fbpx
Таг: државен завод за статистика

таг: државен завод за статистика

Просечната нето-плата во земјава во февруари се искачила на 442 евра

Просечната исплатена нето-плата во земјава февруари 2020 година изнесувала 27.206 денари или 442 евра, објави Државниот завод за статистика. Индексот на просечната исплатена нето-плата по вработен во февруари 2020 година, во однос на идентичниот период лани, изнесувал 112,5, што значи дека платите во земјава пораснале за 12,5 отсто во однос на оние што биле исплатени во февруари 2019 година. Ваквото зголемување...

Дупките во цевките трошат најголем дел од водата за пиење во Македонија (инфографик)

Одредени делови од Македонија ќе се соочат со недостиг на вода за пиење, доколку во наредниот период не се одвојат позначителни средства за реконструкција и надградба на водоводните системи низ општините. Актуелните податоци покажуваат дека најголем потрошувач на вода за пиење во национално ниво е токму неприходуваната вода, во која што категорија спаѓаат физичките губитоци од дупките во водоводните...

Бројот на возила расте 10 пати побрзо од бројот на паркинг места (инфографик)

Наместо со засилено темпо да го решаваат проблемот со паркирањето, општинските власти и одговорните државни институции со текот на годините го намалуваат бројот на објекти за паркирање со кои тие директно управуваат. Сето ова се случува во период кога бројот на регистрирани патнички возила во земјава значително расте од година во година. Во последниве пет години бројот на новоотворени паркинг...

Во септември издадени помалку одобренија за градење на објекти и на станови

Државниот завод за статистика во текот на септември регистрирал намалување на бројот на издадени одобренија за градење на објекти и на станови на територијата на земјава. Во овој период се издадени 214 одобренија за градење, што е за 2,3 отсто помалку во однос на истиот период од минатата година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.988.722...

Намалување на бројот на туристи во јули

По минатогодишната рекордна сезона на гости, бројот на туристи и остварени ноќевања изминатово лето се намалува. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), бројот на туристите во јули 2019 година изнесувал 171.862, кои оствариле 682.854 ноќевања. Бројот на туристите во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е намален за 2,5 отсто, а бројот на ноќевањата...

Никој не го знае бројот на патници на поединечните меѓуградски линии

Министерството за транспорт и врски и Државниот завод за статистика не водат евиденција за бројот на патници на меѓуградските линии, пишува Порталб.мк. Новинскиот сајт пред неколку месеци побарал податоци за бројот на превезени патници за секоја меѓуградска линија поединечно, но притоа открил дека Државниот завод за статистика (ДЗС) го има само вкупниот број патници од сите линии, но не и...

Трошоците на живот и цените на мало пораснале во август

Растат трошоците на животот и цените на мало на производите и услугите што граѓаните ги користат во секојдневниот живот. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на трошоците на животот во август 2019 година бележи пораст за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец, како и зголемување од 0,8 отсто во однос на идентичниот период лани. Индексот на цените...

Опаѓа бројот на новороденчиња – во вториот квартал за 10,6 отсто помалку од лани

Продолжува трендот на намалување на бројот на родени деца во земјава, кој се јавува паралелно со порастот на бројката на починати лица. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородени деца во второто тримесечје од годинава изнесувал 4.693, што претставува намалување од 10,6 отсто во однос на истиот период од претходната година. Статистичарите пресметале дека паралелно се зголемува...

Проектите во Босна ги крепат македонските градежници

Босанскиот пазар и во наредниот период ќе остане главниот странски пазар за македонските градежни компании. Според податоците на Државниот завод за статистика, градежниците од земјава остануваат зависни од активностите што ги реализираат во Босна и Херцеговина, на што се должат и севкупните придвижувања во периодот јануари - јуни 2019 година. Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првото...

