fbpx
Таг: ДЗС

таг: ДЗС

Далеку сме од енергетска ефикасност, некои граѓани немаат бања и кујна во домовите [инфографик]

Енергетската ефикасност и производството на електрична енергија од сончеви колектори се неостварлива реалност за најголем дел од македонските домови, а дел од граѓаните во земјава се соочуваат со проблем за задоволување на најосновните животни потреби од минатиот век - вода за пиење, канализација и струја. Државниот завод за статистика (ДЗС) го објави најновиот сет на податоци добиени од пописот...

Полициски хеликоптер од утринава го гасне пожарот во околината на Берово

Еден полициски хеликоптер од утринава интензивно го гасне пожарот во беровскиот регион, а авионот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот, изјави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Во моментов на терен меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на ЈП Национални...

Инфлацијата во јуни се искачила на 14,5 отсто, зејтинот за една година поскапел за над 50 отсто

Инфлацијата во земјава во текот на јуни достигнала нов рекорд од 14,5 отсто, во споредба со идентичниот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Растот на трошоците на живот најмногу се чувствува кај прехранбените производи и транспортот. Па така, во јуни 2022 година маслото и мастите поскапеле за 51,1 отсто во однос на истиот месец од минатата година,...

Рушиме рекорди, во летниот период потрошувачката на вода за пиење се зголемува за 15 отсто [инфографик]

Општата хидролошка состојба во државата не е поволна, а тоа се одразува и на издашноста на изворот „Рашче“ од каде Скопје се снабдува со вода за пиење. Во моментов, двете каптажи на изворот „Рашче“ даваат околу 3.600 литри во секунда, информираат за Мета.мк од скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“. И покрај намалената издашност поради сушниот период, во периодите...

Над 60 отсто од фекалиите завршувааат непречистени во реките и езерата, се чекаат пречистителните станици [инфографик]

Количеството на отпадни води што ги создале македонските домаќинства и компании во 2021 година се зголемило, но и понатаму 62 отсто од создадените фекалии во земјава се вливаат како непречистени во реките, езерата и подземните води и го загадуваат водното богатство на земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), само 38 отсто од отпадните води лани биле пречистени...

Просечната нето-плата се искачи на 31.525 денари, во април е зголемена за 10,9 отсто

Во април годинава просечната нето-плата во земјава изнесувала 31.525 денари и истата е зголемена за 10,9 отсто во споредба со идентичниот месец минатата година, објави Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување на платите во земјава се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување...

За една година регистрирани дополнителни 59.000 возила на македонските патишта [инфографик]

Бројот на граѓани и компании кои имаат сопствено возило за само една година се зголемил за загрижувачки 59.000. На крајот од 2021 година, во Македонија биле регистрирани 559.418 возила на патиштата, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во периодот на ковид-19 пандемијата, постои засилено зголемување на стапката на моторизација на населението во земјава. Колку за споредба, во...

Огромни 85,8 отсто од отпадните индустриски води се испуштаат непрочистени во природата [инфографик]

Испуштените води од индустријата во земјава во огромно мнозинство се вливаат како непречистени во македонските реки, езера и акумулации. Овој алармантен податок го објави Државниот завод за статистика и за 2021 година. Од вкупно испуштените води од индустријата, само 14,2 отсто лани биле пречистени. Преостанатите 85,8 отсто од индустриските води биле испуштени како непречистени во природата, се наведува во...

Инфлацијата во мај во земјава се искачи на 11,9 отсто

Нови загрижувачки бројки за инфлацијата - индексот на трошоците на животот во мај годинава, во однос на мај 2021 година, бележи зголемување од 11,9 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 12,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). За период од еден месец, индексот на трошоците на живот во мај годинава во однос на...

Посетителите „бавно“ се враќаат во кино-салите, филмската индустрија пред големи промени [инфографик]

Бројот на посетители во кино салите низ земјава минатата година изнесувал 170.567, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). По 2020 година, кога започна ковид пандемијата и се донесе одлука за затворање на кино салите, а со тоа и годишниот број на посетители значително се намали во споредба со пред-пандемискиот период, минатата 2021 е забележано благо зголемување на...

Рекордни 66,8 отсто од домаќинствата во земјава лани пријавиле дека поседуваат автомобил [инфографик]

Заштита на животната средина преку борбата против климатските промени и загадувањето на воздухот во градовите во Македонија се спроведува, ама теоретски. Во пракса, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека како никогаш досега во минатото, бројот на македонски домаќинства кои поседуваат патнички автомобил лани се искачил на 66,8 отсто. Спроведеното истражување на статистичарите покажува дека бројката на домаќинства кои...

