fbpx
Таг: ДЗС

таг: ДЗС

И по Ласкарци, најголем дел од увезените автобуси се половни (инфографик)

И по тешката сообраќајна несреќа кај Ласкарци што се случи во февруари лани, Македонија продолжува со зголемување на увозот на половни автобуси и минибуси од странство за превоз на патници. Податоците од Царинската управа покажуваат дека не само што не се намалил, туку во 2019 година бил постигнат рекорд во увозот на стари и веќе употребувани превозни средства во...

Индексот на бројот на работници во индустријата во март опаднал за 4,5 отсто

Корона вирусот уште во март почнала да влијае на намалување на бројот на работници во македонската индустрија. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работници во индустријата во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 95,5. Намалувањето од 4,5 отсто за третиот месец од годинава влијаело и на вкупното намалување на индексот...

Индустриското производство во март се намалило за 13,4 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2020 година опаднал за 13,4 отсто во однос на март 2019 година. Индексот на индустриското производство во првиот квартал од годинава е намален за 3,7 отсто во споредба со периодот јануари - март 2019 година. Гледано по сектори, најголем пад на индустриското производство во текот на март...

Бројот на домашни и странски туристи во јануари зголемен за 12,7 отсто

55.266 домашни и странски туристи во јануари 2020 година ги посетиле туристичките локалитети во нашата земја, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевања изнесува 109.733. „Бројот на туристи во јануари 2020 година, во однос на јануари 2019 година, е зголемен за 12,7 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 6,9 отсто“, се вели во соопштението на...

Железницата лани со мал пораст во товарниот превоз, реформите чекаат нова влада (инфографик)

Железници на РСМ - Транспорт лани остварила минимален пораст на обемот на превезена стока во товарниот сообраќај, но каминскиот превоз и понатаму доминира во транспортот на стоки во нашата земја. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека со воз биле транспортирани 1.840.000 тони стока, додека со камиони во 2019 година биле превезени 69.395.000 тони. Во однос на остварените „тонски...

Лани воз користеле само 549.000 патници (инфографик)

Идентично како и претходните две години, 2019 година ќе биде запаметена како една од годините со најлоши резултати во функционирањето на патничкиот железнички сообраќај во земјава. Железници на РСМ - Транспорт лани успеало да превезе само 549.000 патници со воз на домашните и на меѓународните линии, односно за 9.000 патници повеќе во споредба со 2018 година. Малиот процентуален пораст кај...

Два милиони патници помалку: Неславна година за меѓуградскиот автобуски превоз (инфографик)

Стрмоглав пад на бројот на превезени патници е забележан во 2019 година кај меѓуградскиот автобуски превоз. Во изминатите 12 месеци биле превезени само 5.827.000 патници, односно за 2 милиони патници помалку во споредба со 2018 година. Како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, превозот со автобуси меѓу градовите за само осум години изгубил дури 10 милиони патници. Меѓуградскиот...

БиХ и лани била главен странски пазар на македонските градежници

Македонските градежни компании лани на странските пазари реализирале помалку проекти, но затоа пак успеале да склучат повеќе договори за градежни активности што допрва ќе се реализираат, покажуваат годишните податоци на Државниот завод за статистика. Извршените градежни работи на македонската оператива во странство лани изнесувале над 4,5 милиони евра, што е за 77,3 отсто помалку во споредба со 2018 година. Од...

Лани сме имале рекордни 1,2 милиони туристи, за 5,1 отсто повеќе од 2018-та

Македонија минатата година остварила рекорден резултат во бројката на домашни и странски туристи што ги посетиле туристичките локалитети. Во 2019 година се регистрирани 1.184.963 туристи, односно за 5,1 отсто повеќе во споредба со претходната година. Кај домашните туристи има зголемување од 1,9 отсто, додека порастот кај странските туристи е за 7,1 отсто во споредба со 2018 година. Како што...

Пад од 5,9 проценти на индустриското производство во декември лани

Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година, објави Државниот завод за статистика. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24,2 отсто, во секторот...

Бројот на туристи до ноември е зголемен за пет отсто во однос на 2018 година

Во периодот од јануари до ноември 2019 година вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 2,6 отсто во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата на домашните туристи остана на исто ниво, а кај странските има зголемување за 5,7 отсто. Туристичките локалитети во Македонија во периодот јануари - ноември 2019 година ги...

Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)

Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу побрзо од изградбата на нови објекти за паркирање, додека јавниот превоз бележи континуирано намалување на...

ДЗС: Невработеноста во земјава во третиот квартал намалена на 17,1 отсто

Стапката на невработеност во земјава во третиот квартал се спушти на 17,1 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Невработеноста е намалена за 0,4 отсто во споредба со претходниот квартал, додека во споредба со 2018 година таа е помала за 3,6 отсто. Статистичките податоци покажуваат дека во периодот јули - септември 2019 година бројот на невработени изнесувал 164.702. Бројката...

Полека замира железничкиот транспорт, се помалку патници со воз (инфографик)

Железници на РСМ - Транспорт во првите девет месеци од годинава успеало да превезе 401.000 патници, што е речиси истата бројка на граѓани што патувале со воз како и лани. Патничкиот железнички сообраќај е сведен на минимум, а податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во третиот квартал од годинава со воз патувале само 124.000 патници. Негативните резултати во...

Состојбите во преработувачката индустрија се поволни, но има недостиг на работници

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во преработувачката индустрија во октомври 2019, во однос на претходниот месец е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на септември 2019 година, објави Државниот завод за статистика. Оценката за економската состојба на деловните...

Босанскиот пазар им носи нова работа на македонските градежници во странство

Градежната оператива од земјава во првите девет месеци од годинава склучила договори за изведување на градежни работи во странство во вредност од 65 милиони евра, односно за 249,1 отсто повеќе во споредба со идентичниот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Истовремено, македонските градежници во периодот јануари - септември 2019 година извршиле градежни работи во странство во висина...

Во септември бројот на туристи пораснал за 12,8 отсто

Над 960.000 туристи, од кои над 600.000 странци, имале можност да се запознаат со нашата земја во првите девет месеци од годинава. Според податоците на Државниот завод за статистика, и во септември бил забележан пораст на бројката на туристи и остварени ноќевања во земјава. Бројот на туристи во деветтиот месец од годинава е зголемен за 12,8 отсто во споредба со...

Извозот во првите девет месеци се зголемил за 6,5 проценти

Во првите девет месеци, вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 5.377.820 илјади долари и бележи пораст од 6,5 проценти во однос на истиот период од лани, објави Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.910.889 илјади долари, што е за 4,8 проценти повеќе во споредба со истиот период од лани. Трговскиот дефицит, во периодот јануари...

Сѐ уште се возиме по илјадници километри локални патишта од земја и макадам (инфографик)

И во дваесет и првиот век, постојат стотици патишта во земјава по кои граѓаните сѐ уште возат по земја и макадам. Асфалт, бетон или коцка како коловоз имаат само 62,6 отсто од македонските патишта. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2018 година имало 4.191 километар земјени и непросечени патишта, додека на 1.251 километар се возело по...

Активни се девет пожари на територијата на целата држава

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски, вели дека активни се девет пожари на територијата на државата, а дел се гаснат со „ер-тракторите“. На социјалните мрежи осамнаа фотографии кои наводно се направени од сателит и на кои се гледа чадот од пожарите во Македонија. „До овој момент до Дирекцијата се стигнати повеќе барања за активирање на воздухопловите за помош...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...