понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: државен долг | 16 резултати

ЕУ нема да ѝ помогне на Црна Гора во враќањето на кинескиот кредит, државниот долг се искачи на 103 отсто од БДП

април 14, 2021

Европската Унија (ЕУ) нема да ѝ помогне на Црна Гора во исплаќањето на кредитот од речиси 1 милијарда евра кон Кина. Портпаролот на Европската Комисија Петар Стано вчера соопшти дека ЕУ не може да враќа заеми што тие (земјите) ги земале од трети страни, пренесува ЕУ Обсервер. Црна Гора претходно побара помош од ЕУ за […]

МФ: Јавниот долг на земјава заклучно со 2025 година ќе се намали на 58,8 отсто

декември 12, 2020

Министерството за финансии информира дека со изработената Стратегија за управување со јавен долг се дефинираат лимити за висината на трите нивоа на долг: државниот, гарантираниот како и на вкупниот јавен долг во следните пет години, како и за структурата на долгот. Согласно истата, заклучно 2025 година јавниот долг треба да се сведе под Мастришкиот критериум, […]

АНАЛИЗА: Нова влада, старо-нови ветувања – време е задлабоки економски реформи!

август 31, 2020

Предвремено пензионирање, намалување или целосно укинување на персоналецот за одделни сектори, понизок ДДВ за занаетчиските производи и угостителите, повисока минимална плата, раст на најниската пензија –  новата Влада обелодени какви решенија и потези планира во економијата за следниот четиригодишен мандат. Дел од економистите што ги консултираше „Порталб.мк“ велат дека се работи за амбициозни планови за […]

Јавниот долг во второто тримесечје порасна на 59,5 отсто како резултат на ковид-19 кризата

август 2, 2020

Заклучно со вториот квартал од 2020 година, јавниот долг изнесува 59,5 отсто, додека државниот долг се искачи на 50,7 отсто, информираат од Министерството за финансии. Покачувањето на јавниот и државниот долг во второто тримесечје се должат првенствено на повлекувањата на средства преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во […]

Мицкоски предизборно ветува авион до Америка и автопат до Битола

февруари 18, 2020

Автопат Велес – Битола, експресен пат Куманово – Крива Паланка, експресен пат Битола – Меџитлија, експресен пат Струмица – граница со Бугарија се само дел од предизборните ветувања на опозициската партија ВМРО – ДПМНЕ, кои денес беа изложени од нејзиниот претседател Христијан Мицкоски. Како и пред секои избори до сега, ветувањата на политичарите добиваат небесни […]

Анализа: Долговите кон јавниот сектор се 130 милиони евра (инфографик)

февруари 3, 2020

Сѐ што значи државен сектор, на централно и на локално ниво, преку сите институции и сектори, лани по сите основи пријавил доспеани, а неплатени обврски во износ од речиси 272 милиони евра, пишува „Порталб“. Во последниот квартал во однос на третиот во 2019 – та е забелeжaно намалување на долгот за седум милиони евра. „Порталб“ […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го зголемува јавниот долг, а „остварува“ само партиски тендери

август 7, 2018

Со денешното задолжување за околу 32,5 милиони преку аукцијата на Министерството за финансии, СДСМ продолжува со постојаното зголемување на јавниот долг, а не ги остварува дадените ветувања. Единствен и најголем проект им се тендерите и државните пари што ги делат на фирмите на СДСМ и на членовите на СДСМ, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. […]

Владата ја финализираше постапката за прифаќање на возачките дозволи во Германија

јуни 26, 2018

На својата 76-та седница одржана попладнево, Владата го прифатила текстот на декларацијата со која Македонија и Германија меѓусебно ќе си ги признаваат возачките дозволи. Тоа е последниот чекор пред потпишувањето на документот, со кое во Германија ќе се прифаќаат македонските возачки дозволи на македонските државјани што имаат законски престој во Германија од најмалку 185 дена […]

Државата денеска се задолжи 71,6 милиони евра, утре треба да враќа 66,9 милиони

октомври 31, 2017

Министерството за финансии денеска издало државни обврзници во вкупна вредност од 71,58 милиони евра, а најголемиот дел од вака добиените пари ќе ги потроши утре за враќање на 66,88 милиони евра земени преку претходно издадени државни хартии од вредност. Како што соопшти Министерството, издадени биле едногодишни денарски обврзници, во вредност од речиси 49 милиони евра, […]

Државниот и јавниот долг намалени во третото тримесечје од годинава

октомври 31, 2017

Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и за јавниот долг за третото тримесечје годинава, според кои, има намалување на државниот и на јавниот долг во однос на претходното тримесечје. Заклучно со вчера, државниот долг изнесува 3,87 милијарди евра или 37,8 отсто од домашниот бруто-производ (БДП), што споредено со претходното тримесечје е намалување […]

Хоџа: Долгот на државата кон приватните компании е околу милијарда евра

јуни 18, 2017

Новата влада треба да направи ревизија на тоа колку должи државата и кои институции колку должат за да можеме понатаму да размислиме дали ние би влегле во преговори за соработка со некоја од тие институции, вели Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Тој вели дека […]

ВМРО-ДПМНЕ: Забавувањето на економскиот пораст е последица на кризата создадена од Заев

септември 27, 2016

Светска банка јасно и недвосмислено посочи дека забавувањето на економскиот пораст, странските инвестиции, а со тоа и зголемувањето на буџетскиот дефицит за да се задржи порастот, се директна последица на политичката криза, која во Македонија ја создадоа аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на дополнителниот-заменик министер за […]

Страна 1 од 1