fbpx
Таг: дрвја

таг: дрвја

Кој да ги спаси скопските „зелени фабрики за кислород“ заробени во бетон?

Од 1.000 досега евидентирани заробени дрвја во Скопје од страна на скопскиот  Шумарски факултет, само мал дел се веќе ослободени или ќе бидат ослободени во наредниот период, пред да се исушат. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се изјасни дека Градот е надлежен за спас на само 187 дрвја кои биле на булеварите и на градските сообраќајници, додека за останатите се надлежни...

Шилегов бил надлежен за 187 од 1.000 дрвjа во Скопје и е изненаден од каде баш сега интерес за „заробените“

Само 187 од 1.000 дрвjа на територијата на Скопје, чии што стебла се забетонирани, асфалтирани или на друг начин оштетени и поради тоа им се заканува сушење, се во надлежност на Градот и на нивно „ослободување“ градските власти ќе работат до крајот на оваа година. Ова го соопшти на денешната прес-конференција по повод акцијата „Дрво за секое дете“, скопскиот градоначалник...

Дрвјата се сушат – градот молчи

Преку илјада дрвја во Скопје се загрозени и ќе се искушат годинава или во наредниве неколку години доколку не бидат ослободени од притисокот на бетонот, асфалтот, металните обрачи и огради со кои сега е спречен нивниот нормален развој и опстанок, ги предупредуваат градските власти од Шумарскиот факултет во Скопје. Иако вчера само штуро информираа дека се почнати активностите околу „ослободувањето“...

Скопските дрвја и натаму умираат заробени во бетон, иако Шилегов вети дека ќе ги „ослободи“

И покрај ветувањето на скопскиот градоначалник Петре Шилегов од јануари дека итно ќе се почне со „ослободување на дрвјата“ на подрачјето на Скопје, кои поради несоодветни градежни зафати останале заробени во бетон или асфалт и се осудени на смрт, досега речиси ниедно не е „ослободено“, обвинуваат екологистите. Четири месеци подоцна не е познато дали е воопшто ослободено ниту едно од...

Градот ќе ги ослободи заробените дрвjа, медиумите помогнаа во нивното спасување

Град Скопје почна со процесот на ослободување на околу 1.000 дрвjа кои се наоѓаат на приближно 500 локации во градот кои поради непрописно изведените градежни активности се наоѓаат заробени во бетон, асфалт или железни решетки кои го попречуваат нивниот раст, развој и им го загрозуваат животот, објавија денес скопскиот градоначалник Петре Шилегов и Кирил Сотировски, декан на Шумарскиот факултет,...

„Го сакам Водно“: Загадувањето во Скопје нема да се намали со изградба на гасовод низ Водно

На Водно и со сменетата траса ќе се исече шума со површина колку целиот булевар Партизански Одреди, а широчината на трасата и сега на места е и по 46 метри, не 10 метри. Исто така, наспроти тврдењата на Владата, трасата потоа не ќе може да се пошуми. Ние сме за гасовод, ама не на Водно, порачаа од иницијативата „Го...

„Го сакам Водно“: Заев да престане поедноставено да гледа на уништувањето на Водно

Граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ реагираше на вчерашните изјави на премиерот Зоран Заев во емисијата на Канал 5 „Само вистина“, порачувајќи му дека не смее поедноставено да се гледа на животната средина и дека многу работи што ги кажал за изградбата на гасоводот на Водно се неточни. Од иницијативата велат оти е неточно дека со гасоводот ќе се реши комплетно...

Големо невреме во БиХ, урнати дрвја и бандери, летале покриви и фасади

Во налетот на силните ветришта што ноќеска ја погодија БиХ, претежно нејзиниот источен дел, нанесени се бројни штети, со многу урнати дрвја и бандери и одлетани покриви и парчиња од фасади. Според Хидрометеоролошкиот завод на Република Српска, во текот на ноќта ветерот во Бања Лука дувал со брзина од 115 километри на час, а претпладнево ослабнал до брзини од 60...

Ветер од 100 километри на час причини штета во Штип

Силниот ветер што од синоќа во Штип дува со брзина од 100 километри на час, искрши дрвја и гранки, соголи покриви, главно на стари и напуштени куќи, урна билборди, а штипјани ги остави без сон. Од силината на ветерот има искинати кабли од електричниот систем. Еден скинат кабел од ноќеска и попладнево остана припоен на железна ограда кај градскиот базен,...

Исечени дрвјата во спортскиот центар во Тетово

Откорнати се сите дрвја во спортскиот центар во Тетово, кој беше единствената слободна зелена површина во градот. Сечата ја извршил новиот закупец на овој простор, кој месецов почна да го реконструира центарот. Од Општина Тетово велат дека сечата на дрвата е направена нелегално. „Оваа површина преставува градежно изградено и уредено земјиште со намена за спорт и за рекреација. Општина Тетово...

