fbpx
Таг: ДУП

таг: ДУП

Јана Белчева – Андреевска ќе ја предводи независната листа на советници во Центар

Јана Белчева-Андреевска, актуелен член на Советот на општина Центар ќе ја предводи листата на независната граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ на локалните избори во октомври. Таа денеска заедно со кандидатите за советници проф. д-р Дивна Пенчиќ и Јане Димески ја претставија својата платформа, за која од утре ќе собираат потписи. „Во 2017 ни ветија работа на средување на урбаниот хаос...

Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита до неговото прогласување за парк на природата

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за привремена заштита на Студенчишко Блато (Стр. 34-35). Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе...

„НаТочак“: Планот за кулите спроти „Холидеј Ин“ е автоцентричен, нема пристап за пешаци и велосипедисти

Автоцентричен, без соодветен број на пристапи за пешаци и велосипедисти. Ваков е ставот на граѓанската иницијатива „НаТочак“ во однос на планот за изградба на кули спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје. Од иницијативата велат дека планот за оваа локација мора да се стопира и да се преработи. Во спротивно ќе се поткопаат декларативните заложби за „зелен“ град, „велосипедски“...

„Зелен хуман град“ поднесе претставка до Инспекциски совет против ДУП-от кај „Холидеј ин“

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ денеска поднесе претставка против  издаденото одобрение за градба и преименуваниот ДУП кај „Холидеј Ин“. Претставката е испратена до трите надлежни инспекциски служби: Инспекциски совет, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам и Државен инспекторат за локална самоуправа, соопштија од Иницијативата. На фејсбук профилот, Иницијативата ги повика жителите на Скопје да ја поднесат истата претставка од своите...

Изградбата на првата дваесеткатница спроти Холидеј Ин може да почне

Инвеститорите МГ Фешн и Македонската православна црква може да отпочнат со изградба на кулата со приземје, 20 ката и поткровје на паркингот спроти хотелот Холидеј Ин во центарот на Скопје. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ во изјава за „360 Степени“ вели дека нема никакви пречки решението за градење на дваесеткатницата да стане правосилно. Со добивањето на градежната дозвола,...

Се вжештуваат реакциите на спротивставените страни за висококатниците кај Холидеј Ин

Секоја од спротивставените страни во однос на изградбата на висококатници на просторот спроти Холидеј Ин денеска излезе со пожестоки ставови во однос на темата. Жителите од Ново Маало, кои го поддржуваат инвеститорот МГ Фешн за изградба на трите висококатници, денеска до Владата на РСМ и Општина Центар доставија петиција со преку 330 потписи од жители на Ново Маало и...

За локацијата спроти „Холидеј Ин“, Асоцијација на архитекти бара да се почитува ГУП-от и јавниот интерес

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) и Академијата на архитекти како дел од Асоцијацијата, се произнесоа во врска со парцелите спроти хотелот „Холидеј Ин“ во центарот на Скопје, на кој треба да се градат висококатници. Тие укажуваат дека просторот е необновлив ресурс и треба со него да се ракува внимателно и со почит. „ААМ е за доследно почитување на целите,...

Општина Центар стравува од финансиска штета ако го суспендира ДУП за паркингот спроти Холидеј Ин

Советот на општина Центар на 63-та седница не донесе одлука за суспензија на Деталниот урбанистички план (ДУП) за локацијата спроти хотелот Холидеј Ин во центарот на Скопје. ДУП Голем Ринг јужен дел-исток продолжува да важи, а градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ објаснува дека суспензијата може да доведе до тужба кон општината и финансиска штета што ќе треба да...

Георгиевски: Во Гази Баба површините за загадувачка индустрија не се зголемени, туку намалени

Општина Гази Баба носи Детални урбанистички планови (ДУП-ови) согласно Генералниот урбанистички план (ГУП) и согласно законите и површините наменети за загадувачка индустрија, наспроти шпекулациите, не се зголемени, туку се намалени, порача градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски на денешната прес-конференција. „Не, сосема спротивно. ДУП-от предвидува намалување на Г1 индустријата за 30 проценти, или, ако сакате, за околу 100 хектари се...

Во ДУП-от спроти Холидеј Ин на три парцели е дозволена изградба на 60-катници

Инвеститорот МГ Фешн на вчерашната презентација на станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“ информираше дека на парцелата 1.1 на паркингот спроти Холидеј Ин ќе градат три висококатници од 16, 20 и 22 ката, иако ДУП-от Голем Ринг јужен дел-исток им овозможува да изградат кула висока и до 60 ката. Актуелниот ДУП за оваа локација, која што опфаќа и дел од Ново...

