сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Едвард Кукан | 52 резултати

Јанева и СЈО се повлекоа од камерите, a не ги коментираат ни изјавите на ЕК, Хан и на Кукан

ноември 11, 2016

Специјалното јавно обвинителство не ги коментира изјавите на еврокомесарот Јоханес Хан и наодите од извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, во делот за работата на СЈО, како и изјавите на европратеникот Едвард Кукан. Од СЈО во средата побаравме, но не добивме коментар на изјавите и на извештајот, а вчера откако се јавивме во […]

Кукан за „Мета“: СЈО независно да си ја врши работата во предвидениот мандат

ноември 9, 2016

Известувачите за Македонија, во изменет состав, со Кнут Флекенштајн на местото на Ричард Ховит, будно го следат развојот на настаните во земјата кои водат кон избори и засега нема никаков развој на други сценарија, оцени за „Мета“ известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Едвард Кукан. – Специјалното јавно обвинителство треба да биде независно во вршењето […]

Кукан: Се надевам дека СЈО ќе ја добие поддршката и почитта од институциите

октомври 5, 2016

Европратеникот Едуард Кукан денеска за „Мета“ изрази надеж дека Специјалното јавно обвинителство ќе ја добие поддршката од демократските институции и од политичарите во Македонија. – Целосно ја поддржувам независноста на Специјалното јавно обвинителство во рамките на Договорот од Пржино. Се надевам дека оваа институција ќе донесе правда за случаите што се појавија за време на политичката […]

Хан и европратениците Ховит, Вајгл и Кукан во Стразбур разговарале за Македонија

септември 13, 2016

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска во Стразбур се сретнал со тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, со кои разговарал за политичката состојба во Македонија. По средбата, на својот твитер-профил Хан потсети на потребата од веродостојни избори. „Стразбур: Добар разговор со Ричард Ховит, Иво Вајл и со Едвард Кукан за развојот на настаните […]

Европратениците ги повикаа партиите да работат одговорно и во интерес на државата

септември 1, 2016

Европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл, посредници на Договорот од Пржино, денеска го поздравија постигнатиот договор меѓу четирите главни политички партии за продолжување на имплементацијата на Договорот и на обврските преземени на 20 јули годинава, кои вклучуваат и подобрување на медиумската ситуација во земјата, како и согласноста предвремените парламентарни избори да се одржат […]

Вајгл, Кукан и Ховит повикаа на одговорност на лидерите во интерес на граѓаните

мај 19, 2016

Тројцата европарламентарци Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан кои посредуваа во постигнувањето на Договорот од Пржино денеска во заедничка изјава ја изразија својата загриженост поради неуспехот на четирите партии во земјава да постигнат заедничко решение за надминување на политичката криза, што, како што велат, води кон целосно распаѓање на Договорот. „Длабоко сме загрижени поради […]

Брисел: Следуваат сериозни последици, поддршка за мирните протести и за невладините организации

април 21, 2016

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, и европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгл денеска изразија жалење што лидерската средба со челниците на четирите најголеми партии во Македонија утре нема да се одржи во Виена. – Како еврокомесар и посредници од Европскиот парламент, жалиме што лидерската средба, планирана за 22 април во […]

ЕУ испратила покани до партиите за нова лидерска средба во Виена

април 18, 2016

Делегацијата на Европската Унија во Скопје испратила покани до политичките партии за лидерска средба планирана за петок во Виена, потврдија за „Мета“ од делегацијата. Европратениците Ричард Ховид, Евдард Кукан и Иво Вајгл ги повикале четворицата лидери, потписници на Договорот од Пржино, в петок да се сретнат во Виена. На средбата, според најавите, поканет е и […]

Брисел потврдува: Лидерска средба ќе има, но не се знае кога и каде

април 18, 2016

Европската комисија засега не потврдува дали политичките лидери в петок во Виена ќе имаат средба со тројцата европратеници Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит и со еврокомесарот за проширување, Јонаес Хан. – Не можеме да го потврдиме состанокот, но секако комесарот Хан е во постојан контакт со политичките лидери во земјата, европратениците и со […]

