сабота, 16 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Државен завод за ревизија | 77 резултати

И догодина ќе нема доволно субвенции за патничките возови

ноември 25, 2019

Железници на РСМ – Транспорт догодина од државниот буџет ќе ја добие идентичната сума како и годинава за субвенционирање на патничкиот железнички сообраќај. Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на минатонеделното презентирање на проектираниот буџет за ресорот транспорт за 2020 година посочи дека државната железница ќе добие 430 милиони денари (седум милиони евра) за […]

ДЗР: Државата недоволно одвојува за железнички превоз и инфраструктура

октомври 30, 2019

Владата преку надлежното министерство од годишниот буџет во 2018 година одвоила помалку средства од неопходните за нормално функционирање на железничкиот превоз и за одржување на пругите. Државниот завод за ревизија ја дава ваквата констатација во Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност за 2018 година на сметката на основен буџет […]

Брзо да се изберат раководители во државните заводи и агенции, бараат граѓанските организации

октомври 29, 2019

Платформата на граѓански организации против корупцијата денеска побара од Собранието бргу да се завршат процедурите за избор и именување на раководство на Државниот завод за ревизија, на Агенцијата за заштита на правото на пристап до информации од јавен карактер и на Дирекцијата за заштита на личните податоци. Овие институции, кои се исклучително важни во обезбедување […]

МО: Ревизорскиот извештај е потврда за тешката состојба која ја наследивме

мај 22, 2019

Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) е уште една потврда за тешката состојба која Владата ја наследи и во Министерството за одбрана, нагласува Министерството во својот допис до „Мета“ по повод ревизорскиот извештај за 2017 година. При ревизија на сметката на основниот буџет на Министерството за одбрана за 2017 година, ревизорите констатирале  слабости во […]

Негативни оценки во ревизијата на работењето на Агенцијата за странски инвестиции во 2017

јануари 18, 2019

Многу проблеми со оценувањето на работата и резултатите на економските промотори во 2017 година констатирал Државниот завод за ревизија, кој ја објави ревизијата на регуларност на финансиските извештаи на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот за 2017, заедно со ревизија на усогласеност. Оценката за работењето на државната агенција е негативно. Така, ревизорите дале […]

На отпад завршиле големи количества дарувана крв поради несоодветни кеси

јануари 9, 2019

Поради несоодветни кеси, било фрлено огромно количество од крвта добиена во крводарителски акции, немало правилен систем за документирање и контрола на приемот обработката и издавањето на крвта, а неправилно се работело и со парите и со набавките. Такви заклучоци изнесува ревизијата на регуларност за Институтот на трансфузиона медицина за работење со сопствени средства во 2017 […]

Ревизијата открила наставници без научно звање и нелегални објекти на ДУТ

октомври 24, 2018

Државниот универзитет Тетово (ДУТ) се соочува со дефицит на кадар, дел од вработувањата не биле во согласност во внатрешните правилници, а проблемaтично било и менаџирањето со дел од парите кои се добивале од самфинансирачки активности. Ова се наоди од новобјaвениот извештај од Државниот завод за ревизија, кој под скенер го става работењето на државниот универзитет […]

Партиите оставиле непокриени расходи од околу 108.000 евра за изборите во 2016 година

јуни 28, 2018

Вкупно 6.676.000 денари (околу 108.000 евра) се непокриените расходи на сите 11 политички партии кои учествувале во кампањата за предвремените парламентарни избори во 2016 година, покажала ревизијата. Најголем дел од расходите, 75,32 отсто се за платено политичко рекламирање. Како што рече денеска на прес-конференција, Мијалче Дургутов, ревизор задолжен за информирање во Државниот завод за ревизија, […]

ЦЕА: Пратениците и обвинителите треба повеќе да ги користат ревизорските извештаи

февруари 5, 2018

Пратениците, во нивната работа во Собранието, повеќе да ги користат извештаите на ревизорите, се вели во извештајот од следењето на работата на Државниот завод за ревизија, спроведен во рамките на проектот „Подобрување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“. Ревизорските извештаи недоволно се користат и од страна на обвинителите, кои не отвораат предистражни постапки врз […]

Државниот завод за ревизија ефикасен, ама недоволно познат

декември 14, 2017

Државниот завод за ревизија (ДЗР) во периодот јули-септември 2017 година, објавувал една или ниедна вест во секој месец, а така било и во претходниот квартал. Сепак, ефикасно си ја сработил работата во минатата година, а годинава предвидел поголем обем на работа од лани, стои во извештајот за неговата работа подготвен од Фондацијата за демократија на […]

Државна ревизија: СДСМ нема тапии за дел од имотот, членарината плаќана на трансакциска

мај 23, 2017

Во 2015 година општинските организации на СДСМ ги уплатувале директно на трансакциска сметка на партијата собраните пари за месечна членарина, без да се наведат поединечно собраните суми, а партијата за дел од градежните објекти што ги наследиле од претходникот, уште не го решила сопственичкиот статус. Тоа се двете главни напомени од ревизијата на  финансиските извештаи […]

Државна ревизија: ВМРО-ДПМНЕ во 2015 заработила 2,4 милиони евра

мај 23, 2017

Во 2015 година, партијата ВМРО-ДПМНЕ исплатила аванс за кој на државната ревизија не и доставила документација од која може да се утврди по која основ е исплатен, а тој аванс не бил опфатен ниту во извршениот попис за 2015 година, утврдил Државниот завод за ревизија. Станува збор за сума од 1,54 милиони денари, односно 25.000 […]

Изградбата на автопатиштата доцни, а трошоците се зголемуваат, констатира ДЗР

февруари 12, 2017

Изградбата на автопатиштата Кичево – Охрид и Миладиновце – Штип, што се градат со кинески кредит, нема да заврши навреме. Крајните рокови – април 2017 година за автопатот Миладиновце – Штип, односно крајот на јануари 2018 година за Кичево – Охрид, ќе бидат сериозно пробиени, констатира Државниот завод за ревизија. Делницата на автопатот во западниот […]

Страна 4 од 4