fbpx
Таг: едукација

таг: едукација

НБРМ објави едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација

Народната банка на Македонија ја објави првата едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација со наслов „Заработете и штедете“, која што е достапна за слободно преземање од интернет-страницата на централната банка, како апликација. „Играта „Заработете и штедете“ е замислена, преку забава, да предизвика поголем интерес кај младата популација за штедењето и финансиите и со тоа да го збогати нивното знаење...

Богов: Граѓаните треба финансиски да се едуцираат, за да се избегнат ризици

Многу од проблемите при глобалната финансиска криза беа предизвикани од недоволната информираност и знаење на потрошувачите, рече денеска гувернерот Димитар Богов на отворање на настанот „Денови на финансиската писменост“ во „Скопје сити мол“ кој ќе трае до недела. Затоа, како што кажа, важно е инстититуциите да ги едуцираат граѓаните за основните познавања од финансиската сфера. „Она што во минатото беше читањето...

Се одбележува Глобалната недела на парите, младите ќе учат да штедат

Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација ја одбележува Глобалната недела на парите од 12 до 18 март, а активностите ќе продолжат во текот на целиот месец. Ова тело го сочинуваат Народна банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност, кои во соработка со Бирото за развој на образованието и Сојузот...

Како образовниот систем да се справи со предизвикот на медиумската писменост

На полето на медиумска писменост во образованието се работи, но недоволно и несистематски, беше заклучокот од конференцијата со наслов „Медиумската писменост во Македонија: во или вон образованието“, која се одржа денес во Скопје во организација на Високата школа за новинарство и односи со јавноста. Едукацијата за медиумската писменост е неопходна во основното и средното образование во земјава, но прашањето е...

Дескоска на Светски конгрес на отворени образовни ресурси во Љубљана

Министерката за образование и наука, Рената Дескоска, учествува на Вториот светски конгрес на отворени образовни ресурси (ООР), кој се одржува од 18 до 20 септември во Љубљана во организација на УНЕСКО и на Владата на Република Словенија. Годинешната тема на конгресот е „ООР за инклузивно образование и образование со еднаков квалитет: Од посветеност до акција“, а ќе бидат одбележани 15-годишнината...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ направи цунами во здравството

„Ова што го прави СДС на сопствениот народ и држава е рамно на цунами. Изминативе 100 дена од доаѓањето на власт неспособната влада на СДС ветуваше разно-разни реформи и подобрување на услугите во здравството, а од сето тоа македонските граѓани не видоа ништо“, обвини денеска Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција пред Министерство за здравство. Таа рече дека владата на...

„Мост“: Изборите поминаа со низа нерегуларности и притисоци врз гласачите

Граѓанската асоцијација „Мост“ оценува дека изборниот ден поминал со висока излезност на граѓаните, имало нерегуларности во постапката на гласање и постоеле сериозни индиции за поткуп и за притисоци врз гласачите на одредени гласачки места. Набљудувачите на гласачките места забележале агитирање на гласачи, зголемен број на случаи на фотографирање на гласачките ливчиња зад параваните, што според нив, укажува на индиции за...

Стопанска комора на Македонија и Народна банка потпишаа меморандум за соработка

Стопанската комора на Македонија и Народната банка потпишаа меморандум за соработка во областа на унапредување на финансиската едукација. Целта на оваа соработка е да се подигне финансиската свест кај населението во земјата, да се подобри финансиската писменост кај младото и возрасното население и тоа да стекне соодветни вештини и знаења што ќе му овозможат да донесува рационални и ефективни одлуки...

Кулинарски специјалитет од Тајланд предизвикува рак на црниот дроб

Тим научници и лекари од Тајланд се обидуваат да ги сменат навиките за исхрана на дел од населението во североисточниот дел од земјата, откако било откриено дека кулинарскиот специјалитет што го подготвуваат од свежа риба е главниот виновник за големата стапка на заболени од рак на црниот дроб, се вели во сторијата објавена од „Би-Би-Си“. Јадењето кое се нарекува „кои...

Финансиска едукација за учениците преку интерактивна детска игра

Преку интерактивна детска игра, учениците од ОУ „Александар Македонски“ денеска имаа можност да се запознаат со постоењето на финансиските ризици, а индиректно со тоа да се запознаат со тоа дека осигурувањето претставува важен елемент како да се справат со тие ризици. Кампањата е дел од одбележувањето на „Глобалната недела на парите“, во организација на Агенцијата за супервизија на осигурување...

Македонски специјалисти ќе се едуцираат во Лион

Македонски лекари-специјалисти за гастроентерохепатологија, дигестивна хирургија, анестезиологија и за патологија ќе заминат на повеќемесечна едукација во реномираниот францускиот Универзитетски клинички центар во Лион. Како што соопшти Министерството за здравство, станува збор за едукација фокусирана на трансплантација на црн дроб. Едукацијата беше договорена за време на денешната средба на министерот за здравство Никола Тодоров, со проф. Оливие Бојлд, докажан експерт во...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...