Вајгл, Ховит и Кукан: Одлуката на Иванов ја загрозува стабилноста на Македонија

април 13, 2016

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои посредуваа во разговорите меѓу политичките партии од кои произлезе Договорот од Пржино, денеска изразија длабока загриженост поради развојот на настаните во Скопје. Тие ги повикаа главните политички партии да работат заедно во интерес на граѓаните на државата и да се вратат на својата посветеност на тоа што […]

Итна средба на Хан со Вајгл, Ховит и со Кукан за Македонија

април 13, 2016

Еврокомесарот за добрососедска политика и за проширување, Јоханес Хан, утрово има итна средба со посредниците од Договорот од Пржино, европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги прекине судските процеси против политичките лидери. Информацијата за средбата ја соопшти Ховит, кој на „Твитер“, покрај фотографијата од средбата, […]

Вајгл, Ховит и Кукан го поздравија новиот датум за избори

февруари 24, 2016

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои беа медијатори за постигнување на Договорот од Пржино, по разговорите со партиите во Скопје, го поздравија гласањето на Собранието да постави нов датум за одржување на парламентарните избори на 5 јуни 2016, но инсистираат договорот на сите партии да остане од суштинско значење и да се исполнат […]

Ховит, Кукан и Вајгл жалат што политичките партии не нашле консензус

февруари 24, 2016

Европскиот парламент инсистира сите политички партии да останат посветени на исполнување на сите аспекти од Договорот од Пржино, изјави за „Мета“ европратеникот Ричард Ховит, еден од тројцата медијаторите кои денеска се сретнаа со политичките партии пред истекот на синоќешниот краен рок. – Жалиме за пропуштената можност да се најде консензус меѓу сите партии. Се надеваме […]

Ахмети: Сите партии треба да учествуваат во носењето на вечерашната одлука во Собранието

февруари 23, 2016

Сите потписници на Договорот од Пржино треба да учествуваат во усвојувањето на вечерашната одлука во Собранието, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со европратениците, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. Според Ахмети, би било грешка да се донесе одлука без учество на сите страни. – Секако, и во овој случај, фанатично го […]

Тачи: Македонија да остане на патот кон Европа и НАТО

февруари 23, 2016

ДПА ќе продолжи да дава придонес во овие критични моменти Македонија да не го напушти патот кон Европа и НАТО, изјавил лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. – Жал ми е што и пред европратениците и пред јавноста денеска уште еднаш се потврди мојата […]

Ховит, Вајгл и Кукан ќе го спасуваат Договорот од Пржино

февруари 23, 2016

Тројцата европратеници Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска ќе се обидат да ги приближат ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Тие вчера допатуваа во Скопје, а денеска ќе имаат средби со политичките партии потиписнички на Договорот од Пржино. Засега нема информации дали европратениците ќе имаат и заедничка средба со лидерите […]

Ховит, Вајгл и Кукан вечерва доаѓаат во Скопје

февруари 22, 2016

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан вечерва ќе допатуваат во Скопје, дознава „Мета“ од извори од Брисел. Бриселската тројка, која заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваше во носењето на Договорот од Пржино, во текот на утрешниот ден ќе се обиде да ги приближи ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. […]

Хан, Вајгл, Кукан и Ховит во Брисел разговараа за состојбата во Македонија

февруари 3, 2016

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска се сретнал со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, со кои разговарал за политичката ситуација во Македонија. Хан на својот официјален твитер-профил сподели слика од средбата и напиша: „Состанок за Поранешна југословенска република Македонија со европарламентарците, Кукан, Вајгл и Ховит“. Meeting on former Yugoslav […]

Каде ни се посредниците: Хан во Јордан, па во Либан, Кукан во Уганда, Ванхауте и Ховит во Брисел

јануари 28, 2016

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, се очекува да ја посети Македонија во средината на февруари, но од неговиот кабинет сè уште не го соопштуваат официјалниот датум. Тој денеска е во Аман, Јордан, каде што ќе се сретне со премиерот Абдула Енсур, со кој ќе разговара за потребата за продлабочување на соработката […]

ДИК ги информираше европратениците за активностите на комисијата

јануари 12, 2016

Членовите на Државната изборна комисија денеска одржаа работна средба со тројцата членови на Европскиот парламент – Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан, соопштија од ДИК. Претставниците на Европскиот парламент, како што се наведува во соопштението, се интересирале за активностите што се преземени од Државната изборна комисија и за предизвиците со кои таа се соочува. „Од […]

Страна 2 од 3