fbpx
Таг: државни институции

таг: државни институции

ЦГК: Институциите минимално ја подобриле транспарентноста оваа година

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување на информации од јавен карактер, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Според Индексот, активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 проценти (од максималните 100) и според градацијата на нивоата, спаѓа...

Граѓанските здруженија бараат од институциите сериозно и приоритетно да ги решаваат случаите со насилство

Видеото со насилниците кои физички нападнаа девојче во влез на зграда во Штип брзо се прошири на социјалните мрежи, а за случајот реагираше и полицијата. Заменик министерката Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил објави дека насилниците се приведени. Од Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство апелираат надлежните институции, независно од моменталната вонредна состојба, да постапат професионално при...

ДУИ ќе го има ветингот во изборната програма, СДСМ сѐ уште не го разгледал

СДСМ сѐ уште не го разгледал предлогот на законот на ДУИ за ветинг на функционерите, а од ДУИ сѐ уште не го доставиле во Собрание, бидејќи не добиле одговор од партиите, но најавуваат дека истиот ќе биде дел од изборната програма, пишува „Порталб.мк“. - Имајќи ја предвид ситуацијата, не сме го разгледале предлогот на ДУИ за ветинг. Отсега па натаму ќе...

Владата разгледува три сценарија за преведување на албански јазик

Спроведувањето на Законот за употреба на јазиците паралелно со Преспанскиот договор, како и неуспехот да профункционира Агенцијата за спроведување на законот за јазиците им ја отежнува работата на државните институции. Преведувачите предлагаат да се воспостави контролен механизам, додека институциите разгледуваат три сценарија за преведувањето, пишува „Порталб.мк“. За да се избегне продолжување на проблемот, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска најави...

Владата го промовираше порталот за отворени податоци data.gov.mk

Министерството за информатичко општество и администрација денеска го промовираше новиот портал за отворени податоци каде што во моментов има објавени 111 податочни сетови, од 42 институции. Според министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски дел од податоците достапни на порталот се објавуваат за првпат, дел се и претходно објавени, но сега се достапни на едно место, систематизирани и во формат којшто...

Вработените во дел од институциите и министерствата утре на работа со велосипед

Вработените на голем број компании и на државни институции утре ќе се приклучат во одбележувањето на интернационалниот ден „Во зима со велосипед на работа“ (Winter Bike to Work Day), кој во Македонија се организира на иницијатива на неформалното здружение „НаТочак“. Станува збор за глобална иницијатива чија цел е подигнување на свеста за важноста и придобивките од користењето на велосипедот како превозно...

Груевски им се пожали на амбасадорите дека власта ги злоупотребувала институциите

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска имал средба со амбасадорите на САД, на државите членки на Европската Унија и на НАТО во земјава, на која од страна на партијата било посочено дека во текот на кампањата се забележени низа прекршувања на изборниот процес, физички инциденти, демолирања на штабови, како и злоупотреба на државните ресурси во партиски цели. Од ВМРО-ДПМНЕ, како...

План за намалување на институционалната затвореност во Македонија и во регионот

„Сеопфатен план за добро владеење за државните институции во Република Македонија“ е најновото издание изработено врз основа на истражувањето за степенот на отвореност на институциите во шест земји од регионот во рамки на проектот АКТИОН СЕЕ - Одговорност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа, кој го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“. За да се измери...

Кадровските смени, една од темите на денешната седница на Владата

Владата денеска ќе ја одржи својата 18. седница со почеток во 18 часот. „На денешната седница Владата ќе разгледа и констатира состојби за напредок на земјата во процесот на европска интеграција, користење и имплементација на ЕУ-фондовите и статусот на реализација на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО, а ќе ја разгледа и информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор“, се вели во...

ВМРО-ДПМНЕ ќе побара информации за новите вработувања во институциите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија ќе поднесат барање да им се достават информации за тоа колку нови луѓе се ангажирани или вработени во државните институции на определен, неопределен период, засновале работен однос врз основа на договор за дело, авторски или друг договор, информираше на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој додаде дека во согласност...

Тевдовски: Долгот на државните институции изнесува 363 милиони евра

Долгот на државните инстутиции заклучно со 31 мај годинава изнесува 363 милиони евра, информираше денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски. Тој додаде дека прегледот на неплатените обврски е изработен врз основа на податоци кои буџетските корисници, фондови, јавни претпријатија и општини ги доставиле до Министерството и оттука не може да се гарантира нивната веродостојност. - Неплатените обврски на буџетските корисници изнесуваат...

