Таг: ДЗС
таг: ДЗС
Зголемување на прометот на храна, пијалаци и на тутун во трговијата на мало
Во трговијата на мало, во јуни годинава во однос на истиот месец лани, зголемување на прометот е забележано кај храната, пијалаците и кај тутунот за 6 проценти, како и кај горивата за автомобили за 8,6 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Намалување на прометот во трговијата на мало е забележано во групата непрехранбени продукти, освен гориво, за 9,3 проценти.
ДЗС: Во некои региони потребна е дополнителна механизација за расчистување на снегот
Локалните власти во Зелениково, Чучер - Сандево и во Липково побарале дополнителна градежна механизација за справување со снежните наноси, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Од дирекцијата велат дека во регионите зафатени со снежни наноси, биле ангажирани четири градежни машини.
ДЗС, како што изјавуваат оттаму, била подготвена да интервенира со дополнителна механизација за справување со снежните наноси на поголем дел од територијата на...
ДЗС: Оспособени за сообраќај повеќе патни правци во општина Студеничани
Со ангажирање градежна механизација, во текот на денешниот ден оспособени за сообраќај на моторни возила се патните правци кон Долно и Горно Количани, Црвена Вода, Китка, Маркова Сушица, Цветово, Осинчани, Бела Црква, Елово и кон Црн Врв во општина Студеничани, додека на патниот правец кон викенд-населбата Мала Река сè уште се работи, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради вонредно...
ДЗС: Граѓаните да ги почитуваат препораките, a институциите да бидат на располагање
Граѓаните навремено да се информираат за промените во временските услови, да ги почитуваат одредбите за управување со возила во зимски услови и да се зголеми подготвеноста на институциите за да ги вклучат расположливите капацитети и средства, беше кажано на состанокот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) со надлежните институции, а во врска со најавените временски услови со поларна температура и...
Повторно поплавени дворови, подруми и гаражи во Стајковци
Жителите на Стајковци се повторно поплавени и на фејсбук-групата „Хуманитарна помош за настраданите од поплавите“ бараат помош. Граѓаните велат дека имаат потреба од волонтери кои би помогнале во исцрпувањето на водата од нивните гаражи и дворови.
Според тоа што е напишано во групата, целосно е поплавена и улицата 6, која се наоѓа на крајот на селото Стајковци, веднаш до обиколницата.
-...
ДЗС: Намален бројот на починати од насилна смрт за 10,7 отсто
Бројот на починати лица од насилна смрт во 2014 година е намален за 10,7 осто во споредба со претходната година и изнесува 493 лица, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците, умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,5 отсто.
„Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2014 година, како и во...
Бројот на осудени лица, зголемен за 22,5 проценти
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица - познати сторители во 2014 година, во споредба со 2013 година, е зголемен за 7,3 проценти.
Во 2014 година, во споредба со 2013 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 22,5 проценти, а бројот на обвинетите лица, исто така, е зголемен, за 11,4 проценти.
Бројот на пријавени...
Се очекува зголемување на градежните порачки
Се очекува вкупните порачки (договори) за градежни работи да се зголемат во наредните три
месеци, како и бројот на вработени, се вели во извештајот на Државниот завод за статистика.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и на опремата во првото тримесечје од 2015 година да ја надминат нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за...
Поплави во Кумановско, се излеале три реки
Три реки на територијата на општина Куманово се излеале, по обилните врнежи вчера и денеска наутро и поплавиле куќи, фарми, паркиралишта и пешачки патеки, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
- На територија на општина Куманово има излевање на Липковска Река, кај локалитетот „Водовод“, каде што се поплавени дел од паркиралиште со возила и пешачки патеки што служат за пристап...