fbpx
Таг: државен удар

таг: државен удар

Турскиот парламент го одобри воведувањето вонредна состојба во земјата

Турскиот парламент одобри да се воведе тримесечна вонредна состојба во земјата и да му се дадат неограничени овластувања на претседателот Реџеп Таип Ердоган, по минатонеделниот неуспешен обид за државен удар, јавуваат светските агенции. Од 550 членови на парламентот, за воведување вонредна сосојба гласале 356 пратеници, а 115 биле против. Ердоган ја соопштил одлуката на неговиот кабинет дека бара дополнителни овластувања, наведувајќи...

Турција привремено ќе ја суспендира Европската конвенција за човекови права

Турција привремено ќе ја суспендира Европската конвенција за човекови права отако синоќа воведе вонредна состојба, соопшти потпретседателот на Владата на Турција, Нуман Куртулмуш. Тој рече дека во текот на неуспешниот државен удар постоеле „структурални и индивидуални“ разузнавачки пропусти и дека во тек е реконструирање на војската. Куртулмуш, исто така, соопшти дека вонредната состојба, која е воведена за да им овозможи на...

Турските војници што пребегаа во Грција осудени на условни казни

Виновни за нелегално влегување во Грција и условна казна затвор од два месеци е конечната пресуда на грчкиот суд за осумте турски војници кои бараа азил во Грција, по обидот за државен удар во Турција. Судот оцени дека војниците се виновни оти нелегално влегле во државата, меѓутоа казната им е олеснета бидејќи се смета дека животот им бил под закана...

Грција ја засили контролата на границата со Турција

Грчките власти ја засилија воената контрола долж целата морска граница со Турција по информациите дека турската војска трага по пучисти кои, наводно, се упатиле кон Грција. Грчкото министерство за одбрана испрати дополнителни воени хеликоптери, бродови и војници да ја следат ситуацијата на границата, во страв да не се повтори сценариото од саботата и Грција да се соочи со нови барања...

Во Турција уапсени двајца уставни судии

Двајца членови на Уставниот суд на Турција се уапсени и задржани на распит во акцијата на турските власти по минатонеделниот обид за државен удар, јави денеска приватната телевизија НТВ. Досега, околу 60.000 воени лица, полицајци, судии, државни службеници, професори и наставници се суспендирани или отпуштени, а некои од нив се уапсени и се под истрага. Уставните судии се дел од 113...

Почнува судењето на турските војници во Александруполи

Денеска напладне почнува судењето на осумте турски војници кои слетаа во Грција по обидот за воен удар во Турција. Војниците се обвинети за нелегален влез во државата и за нелегален лет над грчкиот воздушен простор. Доколку судот одлучи да ги осуди, тие ќе бидат префрлени во затвор, каде ќе останат да ја чекаат одлуката од паралелниот процес кој се води...

Турција забрани верски погребни обреди за пучистите

Турската управа за верски работи нема да дозволи верски погребни обреди за лицата кои, како што оцени, извршиле „предавнички напад на државата, народот, турскиот парламент“. Сепак, забраната нема да се однесува за војниците и за припадниците на безбедносните сили кои биле дел од судирите, а не знаеле за што станува збор. „Услугите за џеназа и за погреб нема да им се...

Турција поведе обвиненија против 99 генерали

Турските власти формално поднеле обвиненија против 99 генерали и околу 360 офицери поради нивната наводна улога во обидот за државен удар, соопштија денеска турските претставници. Според истите извори, уште 14 генерали ќе останат во притвор. Турските власти во последните неколку дена спроведуваат масовни смени и апсења во војската, полицијата, државите служби и во образовниот систем. Досега се уапсени, сменети или суспендирани повеќе...

Оланд ѝ порача на Турција: Во ЕУ нема место за земји со смртна казна

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска изјави дека најголем приоритет на Европа се безбедноста и одбраната. - Во рамки на новиот поттик за изградба на Европа, најголеми приоритети се заштитата, одбраната и сигурноста на нашите граници – рече Оланд на заедничката прес-конференција во Лисабон со португалскиот претседател Марсел Ребел де Соса. Пет дена по терористичкиот напад во Ница, францускиот претседател денеска во...

Турција: 21.000 наставници прогласени за работонеспособни

Министерство за образование на Турција денеска прогласи за работонеспособни 21.000 наставници, вработени во приватни институции. Одлуката на министерството е дел од акциите што турската влада ги презема по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули. Претходно, Советот за високо образование побарал оставки на 1.577 декани и професори од сите универзитети во земјата, a министерството за образование соопшти дека отпушти од работа...

