fbpx
Таг: ДЗС

таг: ДЗС

Попис 2021: Бугарско државјанство имаат помалку од 20.000 жители во земјава

Околу три проценти од резидентното население во земјава има двојно државјанство, а најголемиот дел од нив имаат покрај македонско имаат и бугарско државјанство, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени од Пописот 2021. Бројките покажуваат дека 19.761 лица од резидентното население во земјава имале бугарско државјанство. Притоа, 19.645 лица имале двојно, македонско и бугарско државјанство, додека 116 лица...

Обемот на несобран отпад низ годините расте, општините ја кочат изградбата на регионалните депонии [инфографик]

Проблемот со управувањето на отпадот во Македонија продолжува да расте, а главната опасност е можноста за создавање на нови диви депонии низ општините. Податоците низ годините покажуваат дека количеството на создаден комунален отпад од граѓаните и компаниите се зголемува побрзо од обемот на отпад што можат да го соберат јавните комунални претпријатија низ општините. Според податоците на Државниот завод за...

Просечната нето-плата во земјава зголемена за 6,8 отсто во февруари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2022 година во земјава, изнесувала 29.839 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 106,8. Ваквото зголемување на просечната нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен...

Железницата исчезнува: Возовите со нов рекорд на најмалку превезени патници [инфографик]

Патничкиот железнички сообраќај во Македонија и во 2021 година продолжил да руши неславни историски бројки според бројот на превезени патници. Според податоците на Државниот завод за статистика, со возови лани патувале само 252.000 патници, што е помалку и од 2020 година и претставува убедливо најлош резултат во историјата на постоење на Македонските железници. Најеколошкото и најевтино средство за масовен превоз...

Попис 2021: Бројот на атеисти е 8.764, бројот на агностици сега е за лица кои не се изјасниле

Наместо 355, вкупно 8.764 граѓани од земјава се изјасниле дека се атеисти на минатогодишниот попис спроведен од Државниот завод за статистика (ДЗС). Согласно со ова, атеисти се 0,48 отсто од вкупното резидентно население во Македонија. Воедно, во ново објавената табела агностиците ги снема од списокот, додека лицата кои не се изјасниле за религиозната припадност сега се 1.964 (0,11 отсто),...

Попис 2021: Будисти и Јеховини сведоци има повеќе од атеисти [инфографик]

Населението кое живее во Македонија прикажало силна приврзаност со религијата, на спроведениот попис лани од Државниот завод за статистика (ДЗС). Само 355 лица на минатогодишниот попис се впишале како атеисти (0,02 отсто од резидентното население), додека дополнителни 1.964 лица се изјасниле за агностици (0,11 отсто). Заедно со нив, 16 лица воопшто не се изјасниле во делот на религиозната припадност,...

Попис 2021: Бојкотирале 6,31 отсто или околу 130.000 граѓани [инфографик]

На Пописот 2021, податоците за околу 130.000 лица Државниот завод за статистика ги преземал од „административни извори“, односно од други бази на податоци кои ги водат државните органи. Станува збор за 6,31 отсто од вкупното резидентно и нерезидентно население на земјава, односно од сите лица кои живеат во Македонија и од дијаспората. Овие лица се вметнати во посебна ставка...

Според пописот, во Македонија има 3.504 Бугари, а само 762 зборуваат бугарски дома

Во Северна Македонија живеат вкупно 3.504 лица што се изјасниле како Бугари на пописот што се спроведе минатата година, а чии резултати беа соопштени денеска. Бројката на оние што се изјасниле дека дома вообичаено зборуваат бугарски е 762 лица, односно четири и кусур пати помалку од бројката на Бугари. Оваа бројка е отприлика двојно помала од бројката на лица што...

Попис 2021: Во Македонија има 1.836.713 жители, од кои 526.502 лица живеат во Скопје

На Пописот што се спроведе минатата година се попишани вкупно 2.097.319 лица, од кои 1.836.713 се резидентно население што живее во Македонија, додека 260.606 се нерезидентно население, изјави на денешната презентација на резултатите директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски. Од нив, во македонскиот главен град Скопје живеат 526.502 лица, односно бројот на населението е зголемен за 3,9 отсто...

ЕУ ја критикува Северна Македонија за 1.000 диви депонии и десетици диви комунални депонии

Исполнување на „Зелената агенда“ е многу важен чекор во патешествието на Северна Македонија кон Европската Унија. Во последниот извештај за напредокот објавен од Европската комисија нашата земја доби голем број критики во однос на животната средина и екологијата. Државните институции треба да ја подобрат меѓусекторската координација, да ги зголемат средствата за намалување на загадувањето на воздухот и да преземат...

