ја превзеде теорористичката организација Исламска држава. Првиот напад со бомба...

Најмалку 15 лица загинаа а повеќе од 40 се повредени во црква во Египет

Најмалку 15 луѓе ги загубиле животите а над 40 се тешко повредени во експлозија во Коптската православна црква „Свети Ѓорѓи“ во Танта, Египет. Гратчето е близу Каиро, а коптските правослани христијани сочинуваат околу 10 отсто од 85 милионското население на Египет, потсетува египетската телевизија „Ал Арабија“. Телевизијата известува дека уште не се знае причината за експлозијата и потсетува дека Коптите...

Во Египет осудени 56 лица поради бродска несреќа во која загинаа 200 мигранти

Египетскиот суд осуди 56 лица на затворска казна поради поврзаност со превртувањето на бродот со мигранти минатата година во септември, кога загинаа 200 лица. Осудениците добија казна до 14 години затвор, а меѓу делата за кои се осудени се убиство, убиство без предумисла и небрежност, пренесува „Би-би-си“. Исто така, има осудени и за загрозување животи, земање пари од жртвите, некористење на спасувачка...

Во Египет уапсени 22 лица на протестите против смртни казни

Египетската полиција уапсила 22 лица поради предизвикување немири за време на протестите организирани поради изрекување смртна казна за 10 лица, обвинети за убиства и за други прекршоци за време на фудбалскиот натпревар во 2012 година. Протестите беа организирани вчера поради одлуката на египетскиот апелациски суд да ја потврди пресудата за смртна казна, а некои од учесниците палеле гуми, запалиле две...

Иванов: Армиите на Македонија и на Египет се во слична позиција и мора да соработуваат

Неопходна е соработка на нашите безбедносни и армиски сили со Египет, која и досега е извонредна, оценува претседателот на државата, Ѓорге Иванов, кој е во работна посета на Египет, каде учествува на меѓународниот форум посветен на безбедноста во време на екстремизам и на насилство. Според Иванов, армиите на двете држави се во слична позиција и ја имаат клучната улога во...

Иванов и Ал Сиси се договориле за меѓуармиска соработка

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска во Каиро се сретна со претседателот на Арапската Република Египет, Абдел Фатах ал Сиси, со кој разговарал за воспоставената соработка меѓу разузнавањето и безбедносните служби на двете држави со потреба од градење на заеднички капацитети за одговор во борбата против тероризмот, намалување на ризиците од илегалната миграција, електронското војување и сајбер-одбраната. „Во тој...

Иванов: Тероризмот е резултат на погрешното толкување на религијата

Борбата против тероризмот не смее да ги ограничи човековите права, порача претседателот Ѓорге Иванов, на форумот што денеска се одржа во Каиро на тема „Демократската безбедност во време на екстремизам и насилство“, во организација Александриската библиотека и на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“. Иванов истакна дека борејќи се против тероризмот и екстремизмот, современата држава ги проширува своите овластувања и надлежности, и...

Претседателот Иванов во работна посета на Египет

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска до 16 јануари ќе престојува во работна посета на Арапската Република Египет, каде што ќе учествува на Форум на високо ниво во организација на Александриската библиотека и на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“, што се одржува во Каиро. Иванов ќе се обрати на воведната сесија на форумот, насловена „Демократска безбедност во време на...

Во бомбашки напад на Синај, убиени пет полицајци

Пет полицајци загинаа, а десетмина се повредени при напад врз контролен пункт во северниот дел на Синај, соопшти денеска египетската полиција. Како што јавуваат египетските медиуми, меѓу повредените има и цивили. Полицијата нагласи дека напаѓачите подметнале бомба во едно возило, а од експлозијата целосно се уништени три ката на контролната зграда. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Во Египет уапсен новинар на „Ал Џезира“

Египетската полиција соопшти дека уапсила новинар на телевизијата „Ал Џезира“. Властите во Египет ја обвинуваат телевизијата дека ја поддржува исламската опозиција. Канцеларијата на обвинителот соопшти дека новинарот Махмуд Хусеин е обвинет за поттикнување насилство, објавување лажни вести и дека припаѓа на забранетото движење Муслимански браќа. Тој бил уапсен вчера во неговиот дом, неколку дена откако се вратил од одмор, соопштија претставници на...

Пронајдени траги од експлозив кај жртвите од несреќата на „Иџипт ер“

Тимот што ја истражува несреќата со падот на авионот на „Иџипт ер“, која се случи во мај годинава, денеска соопштил дека на телата на жртвите биле пронајдени траги од експлозив, јавуваат светските медиуми. Ваквите наоди ги зголемуваат сомневањата дека авионот веројатно бил намерно урнат. Од египетското министерство за цивилна воздухопловидба денеска соопштиле дека, според законите во Египет, истрагата за случајот ќе...

Експлозија во Каиро, загинаа шест полицајци

Шест полицајци загинаа, а седум лица се повредени во експлозија во Каиро, соопштија безбедносни извори. Бомбата експлодирала во контејнер кај контролен пункт. Во експлозијата ранети се тројца полицајци и четворица цивили. Засега никој не ја презема одговорноста за нападот. Експлозијата се случила во улица која води кон пирамидите.

Египетскиот суд му ја потврди 20-годишната затворска казна на Мохамед Морси

Египетскиот суд ја потврдил 20-годишната затворска казна на поранешниот претседател на земјата, Мохамед Морси, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на извори од египетското правосудство. Ова е прва правосилна пресуда против Морси во врска со обвинението кое го товари за убиство на демонстранти за време на протестите во 2012 година. Морси, кој беше првиот демократски избран претседател на Египет, се соочува со...

Напад на воен пункт во Египет, 12 загинати

Најмалку 12 војници загинаа, а осум се ранети во напад кој екстремистите го извршиле на воен пункт на Синајскиот полуостров, соопшти египетската власт. Нападот се случил 80 километри западно од Суецкиот канал. Бранови на насилство во последниот период се зачестени на Синајскиот полуостров, но во другите делови на Египет насилството опаѓа. Египет со години се бори против екстремистите кои се на чело...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...