fbpx
Таг: државен удар

таг: државен удар

Турските војници се товарат за нелегален лет во Грција

Утре почнува судењето на турските војници во Александруполи. Грчкиот обвинител го смени обвинителниот акт и осумте војници кои со турскиот воен хеликоптер вчера слетаа во Грција и побараа азил, сега се товарат за нелегален лет во Грција. Како што пренесе грчката државна телевизија ЕРТ, исклучено е обвинувањето со кое војниците се товареа и за нарушување на односите меѓу Грција и...

Илјадници луѓе на улиците на Турција за поддршка на Ердоган

Илјадници луѓе синоќа се собраа во истанбулскиот кварт Кисикли во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Собраната маса луѓе со турски знамиња се одзва на повикот на Ердоган да излезат на улиците. Ердоган има куќа во квартот Кисикли, кој се наоѓа на азиската страна на Истанбул. Светските медиуми јавуваат дека луѓе се собирале и во Анкара пред џамијата „Бестепе“...

Во Турција по обидот за пуч, сменети речиси 3.000 судии

Турските власти сменија од должност 2.745 судии по неуспешниот обид за државен удар од страна на дел од војската. Ова го објави турската телевизија НТВ, повикувајќи се на соопштение од Високиот совет на судии и на обвинители. Од должност се сменети и пет членови на Советот, кој е највисоко судско тело во Турција, објави државната новинска агенција „Анадолија“. „Анадолија“ објави и дека поранешниот командант...

Исклучена струјата во базата Инџирлик

Локалните турски власти го спречуваат влезот и излезот од воздухопловната база Инџирлик во близина на градот Адана, каде што е исклучена електричната енергија, соопшти конзулатот на САД. Конзулатот ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат таа воена база сè додека не биде воспоставено нејзино нормално функционирање. https://twitter.com/CNN/status/754300666416394240 Воената база Инџирлик е база на единиците на турското воено воздухопловство, како и на американските...

Безбедни се сите 300 ученици од Тетово кои се во Истанбул

Околу 300 ученици од Тетово, кои минатата недела заминаа во извиднички камп во околината на Истанбул, се очекува да пристигнат дома во текот на денешниот ден. Учениците се испратени преку Здружението за просвета уметност и култура „Калкан“ од Тетово. Во извидничкиот камп за воениот удар дознале од медиумите. - Сите се безбедни и здрави. Во контакт и во соработка сме...

Чавков: Ќе се преземат безбедносни мерки за македонските граѓани во Турција

„Министерството за внатрешни работи ја следи состојбата во Турција, во постојан контакт сме со Министерството за надворешни работи и во координација сме со безбедносните сили“, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на плажата Конект на Преспанско Езеро. - Будно ги следиме состојбите во Турција. Во текот на денешниот ден, имаме координација со...

МНР: Македонските граѓани во Турција се безбедни

Македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Турција се безбедни и засега не е регистриран ниту еден повреден или загинат македонски граѓанин, информираат од Министерството за надворешни работи. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, остварил телефонски разговор со неговиот турски колега, Мевљут Чавушоглу, кој му потврдил дека турските власти работат на враќање на редот и на мирот во Турција...

Иванов: Македонија ја поддржува демократски избраната влада на Турција

Република Македонија ја поддржува демократски избраната влада на Република Турција, а во моментов се одржува состанок на групата за проценка за анализа на безбедносната состојба, информираат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. „По добивањето на податоците за намерите на вршење воен пуч во Република Турција, Армијата на Република Македонија презеде низа мерки и активности за заштита на државната граница. Претседателот...

Турски воен хеликоптер слета во Александруполи

Седум турски војници и еден цивил побараа политички азил во Грција. Осумтемина беа во турски воен хеликоптер, кој побара дозвола од грчките власти за вонредно слетување во Александруполи. Според информациите на грчката агенција АПЕ, веднаш штом слетале, турските државјани побарале политички азил во Грција. Сите се приведени и однесени во полицијата во Александруполи. Хеликоптерот емитувал сигнал дека се наоѓа во опасност...

Јилдирим: Во обидот за пуч загинаа 161 лице, 1.440 се повредени, 2.839 се уапсени

Турскиот премиер Бинали Јилдирим на прес-конференција утринава во Анкара изјави дека во обидот за државен удар загинале 161 лице, а 1.440 се ранети. Тој истакна дека сепак овие бројки засега не се финални. Според неговите зборови, 2.839 припадници на војската се уапсени и ситуацијата сега е под целосна контрола на власта. Јилдирим соопшти дека командата ја презеле воени лица лојални на...