Три висококатници од по 16, 20 и 22 ката ќе се градат на постојниот паркинг спроти хотелот Холидеј Ин

Инвеститорот МГ Фешн на постојниот паркинг спроти хотелот Холидеј Ин планира да изгради три висококатници од по 16, 20 и 22 ката. Станбено-деловниот комплекс „Гранд Скопје“ е предвидено да се гради на градежната парцела 1.1 од постојниот ДУП за локалитетот Голем Ринг јужен дел - исток. Управителот на МГ Фешн Илија Божиновски на денешното претставување на проектот напомена дека комплексот...

Архитекти, професори и граѓански организации бараат од Заев поддршка за суспензија на ДУП-от спроти Холидеј Ин

Неколку граѓански организации, универзитетски професори, архитекти и медиуми упатија јавен повик до премиерот Зоран Заев за поддршка на суспензијата од Општина Центар за Деталниот урбанистички план ЦО8 за паркингот спроти хотелот Холидеј Ин, како и други ДУП-ови во Општина Центар што не се усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Во барањето се повикуваат Министерството за транспорт и врски...

Не секоја дивоградба ќе може да се легализира, особено во старите заштитени зони на градовите, вели Бочварски

Министерството за транспорт и врски се понуди да го изработи урбанистичкиот план за целото крајбрежје на Охридскиот регион, како и да ги усогласи ДУП-овите на општините со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион што е предвиден од УНЕСКО. За ова на денешната прес-конференција информираше министерот за транспорт и врски Благоја Бочварски. Во однос на новите...

Уставниот суд го укина мораториумот за градење во Општина Центар

Уставниот суд на вчерашната одржана седница ја укина одлуката за забрана за градење во Општина Центар. Со ваквата одлука, се враќаат на сила досегашните детални урбанистички планови (ДУП), по кои ќе може да се гради во оваа скопска општина. „Уставниот суд ја укина Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, бр.08-1859/2 од 27.03.2019 година, донесен од Советот на...

Порталб: Општина Сарај го претстави ДУП-от за езеро Треска, Беџети тврди Треска ќе стане вистинска атракција

Спортско-рекреативен центар, базени, аквапарк, простор за забава за деца и возрасни, викенд куќички, хотели и трговски центар, содржи новиот детален урбанистички план за ревитализација на езерото Треска усвоен од Општина Сарај, којшто вчера го претстави градоначалникот Блерим Беџети, пишува „Порталб.мк“. Тој рече дека во тек се правни процедури за прогласување на езерото слободна туристичка зона и по завршувањето може да...

Порталб: Попова Шапка со урбанистички план од 1980 година, активистите бараат општината да се ангажира

Туристичкиот центар „Попова Шапка“ сè уште нема детален урбанистички план, иако тоа според Хамди Сулемани од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ е клучно за овој туристички центар. Во интервју за Порталб.мк, претседателот на Советот на општина Тетово, Беким Мемети, вели оти е оптимист дека оваа работа ќе биде завршена во текот на годинава. Од Министерството за транспорт и...

Охридските села конечно ќе добијат урбанистички планови

Со години недостокот од урбанистички решенија за селата на територијата на општина Охрид ги попречува овие средини во стопанскиот и туристичкиот развој. Досега во селските населби, изградените објекти беа на земјоделски површини, а не на градежни па со урбанзиацијата ќе може да се понудат потенцијалите за развој на општината. Инаку, според член 12 од Законот за просторно и урбанистичко планирање...

Не се знае колку точно возила секојдневно влегуваат во Скопје од другите општини

Скопските градски власти немаат прецизен податок за бројот на возила кои дневно влегуваат во Скопје, а се од другите градови. Последен документ што ја определил оваа бројка е Студијата на ИДОМ изработена во 2012 година, во која се вели дека во македонскиот главен град дневно влегуваат околу 30.000 автомобили од другите општини. Ваквите податоци можат да се искористат во...

Проблемот со паркирањето во Скопје е равенка со многу непознати (инфографик + видео)

Уништено зеленило, паркирани возила по улиците, караници и тепачки меѓу возачите и секојдневни нервози при барањето слободно паркинг место се само мал дел од последиците што ги чувствуваат граѓаните од проблемот со недоволно паркинг места во Скопје. Бројот на автомобили во градот расте многу побрзо од изградбата на нови објекти за паркирање, додека јавниот превоз бележи континуирано намалување на...

Тепачка помеѓу групи граѓани на јавната расправа за ДУП-от за Трнодол, Жданец и Козле (видео)

Пропадна и вториот обид за одржување на јавна расправа по предлог-ДУП-от за Трнодол, Жданец и Козле организиран од Општина Карпош кој беше закажан за денес, откако во преполната сала на месната заедница во Козле дојде до тепачка помеѓу групи на граѓани. Дел од присутните видно револтирано изразија незадоволство што Општина Карпош го форсира донесувањето на овој ДУП со кој се...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...