Просечната нето-плата во март во земјава се искачи на 31.080 денари

Просечната нето-плата во земјава надмина 30.000 денари. Во март 2022 година, таа достигнала 31.080 деанри, што претставува зголемување од 10,1 отсто во споредба со исплатената нето-плата по вработен во март 2021 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). „Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и...

Open Data Conference: Јавниот интерес тежи на страната на правото за информирање, наспроти правото на приватност

Јавниот интерес ја воспоставува рамнотежата помеѓу основните човекови права и слободата на изразување/информирање и приватност. Доколку јавниот интерес преовладува над приватниот интерес, податоци и информации може да се обелоденат, без разлика дали тие претставуваат повреда на правата на приватност на одреден поединец или група. Ова, меѓу другото, беше речено на панелот „Етика и анонимизација на податоците“, на вториот ден...

Со такси се патува шест пати повеќе отколку со воз, иако е најеколошки транспорт [инфографик]

Поделбата на патници кај различните видови на превоз во меѓуградскиот и градскиот превоз во земјава покажува загрижувачки резултати од аспект на емисиите на стакленички гасови и учеството на транспортот во аерозагадувањето. Возот како најеколошко средство за масовен превоз на патници најмалку се користи, додека такси превозот било второто најкористено средство за јавен превоз лани во Македонија. Податоците на Државниот завод...

Трошоците за живот за една година скокнале за 10,5 отсто, маслото со повисоки цени од 31,9 отсто

Двоцифрена инфлација „тропа на вратата“ во Македонија. Трошоците за живот во април 2021 година во споредба со истиот месец лани се зголемени за 10,5 отсто, додека цените на мало пораснале за 11,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Споредено со март 2022 година, трошоците за живот во април пораснале за 2,2 отсто, додека цените на мало за...

ДЗС: 451.900 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата, од нив 30,3 отсто се деца до 17 години

Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на сиромашни граѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата во земјава во 2020 година изнесувал 451.900. Според Лаекенските индикатори за сиромаштија, стапката на сиромашни лица во 2020 година изнесувала 21,8 проценти, што е зголемување во однос на 2019 година кога тој процент изнесувал 21,6 проценти. Стапката на сиромаштија на...

Селекцијата лани минорно зголемена, 82,7 отсто од отпадот како мешан завршува на депонија [инфографик]

Селекцијата на отпадот останува неразрешлив проблем за македонските домаќинства и компании. И во 2021 година, најголем дел од комуналниот отпад што сме го создале, без било какво одвојување и фрлање во посебни контејнери, како измешано ѓубре завршило на депониите низ земјава. Според податоците од Државниот завод за статистика, дури 522.914 тони од собраното ѓубре по контејнерите е измешан комунален...

Попис 2021: Бугарско државјанство имаат помалку од 20.000 жители во земјава

Околу три проценти од резидентното население во земјава има двојно државјанство, а најголемиот дел од нив имаат покрај македонско имаат и бугарско државјанство, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика добиени од Пописот 2021. Бројките покажуваат дека 19.761 лица од резидентното население во земјава имале бугарско државјанство. Притоа, 19.645 лица имале двојно, македонско и бугарско државјанство, додека 116 лица...

Обемот на несобран отпад низ годините расте, општините ја кочат изградбата на регионалните депонии [инфографик]

Проблемот со управувањето на отпадот во Македонија продолжува да расте, а главната опасност е можноста за создавање на нови диви депонии низ општините. Податоците низ годините покажуваат дека количеството на создаден комунален отпад од граѓаните и компаниите се зголемува побрзо од обемот на отпад што можат да го соберат јавните комунални претпријатија низ општините. Според податоците на Државниот завод за...

Просечната нето-плата во земјава зголемена за 6,8 отсто во февруари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2022 година во земјава, изнесувала 29.839 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2022 година, во однос на февруари 2021 година, изнесува 106,8. Ваквото зголемување на просечната нето-плата се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен...

„Костал Македонија“ ќе вложи 50 милиони евра во фабрика за полначи на електрични возила

„Костал Македонија“ ќе инвестира нови 50 милиони евра во изградба на фабрика за производство на полначи за електрични и хибридни возила во периодот од јули 2023 до декември 2026...