ОН бараат Турција да го почитува владеењето на правото

Високиот комесар на ОН за човекови права, Зеид Рад ал Хусеин, ги повика турските власти да се придржуваат кон владеењето на правото во одговорот на неуспешниот обид за пуч во Турција. Тој повика да им се овозможи на независните набљудувачи да ги посетат затворите во Турција за да ги проверат условите и третманот на затвореници, како и да им се...

Ердоган не ја отфрла можноста за воведување смртна казна

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во своето прво интервју по неуспешниот воен пуч, не ги демантираше најавите дека Турција повторно ќе ја воведе смртната казна за да се пресмета со уапсените, кои се товарат за учество во организација на неуспешниот удар. Според последните податоци, приведени се околу 9.000 лица. - Јано е дека имаме злосторство за велепредавство. Но, секако парламентот...

Атина загрижена дека кризата во Турција може да доведе до нов бегалски бран

Кај грчката влада постои загриженост за потенцијално ново зголемување на бегалскиот бран од Турција по обидот за државен удар против претседателот Реџеп Таип Ердоган. Иако владата јавно покажува воздржаност и смиреност, проценките се дека постои подготвеност за нов голем бран бегалци од турскиот брег, особено ако Турција одлучи да го прекрши мартовскиот договор со Европската Унија. На фактот дека кризата во Турција...

Обвиненија за 85 турски генерали по неуспешниот обид за државен удар

Турските правосудни власти поднеле обвиненија против 85 генерали и адмирали на војската, по неуспешниот обид за државен удар, додека неколку десетици сè уште се наоѓаат на распит, јавува турската државна агенција „Анадолија“. По неуспешниот обид за пуч на 15 јули, во кој загинаа околу 300 луѓе, притворени се вкупно 103 генерали на турската војска, против кои се води истрага. Меѓу обвинетите е и...

Ѓулен не верува дека САД ќе го екстрадираат во Турција

Фетулах Ѓулен, муслиманскиот свештеник и жесток противник на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, оценува дека барањето на властите во Анкара тој да биде екстрадиран од САД поради неговата наводна вмешаност во неуспешниот обид за државен удар, е однапред осудено на неуспех, јавуваат светските агенции. Ѓулен претходно ги отфрли сите обвинувања на Анкара дека стои зад обидот за пуч во Турција. Тој...

Брисел загрижен дека Турција ја злоупотребува ситуацијата по обидот за државен удар

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини, денеска ја предупреди турската влада да не презема мерки што ќе го нарушат уставниот поредок во земјата по неуспешниот обид за воен удар во петокот. - Ние бевме првите кои во таа трагична ноќ кажавме дека легитимните институции треба да бидат заштитени. Ние сме тие што денеска кажуваме дека во земјата треба...

Ердоган: Ќе го исчистиме „вирусот“ од сите државни институции

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека ќе продолжи чистењето на сите државни институции од „вирусот“ што го предизвика обидот за државен удар во Турција. Ердоган ова го изјави на денешниот погреб на дел од убиените за време на пучот. Тој додаде дека апсењата на оние кои, како што рече, „ги уништиле“ вооружените сили, ќе бидат продолжени во сите редови...

Курц: Иако имаше обид за пуч, Турција мора да ја почитува правната држава

Министерот за внатрешни работи на Австрија, Себастијан Курц, повика на трезвеност на властите во Турција и укажа дека обидот за пуч не претставува бланко овластување за произволност. - Човечките животи мора да се штитат, правната држава и демократијата мора да се почитуваат - порача Курц. Тој посебно му се обрати на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, нагласувајќи дека овој пуч не смее да...

Путин му изрази сочувство на Ердоган

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, телефонски разговарал со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на иницијатива на руската страна, соопшти официјален Кремљ. „Сочувство поради многубројните жртви помеѓу цивилите и припадниците на органите за јавниот ред кои им се спротивставија на пучистите, како и желба за што побргу да дојде до обновување на стабилноста во Турција, му изрази претседателот Владимир Путин на...

Уапсени 6.000 лица по обидот за пуч во Турција

Најмалку 6.000 лица се уапсени по обидот за државен удар во Турција, изјави турскиот министер за правда, Бекир Боздаг. - Операцијата за чистење продолжува. Помеѓу уапсените има војници, офицери и судии – нагласи Боздаг. Во судирот кој изби откако војската се обиде да изведе пуч, загинаа најмалку 265 лица, а ранети се повеќе од 1.000. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...