Заев за знамето во кабинетот на Џафери: Ако се случила грешка, треба да се поправи

Постојат можности до крајот на месецот да биде формирана новата влада, согласно роковите, но зависи од одлуката на Ѓорге Иванов како и од техничката подготвеност на Собранието, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средба со претставници на ОБСЕ во „Холидеј Ин“. Тој додаде дека е подготвен да се сретне со Иванов и да му ја гарантира унитарноста и сувереноста...

„Еден“: Граѓаните не се информирани за инфраструктурните проекти на Галичица

Граѓаните немаат слушнато за бизнис-планот за националниот парк Галичица, покажува анализата на здружението за заштита на животните и на животната средина „Еден“. Според Драгана Велковска од ова здружение, државните институции сметаат дека нема потреба од нова или дополнителна законска регулатива за заштита на Галичица, но потребно е доследно спроведување на постојната. Повеќе од половината институции сметаат дека акциските планови се спроведуваат, а другите...

СДСМ: Институциите да не подлегнуваат на насилните сценарија на Груевски

Никола Груевски не смее да се заканува со насилство, тоа е противуставно и дело казниво по закон, порачуваат од СДСМ во утринското соопштение. Од партијата нагласуваат дека многу бргу ќе биде избран новиот претседател на Собранието, а потоа и „новата реформска влада на унитарна Македонија, во согласност со деловникот, Уставот и со законите во Република Македонија“. „Груевски не е народот....

Што сè бара СЈО, а институциите не му даваат?

Одбивањето на Основниот суд 1 на СЈО да му го достави записникот од спогодбата на Звонко Костовски е една од многуте опструкции или несоработки со кои се соочува кабинетот на Катица Јанева. Претходно, Судот го одби барањето на СЈО да издаде судски налог, во рамките на случајот „Таргет“, за претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори, не издаде...

Партиите ја злоупотребуваат државата и политички дискриминираат

Нема јасно разграничување помеѓу партиите и државата, се злоупотребува државниот систем и постои политичка дискриминација, а со тоа се прекршуваат низа закони, е заклучокот од конференцијата „Одвојување на државата од политичките партии“, организирана од граѓанската асоцијација „Мост“. Уставната судијка Наташа Габер-Дамјановска вели дека во Македонија постои политичка дискриминација и дека луѓето се дискриминираат бидејќи припаѓаат или не припаѓаат на одредена...

Заев до јавната администрација: Бидете спокојни, нема да отпуштаме

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска, во обраќање до вработените во државните институции, им порача да бидат спокојни, оти нема да има отпуштања во администрацијата. Тој истакна дека вработените во државните институции ќе бидат мотивирани да ја извршуваат својата работа, а не казнувани и оценувани како досега. „Ви се обраќам од главниот град, од административниот центар на Републиката да порачам дека...

За шест дена седум предизборни потези – власта забрзано се утврдува за 11 декември

На 31 август лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино го утврдија 11 декември за датум кога треба да се одржат предвремените парламентарни избори. Веќе следниот ден владејачката партија почна со кадровски рокади во Министерството за внатрешни работи, вработувања во министерството и со серија потези во пресрет на предвремените избори. Дел од експертската јавност и опозициските партии ваквите...

Расправа за предлог-ребаланост на буџетот без опозиција

Расправата за предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година почнува денеска на собраниската Комисија за финансирање и буџет. Намалување на вкупните приходи за три милијарди денари и зголемување на дефицитот од 2,1 милијарди денари се предвидува во предлог-ребалансот на буџетот за 2016 година. Сумата предвидена за капитални инвестиции се намалува од предвидените 412 милиони евра на 366,9 милиони евра. Од друга страна, пак,...

Чичаковски: Од 226.000 спорни гласачи, за 71.000 нема никаква евиденција

Од 226.000 спорни гласачи во избирачкиот список, за 71.000 гласачи нема никаква евиденција, изјавил денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, по состанокот на работната група за избирачки список, пренесува „Утрински весник“. Според Чичаковски, допрва ќе се преговара што ќе биде со овие 71.000 гласачи за кои вкрстената проверка покажала дека не се наоѓаат во ниту една база...

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...