fbpx
Таг: државен завод за статистика

таг: државен завод за статистика

Просечната плата во мај пораснала за 4,4 отсто во однос на истиот месец лани

И покрај пандемијата со ковид-19 која трае веќе петти месец, во која некои вработени или останаа без работа или примаат намалена месечна плата, Државниот завод за статистика (ДЗС) евидентира дека во мај годинава просечната плата се зголемила за 4,4 отсто во споредба со истиот месец минатата година, додека, во првите 5 месеци од годинава платата е поголема за 8,2...

Короната удри по македонскиот туризам, само во мај се загубени речиси 100.000 гости

Милионски загуби изразени во евра претрпува македонскиот туризам како последица на пандемијата со ковид-19 што ја зафати нашата земја. Само во мај 2020 година, бројот на туристи се намалил за речиси 100.000 гости во споредба со идентичниот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). За разлика од минатата година, кога во мај имало 98.998 туристи, годинава во...

ДЗС: Во јуни овошјето поскапело за 13,6 отсто во однос на мај

Трошоците на живот и цените на мало во јуни 2020 година во однос на мај се зголемени за 0,8 отсто, додека споредено со јуни 2019 година трошоците на живот бележат раст од 1,7 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Пораст на индексите во минатиот месец, во споредба со мај 2020 година, имало кај свежото и разладеното овошје за...

Корона кризата удри и по извозот, за пет месеци регистрирано намалување од 27,4 отсто

Продолжуваат негативните резултати во домашната економија како последица од пандемијата на корона вирусот. По евидентираниот пад на бруто домашниот производ во првото тримесечје од 0,2 отсто и на индустриското производство од 14,4 отсто за периодот јануари - мај, негативни резултати се забележаа и во трговската размена со странство. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), извозот на...

Корона вирусот во мај го намали за 5,1 отсто бројот на вработени во индустријата

Индексот на бројот на работниците во индустријата во мај 2020 година, во однос на мај минатата година, изнесува 94,9, односно за една година е намален за 5,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот рударство и вадење на камен во мај годинава, во однос на истиот месец лани забележал опаѓање од 0,9 отсто, во преработувачката...

Продолжува да паѓа индустриското производство, во мај падот е 27 отсто

Негативните последици од корона кризата веќе трет месец се рефлектираат и кај индустриското производство. Во март падот на индустријата изнесуваше 13,4 отсто, во април достигна 33,5 отсто, а во мај индустриското е помало за 27 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, ДЗС, индексот на индустриското производство во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, изнесува 73. Гледано...

ДЗС: Негативниот природен прираст на населението лани изнесувал минус 601

Природниот прираст на населението во државава минатата година е негативен, минус  601, односно за толку имало повеќе починати лица отколку родени. Во градските подрачја негативниот природен прираст изнесувал минус 1.059 лица, наспроти позитивниот во селските, плус 458 лица. Во шест региони во државава имало појава на негативен природен прираст, и тоа во: Вардарскиот, Источниот, Југозападниот, Југоисточниот, Пелагонискиот и Североисточниот...

Македонските аеродроми поради корона кризата досега изгубија над 720.000 патници (инфографик)

Растат штетите од корона вирусот во ависообраќајот од двата македонски аеродрома. Како последица на нивното затворање за да се спречи ширењето на ковид-19 во земјава, во мај 2020 година биле превезени само 849 патници, наспроти бројката од 219.141 патник што минале низ скопскиот и охридскиот аеродром во мај 2019 година. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од...

Просечната плата во април се искачи на 25.830 денари, но не и за погодените сектори од ковид-19

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави пад на нето платите во најпогодените сектори од корона вирусот: туризмот, угостителството и транспортот. Според денешното соопштение, во април 2020, во однос на март годинава, намалување на платите имало во секторите: објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 9 отсто, стручни, научни и технички дејности за 6,9 отсто и транспорт и...

Во 2019 година за 4,8 отсто намален бројот на починати од насилна смрт

Минатата година од насилна смрт починале 454 лица, што е намалување од 4,8 отсто во однос на 2018 година. Според полот, како и во претходните години, и во 2019 година поголемо учество во цифрите за насилна смрт имаат машките лица, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС). Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи...