Што е државен удар, кој го изведува и која му е целта?

Државен удар или пуч (Coup d`etat на француски) е ненадеен и најчесто насилен обид за уривање на власта во една држава. Пучот најчесто го изведува мала воена или политичка група. Ова е и разликата меѓу државен удар и револуција, во која има масовно народно востание. Вообичаено, цел на државниот удар е уривање на владата или симнување од власт на диктатор. Покарактеристични примери за државен...

Ердоган предупреди дека е можен нов напад

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, преку официјалниот претседателски твитер-профил ги повика турските граѓани да бидат подготвени повторно да излезат на улица затоа што е можен нов напад на пучистите. „Овој напад може да дојде до уште една фаза, во која ќе мора повторно да излеземе на улица. Затоа што може да има ново движење“, напиша Ердоган на „Твитер“. https://twitter.com/tcbestepe/status/754217582601863168 Според неговите...

90 загинати, 1.150 повредени и 1.563 уапсени по обидот за пуч во Турција

Најмалку 90 лица загинаа во обидот за државен удар во Турција, а повеќе од 1.150 се повредени. Уапсени се повеќе од 1.563 војници кои учествувале во синоќешниот пуч, објави „Ројтерс“, повикувајќи се на анонимен претставник на власта. Борбите продолжуваат и утринава, а силни експлозии се слушаат во Анкара и во Истанбул, додека бомба ја погоди и зградата на турскиот парламент. Илјадници...

Обама: Поддржете ја демократски избраната влада на Ердоган

Претседателот на САД, Барак Обама, ги повика сите страни во Турција да ја поддржат демократски избраната влада на претседателот Реџеп Таип Ердоган и да избегнат какво било насилство и крвопролевање. Турција има клучна улога во коалицијата предводена од САД во борбата против Исламска држава. Американски авиони ја користат воздухопловната база Инџирлик во Турција за мисиите против екстремистите во Сирија и...

МНР: Македонските граѓани во Турција да останат на безбедни локации

Министерството за надворешни работи соопшти дека континуирано ја следи состојбата во Турција и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и со Генералениот конзулат во Истанбул. Од МНР ги известуваат сите македонски граѓани што се наоѓаат во овој момент во Турција да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени...

Ердоган: Државниот удар е задушен, останувам со народот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во обраќањето до јавноста по обидот за државен удар од страна на војската изјави дека одговорните жестоко ќе платат. - Државниот удар е чин на предавство, но и „дар од Бога“ затоа што го организираше малцинство внатре во војската, кое сега ќе се исчисти. Организаторите ќе платат за тоа што го направија без разлика од...

Најмалку 40 загинати и 754 уапсени во обидот за државен удар во Турција

По цела ноќ на експлозии, пукањe и тенкови низ улиците, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска рано наутро објави дека обидот за воен удар е готов и дека владата ја има контролата. Сепак, во Анкара и во Истанбул владее хаос и сè уште се слушаат звуци на пукање и експлозии по обидот на дел од припадниците на турската војската...

Граѓаните и војската на Турција се судрија на улиците во Истанбул и во Анкара

Војската во Турција, која се обидува да изврши државен удар, пукала на демонстрантите и на полицијата на мостот на Босфорот во Истанбул и, според агенцијата АП, има и повредени. Граѓаните кои одговорија на повикот на претседателот Реџеп Таип Ердоган да излезат на улица и да се спротивстават на војската, се судрија со припадниците на безбедносните сили на улиците низ Истанбул...

Јилдрим: Дел од војската во Турција изврши обид за државен удар

Турската војска вечерва објавила соопштение во кое било наведено дека ја презела контролата над Турција, пренесуваат странските медиуми. „Дел од војската изврши државен удар“, изјави премиерот на Турција, Бинали Јилдрим, откако е објавено дека воени хеликоптери ниско ги надлетувале Анкара и Истанбул. https://twitter.com/lourenco_marina/status/754038272393940992 Вооружените сили на Турција соопштиле дека ја презеле власта за да го заштитат демократскиот поредок и да ги сочуваат...

Камбовски: Ако Иванов донел таква одлука, извршил државен удар

Ако Иванов донел таква општа одлука за помилување, а не поединечни акти адресирани точно по име, презиме и за одредени кривични дела, тој постапил надвор од своите овластувања и извршил државен удар, смета академик Владо Камбовски, во изјавата за порталот „СДК“. „Ваква општа одлука од претседателот на државата за аболирање на осомничени и на обвинети не може да натера ниту...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...