Пробниот попис откри 1.400 празни станови, опозицијата се противи на предлог-законот за попис

Во текот на пробниот попис, кој се одржа минатиот месец, во 13 општини биле попишани 3.839 згради, 4.572 станови, 3.184 домаќинства и 10.267 лица. При попишувањето 1.400 станови биле пронајдени празни, додека 30 лица одбиле да бидат попишани. Ова се првични податоци од пробниот попис, кој се спроведе без да биде усвоен предлог-законот за попис на населението, чија што содржина...

Домашниот бруто-производ во првиот квартал со пораст од 4,1 проценти

Стапката на пораст на бруто-домашниот производ (БДП) за првото тримесечје од 2019 година е 4,1 проценти, објави Државниот завод за статистика Во првото тримесечје од 2019 година, најголем пораст е забележан во секторите земјоделство, шумарство и рибарство (13,6 проценти), градежништво од (7 проценти) трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти...

ДЗС: Невработени се 198.569 лица од активното население

Стапката на невработеност во 2018 година изнесувала 20,7 проценти и е намалена во однос на 2017 година кога изнесувала 22,4 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Активното население во 2018 година изнесувало 957.623 лица, од кои вработени се 759. 054, а 198.569 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 56,9, а стапката на вработеност 45,1 проценти.

Се возиме во полнолетни автобуси – просечната старост им е над 18 години

Автобусите и минибусите во кои возат нашите граѓани во земјава и во странство се со просечната старост од 18, 1 година, покажуваат статистиките од Државниот завод за статистика за 2017 година, последната година за која може да се пронајдат официјални податоци. Истовремено, бројката на регистрирани автобуси и минибуси била 3.200. Овие бројки многу малку се менуваат во последните 10 години, односно...

Повеќе трошиме на алкохол, проституција и наркотици отколку на лекови

Македонските граѓани трошат многу повеќе пари на алкохол, проституција и наркотици отколку на лекови и книги, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.  Во периодот од 2014 до 2016 година годишните трошоци за проституција кај домаќинствата во земјава се зголемиле од 53 на 69 милиони евра, за наркотици од 32 на 39 милиони евра, а за алкохол од 126...

Индустриското производство лани повисоко за 5,4 проценти од 2017 година

Индустриското производство лани зголемено за 5,4 проценти во однос на 2017 година, информира Државен завод за статистика. Во декември пак, индустриското производство е зголемено за 7,9 проценти во однос на истиот месец 2017 година. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, бележи пораст од 4,6 проценти,...

Симовски: Етничката припадност во пописите беше користена само за политизација

Графата „етничка припадност“ и „религиска припадност“, беа предмет на политизација на претходните пописи, политизација која особено дојде до израз во 2011 година, што и беше основната причина за прекинување на пописот вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски во изјава за „Порталб“. Тој потенцира дека пописот не е политичка операција, туку статистичка и негова основна цел е да...

Членовите на ДИК и директорот на Статистика разговараа за подготовките за референдумот

Членовите на Државната изборна комисија денеска се сретнаа со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски со кого разговарале за подготовките околу претстојниот референдум на 30 септември. Од ДИК информираат дека тие разговарале за методолошко-информатичката обработка на избирачкиот список, за контролата при печатењето на изводите и посебните изводи на избирачкиот список и за внесот и преносот на податоци на...

Просечната плата во јуни 24.203 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни 2018, изнесува 24.203 денари и бележи пораст во однос на јуни лани од 6,1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен за 20,4 отсто, информации и комуникации за 16,7...

Откупот и продажбата на земјоделски производи намалени во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 4,4% во однос на истиот период од претходната година. Позитивна промена има кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители, каде е забележано зголемување за 14%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување...

Во првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 16,4 проценти

Во првите шест месеци бројот на туристи е зголемен за 16,4 проценти во однос на истиот период лани и тоа кај домашните туристи има зголемување за 9,3 проценти, а кај странските има зголемување за 19,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Во истиот период, бројот на ноќевањата е зголемен за 16 проценти и тоа кај домашните туристи има зголемување за 6,6 проценти, а кај странските...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...