Лани немало дивоградби во Сарај, Гази Баба и Арачиново, а за Центар, Карпош и Аеродром нема податоци

Годишниот извештај на Државниот завод за статистика (ДЗС) за бројот на бесправно изградени објекти за 2019 година полн со нејаснотии. Статистичарите информираат дека не добиле податоци за бројот на дивоградби за поголемите скопски општини Центар, Аеродром и Карпош. Во овие општини има интензивни градежни активности, додека во скопскиот регион со години наназад најмногу се инвестира во нови објекти. Покрај тоа...

Ковид-19 доведе до намалување на бројот на туристи од 47,9 отсто во првите четири месеци

Туристичкиот сектор, како еден од првите кои се најдоа на удар на корона кризата, веќе евидентира негативни резултати. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), вкупниот број на туристи во април годинава, во однос на истиот месец лани, е намален за 99,1 отсто, а на ноќевањата за 97,2 отсто. При тоа, бројот на домашните туристи во април, во споредба...

ДЗС: Kомпаниите лани извршиле градежни работи во вредност од 500 милиони евра

Во минатата година во државава деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 30.478.753 илјади денари или 500 милиони евра, соопшти Државниот завод за статистика, ДЗС. Од нив, 12.303.726 илјади денари биле потрошени за објекти во индивидуална сопственост. Вредноста на извршените градежни работи во виоскоградбата изнесувала 12.330.427 илјади денари, а во нискоградбата 12.328.645 илјади...

ДЗС: Бројот на починати лица во земјава лани пораснал за 3,6 отсто

Бројот на починати лица во државава лани е поголем за 3,6 отсто, во однос на претходната 2018 година, и изнесува 20.446 умрени лица, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС), од кои најголемиот број се во Скопје - 5.510. Поголем број од починатите се од машки пол, и тоа 10.616 или 51,9 отсто. Бројот на умрените доенчиња изнесува 112, a нивното...

ДЗС: Пад на извозот од 23,8 отсто во првиот квартал од годинава

Во периодот јануари-април 2020 година, вкупниот обем на трговската размена со странство изнесува 4.305.200.000 американски долари, при што вкупната вредност на извозот достигна 1.782.502.000 долари и бележи пад од 23,8 отсто, во однос на истиот период од претходната година. Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на увeзената стока изнесува 2.522.698.000 долари, што е за 19 отсто помалку...

Корона кризата доведе македонските аеродроми да изгубат половина милион патници

Корона вирусот и неговото четиримесечно ширење во нашата земја нанесува сериозни штети по авиосообраќајот. Поради одлуката на 18 март да се затворат двата аеродрома како мерка за спречување на ширењето на Ковид-19 во Македонија, до крајот на мај биле изгубени околу половина милион патници во авиосообраќајот. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во април 2020 воздухопловниот превоз...

Се намалува бројот на венчавки, институцијата брак на испит

Пандемијата на корона вирусот, која направи значителна блокада на општествено-социјалниот живот на граѓаните, го закочи и онака забавениот процес на склучување  бракови во земјава. Во изминатите месеци на живеење со Ковид-19, со забраната за масовни собири, веселби и дружења, дојде до масовно откажување на претходно закажаните свадби и венчавки за наесен, па и за подолго, а мал број од...

Корона вирусот во април ја турна македонската индустрија во негатива

Продолжуваат негативните резултати во економија, како последица на корона кризата. Од месец во месец, статистиката евидентира сè поголем пад на производството во индустријата и на бројот на вработените во неа. Додека во март годинава падот на индустриското производство изнесуваше 13,4 отсто, во споредба со истиот месец лани, веќе во април производството во индустријата падна за рекордни 33,5 отсто во...

Во последните 8 години за 1/4 опаднал бројот на дипломирани студенти (инфографик)

Минатата година на високообразовните установи дипломирале вкупно 7.874 студенти што е за 2,2 проценти зголемување од 2018 година. Најмногу од нив 5.845 дипломирале на државните, наспроти 2.004 студенти на приватните факултети. Додека пак, верски факултет завршиле само 25 лица. Статистиката покажува дека од вкупниот број, 36 проценти дипломирале во рокот, додека 63 отсто дипломирале по рокот. Забележителен е податокот дека...

Корона вирусот во март го намали бројот на туристи во земјава за 67,3 отсто

По континуираниот раст на македонскиот туризам во изминатите неколку години, епидемијата на корона вирусот доведе до намалување на бројот на туристи во земјава. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристи во март 2020 година изнесувал 17.943, кои оствариле вкупно 41.948 ноќевања. Бројот на туристите во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бил намален за...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...