Стручна анализа на професорот Никола Крстаноски: Зошто младите не сакаат да користат јавен превоз?

По објавената анкета на тема користењето на услугите на јавниот превоз од страна на младите, која што Мета.мк ја спроведе заедно со „Студентарија“, универзитетскиот професор на Отсекот сообраќај и транспорт при Техничкиот факултет во Битола, д-р Никола Крстаноски го дава своето стручно мислење во однос на тоа зошто интересот на младите за користење на јавниот превоз постојано се намалува,...

Цените на мало во февруари зголемени за 8,6 отсто во споредба со истиот месец лани

Раст на инфлацијата, односно трошоците на животот, во февруари 2022 година за 7,6 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Цените на мало пак во вториот месец од годинава се зголемени за 8,6 отсто во однос на февруари 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. За една година, најголем раст кај цените на мало е забележан во...

ДЗС: Бруто-домашниот производ лани пораснал за 4 отсто

Бруто-домашниот производ (БДП) во четвртиот квартал од минатата година пораснал за 2,3 отсто, со што земјава ја завршила 2021 година со зголемување на БДП-то за 4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемувањето на БДП-то минатата година е резултат првенствено на неговиот пораст во вториот квартал, кога статистичарите регистрираа негов раст за 13,4 отсто во однос на второто...

ДЗС: Податоците од пописот ќе се објават до крајот на март

попис прифатен центар визбегово фото: МТСП
Државниот завод за статистика (ДЗС) во изјава за Порталб.мк најавува дека резултатите од пописот на населението и домаќинствата ќе бидат објавени до крајот на март, кога истекува законскиот рок, пишува Порталб.мк. „Резултатите од Пописот 2021 година ќе бидат објавени најдоцна до крајот на март 2022 година. За точниот датум јавноста ќе биде навреме информирана“, велат за Порталб.мк од ДЗС. Претходно ДЗС,најави...

Глобалното затоплување присутно во земјава, и лани температурите биле над просекот [инфографик]

Во 2021 година во Северна Македонија имало температури на воздухот коишто продолжиле да ги одразуваат трендовите на глобалното затоплување, со позитивни отстапувања кај температурите од нормалата за речиси цела земја. Ова е заклучокот наведен во Годишниот извештај на Управата за хидрометеоролошки работи за 2021 година (УХМР), изготвен од авторката м-р Александра Стевков од Секторот за метеорологија при УХМР, којшто...

Герасимовски: Никогаш не сме имале толку висока смртност кај населението [инфографик]

Наталитетот е намален, а со помалку живородени деца населението старее. Старечкото население преовладува, па следствено на тоа и смртноста на ниво на државата расте. Сепак, во последните три години, бележиме високи бројки на починати лица, какви што сме немале никогаш досега. Овие заклучоци за Мета.мк ги потенцира Дончо Герасимовски, специјалист во областа на статистиката и поранешен директор на Државниот завод...

Новата влада ќе треба да го забрани увозот на возила со под ЕУРО 5 стандарди [инфографик]

Помина една година од изјавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови во земјава. Тој забраната за увоз на возила постари од 10 години најави дека ќе се реализира во текот на 2021 година, за кон крајот на минатата година Министерството за...

Цената на струјата ќе расте, само 14 отсто од домаќинствата имаат соларни колектори [инфографик]

Додека се редат мноштво анализи за процентот на поскапување на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи во земјава, статистичките податоци покажуваат дека мнозинството домаќинства немаат алтернативни извори за снабдување со струја, коишто би можеле да им ги намалат месечните сметки кон ЕВН Хоум. Државниот завод за статитистика деновиве излезе со податоци за тоа каква е ситуацијата со инсталираните сончеви...

Наместо печки на дрва, сончевите колектори се спас од аерозагадувањето и за поевтина струја

Меѓународната енергетска криза, која што влијаеше на енормно зголемување на цените на електричната и топлинската енергија, го вклучи „црвениот аларм“ кај граѓаните во земјава. Прашањата за висината на сметките за струја од 1 јануари 2022 година, пропратени со шпекулациите дека ќе има рестрикции на електрична енергија, ги стимулираа граѓаните есенва да се пренасочат кон набавка на печки на дрва,...

Пожарите летово најголеми во изминатава деценија, проголтаа над 11.000 хектари шума [инфографик]

Шумските пожари коишто изминатово лето ја зафатија Македонија се најголемите во изминатава деценија. За само четири месеци, во периодот од јуни до септември 2021 година, имало 142 шумски пожари во кои биле зафатени 11.420 хектари површина под шума, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Поради обемот на настанатата катастрофа, ДЗС заедно со ЈП Национални шуми изработија дополнително статистичко...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...