четврток, 15 октомври, 2026
Meta.mk

Ознака: државна лотарија | 11 резултати

На 25-годишнината од Рамковниот, обвинение против Груби и уште седум лица за штета од 8,25 милиони евра

август 13, 2026

Обвинителството тврди дека осумтемина обвинети, меѓу кои поранешниот вицепремиер Артан Груби, поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами и поранешниот генерален секретар на Владата Методија Димовски, заеднички учествувале во незаконска набавка на видеолотариски терминали. Со преземените обврски, според обвинението, на државното акционерско друштво му била нанесена штета од 507,6 милиони денари

Мицкоски: Заемот од М-НАВ, МЕПСО и Лотарија ќе се користи за отплата на кредит кон кинеската банка

јули 26, 2026

„Не се само од М-НАВ. Имаме средства и од Лотарија, МЕПСО и сопствени средства на ЈПДП. Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон кинеската банка за автопатите, а во август ќе им бидат вратени на компаниите“, изјави Мицкоски

Собранието го усвои новиот закон за игри на среќа: 500 метри оддалеченост од училишта и построги правила за рекламирање

јуни 29, 2026

Новина со овој закон е воведувањето задолжителна одалеченост од 500 метри помеѓу објектите на среќа и училиштата, како и регулирањето на давањето подароци, т.н „giveaway“ активности

На Груби му се заканува казна до 10 години затвор, ако го обвинат и ако се докаже делото

февруари 24, 2026

Ваквите санкции се наведени во Кривичниот законик (КЗ) за Проневера во службата, дело за кое се сомничи поранешниот вицепремиер Артан Груби. Но, за да се зборува за казните, најпрво на Груби треба да му се покрене обвинителен акт, а потоа во судски процес обвинителството да го докаже случајот

ДЗР: Во Државна лотарија откриени значителни неправилности во финансиското работење

декември 16, 2025

Ревизорите утврдиле нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции по повеќе основи, во вкупен износ од 122.490.000 денари, односно 1.987.377 евра, поради што постои сомнеж за злоупотреба на наведените јавни средства

Кривичен ја одби жалбата за притвор на Груби

декември 24, 2024

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба изјавена од одбраната на Артан Груби недостапен за органите на прогон, против решението на судија на претходна постапка, донесе одлука со која ја одби жалбата на одбраната и го потврди решението на судија на претходна постапка со кое му се определува мерка притвор од 30 […]

Укинати лиценците за интернет коцкање, се чека нов закон за игри на среќа

септември 26, 2024

Ограничувањето на игрите на среќа беше едно од базичните ветувања на коалицијата ВЛЕН за последните парламентарни избори. Изет Меџити, претседател на Демократското движење и член на коалицијата ВЛЕН, во периодот на формирањето на новата Влада најави дека ќе се заложи за намалување на бројот на казина, а во првите 100 дена од Владата да бидат […]

Страна 1 од 1