Големо невреме во Скопје, откорнати дрвја и поплавени улици

Eкипите на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје интервенираат за да се исчистат сите сообраќајници каде што се направи поплава поради обилните врнежи од дожд, информираат од градот. „Во моментов Скопје е погодено од невреме, составено од обилни врнежи на дожд кои предизвикаа поплави на поголем број на сообраќајници во Скопје, прекини во снабдувањето со електрична енергија...

Силен ветер и дожд урнаа дрвја и бандери на улиците во Скопје

Невреме проследено со силен дожд, ветер и со град го зафати Скопје во попладневните часови. Урнато дрво и бандери можеа да се забележат на улицата Киро Крстевски – Платник пред Државното средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во центарот на градот. Силниот дожд ги поплави и улиците, со што го отежна движењето на граѓаните и на автомобилите. Од УХМР утринава најавија дека во...

ЈКП Тетово за наредната година најавува решавање на проблемот со дивата депонија

Јавното комунално претпријатие Тетово за наредната година најави изградба на затворен објект, каде ќе се носи комуналниот отпад, кој ќе се селектира и ќе се рециклира, пред да се транспортира во регионалната депонија Русино. - На седница на Советот на општина Тетово, беше донесена одлука да се избере една од трите предвидени локации за изградба на затворен објект, каде ќе...

СДММ: Ректорот Стојковски и градоначалникот Трајановски веднаш да си поднесат оставки

Социјалдемократската младина на Македонија побара од ректорот на УКИМ, Велимир Стојковски, и од градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, веднаш да си поднесат оставки. - Трајановски подмолно, среде ноќ, исече 47 децениски дрвја во кампусот на УКИМ, затоа што знаеше дека тоа нема да смее да го направи преку ден. Трајановски направи упад во просторот и во автономијата на Универзитетот....

Студенти на ФИНКИ и на ФФК засадија дрва на УКИМ

Студенти од Факултетот за физичка култура и на ФИНКИ заедно со нивните декани, Вујица Живковиќ и Иван Чорбев, во дворот на кампусот на Универзитот „Свети Кирил и Методиј“ засадија дрвја откако претходно преставници од „Студентски пленум“ го блокираа влезот на ректоратот. - Јас сум декан неколку месеци и не знам детали, но можам да ви кажам дека целата процедура за...

СДСМ бара оставка од Коце Трајановски за сечењето на дрвјата кај УКИМ

СДСМ побара оставка од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, по сечата на дрвјата што се случи ноќеска по полноќ, околу 2.30 часот, во паркот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. - Додека граѓаните со денови се задушуваат во нечист воздух, извршителот на Никола Груевски, Коце Трајановски, продолжува со масакрот на дрвјата во Скопје. Коце Трајановски, извршителот на Никола Груевски, мора веднаш да...

СДСМ: Почна сечата на дрвја во Карпош

„На ова место каде што се наоѓаме, веќе е пресечено првото дрво. Ќе биде порамнет со земја целиот парк. Тука Стевчо Јакомовски и ВМРО-ДПМНЕ ќе градат катна гаража. Ова нема да биде единствениот уништен парк во општина Карпош, туку еден од неколкуте кои ќе исчезнат, за Стевчо Јакимовски и партнерот Груевски да градат гаражи. Тоа е предвидено во новиот...

Град Скопје: Исечено е само едно дрво

Градот Скопје денеска со соопштение реагираше на информацијата околу сечењето дрвја на улица 11 Октомври. Во реакцијата на Градот се вели дека исечено било  само едно дрво и тоа по барање на жителите од околината. „Сакаме да ја информираме јавноста дека станува збор за едно дрво од вид липа, кое било исушено и истото е исечено на барање на жителите на...

ДОМ: Сечата на дрвјата кај ЗОИЛ е грда велигденска честитка

Партијата ДОМ на пратеничката Лилјана Поповска денеска реагираше за вчерашното сечење на дрвјата кај ЗОИЛ. Во реакцијата се вели дека скопјани добиле грда велигденска честитка во вид на сеча на дрворедот кај ЗОИЛ и тоа во неработен ден, на Велики петок. - Дали ова брзање да се исечат преостанатите дрвја во центарот е поттикнато од договорот Законот за урбано зеленило...

Во Гренобл ќе се садат дрвја на местото на билбордите

Францускиот град Гренобл ќе стане првиот град што целосно го отстранува уличното комерцијално рекламирање, откако така одлучи градскиот совет, пренесува „Радио МОФ“. Градоначалникот од Зелената партија, Ерик Пиол, вети дека на местото на билбордите ќе бидат засадени дрвја и поставени паноа кои ќе ги информираат граѓаните за случувањата во нивниот град. - Општината одбира да го ослободи јавниот простор во Гренобл...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...