fbpx
Таг: дрога

таг: дрога

Ја претепал сопругата на која ѝ бил дилер и макро

Триесет и тригодишен битолчанец е осомничен дека пред еден месец ја претепал својата сопруга, на која, според полицијата, ѝ наоѓал клиенти на кои таа им нудела сексуални услуги. Секторот за внатрешни работи Битола, против К.И. (33) поднел пријава со која тој се товари за тешка телесна повреда, посредување во вршење проституција и овозможување употреба на наркотични дроги. Според полицијата, осомничениот од јануари...

Четворица битолчани осомничени за трговија со дрога

Секторот за внатрешни работи Битола поднел кривични пријави против четири лица на возраст од 24 до 43 години, осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори и за овозможување употреба на наркотици. Според полицијата, осомничените во повеќе случаи набавувале и продавале дрога. Кај нив биле пронајдени 10 шишиња со вкупно 100 милилитри метадон, ампули...

Кривична пријава за наркодилер од Кичево

Непознат сторител на почетокот на април неовластено набавил едно пластично шише со метадон во течност и 30,24 грама марихуана, кои биле наменети за понатамошна препродажба на наркозависници, па ги сокрил во тоалет на угостителски објект во Кичево. „Предметите се пронајдени по претходно добиени оперативни сознанија, по што се подигнати од полициските службеници и предадени за вештачење. Се работи на откривање...

Кривична пријава и притвор за дилер на хероин

Скопјанецот Б.М. на големо купувал хероин, а потоа дрогата ја препакувал дома и ја продавал во централното градско подрачје, за што СВР Скопје поднесе кривична пријава поради постоење основи за сомневање дека сторил неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Од судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење...

Петмина прилепчани осомничени поради поседување наркотици

Прилепската полиција поднела кривични пријави против петмина жители на градот, кои биле откриени во три одделни случаи, а се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Според полицијата, во еден од случаите, пријава е поднесена против 33-годишниот Т.Х. кај кого, кон крајот на ноември минатата година, при претрес, биле најдени околу 61...

Македонски државјани уапсени за продавање дрога во Грција

Двајца македонски државјани се уапсени во Грција за внесување и за продавање дрога и за поседување фалсификувани пари. Македонските државјани, на возраст од 46 и од 36 години, биле уапсени во Лерин во рамки на стандардните полициски акции и проверки. При проверката, полицијата кај двајцата нашла 183 грама хероин, дрога која била внесена од Македонија во Грција. По наоѓањето на хероинот,...

При претрес во куќа во Рашче, пронајдени оружје, муниција и дрога

Полициски екипи, по обезбедена судска наредба, а врз основа на информации за сторени повеќе кривични дела, денеска извршиле претрес во домот на Б.К. (46) во скопското село Рашче, каде пронашле неколку парчиња оружје, муниција, пакувања со дрога и други предмети, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени една автоматска пушка од непозната марка,...

Стејт департмент: Црна Гора е земја за транзит на дрога

Црна Гора е транзитна земја за трговија со дрога кон Западна Европа, а најчесто се шверцува марихуана, хероин и кокаин, соопшти американскиот Стејт депертмент. Се проценува дека околу 15 отсто од наркотиците завршуваат на црногорскиот илегален пазар. Во документот на Стејт департментот за спроведување контрола на меѓународниот шверц со дрога, се пофалуваат резултатите на црногорските органи за соработка со американските надлежни...

Сирија: Уапсен Црногорец за шверц на дрога и на оружје

Триесет и седумгодишен Црногорец е уапсен во сирискиот главен град Дамаск, при обид да прошверцува наркотици и оружје за сириските бунтовниците. Кај уапсениот Иван Поповиќ се пронајдени 6,2 килограми хероин, 23 килограми тротил и 137 детонатори. Црногорецот е во затвор, каде ќе остане до крајот на судскиот процес.

Грција: Разбиена наркобанда

Десет лица се уапсени во Грција при акција за разбивање наркомрежа. Како што јавуваат грчките медиуми, станува збор за еден Албанец и за девет Роми, меѓу кои има и две девојчиња на возраст од 15 и од 16 години. Во акцијата, грчката полиција во два ромски кампа запленила 19 килограми хероин, 773 грама кокаин, три килограми хашиш, 4,5 килограми таблети...

Хеликоптер со хашиш се урна во Шпанија

Во јужниот дел на Шпанија, во близина на шпанскиот град Кортес де ла Фрондера, денеска се урна хеликоптер полн со хашиш, при што загинаа двајцата пилоти. Според полициските извештаи, хеликоптерот се урнал откако се удрил во електричен столб. Засега не се знае која криминална група го поседувала хеликоптерот, кој превезувал меѓу 800 и 900 килограми хашиш.

Мексико: Дрон со дрога се урна пред супермаркет

Речиси три килограми кристален метамфетамин паднаа од небо во мексиканскиот град Тихуана, во близина на границата на САД, откако дрон кој се користел за шверцување дрога го фрлил пакетот на паркиралиште пред супермаркет. - Веројатно дронот не можел да ја издржи тежината на пакетот, па затоа паднал - вели мексиканската полиција. Полицијата соопшти дека од урнатиот дрон успеала да извлече шест пакети со...

Уапсен внук на Енвер Хоџа поради дрога

Албанската полиција вчера уапси осум лице, меѓу кои и двајца Колумбијци и внук на поранешниот комунистички лидер на Албанија, Енвер Хоџа, и запленила 100 килограми кокаин. Групата е уапсена во текот на ноќта, во фабрика која ја направиле меѓу штали со стока во Елбасан. Самир Батку, наводниот „мозок“ на групата, е фатен додека бегал со автомобил со 18 килограми кокаин, 300.000...

Дебранин фатен со 1,5 килограм марихуана

Триесет и четиригодишен дебранин е осомничен за трговија со дрога, откако пред четири дена бил затекнат од полицијата со 1,5 килограм марихуана, информираат од МВР. Дебарската полиција, против Б.Р. поднела кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опјни дроги, психотропни супстанци и на прекурсори, а судија на предходна постапка му одредил 30 дена притвор. Според полициските информации,...

Полицијата запленила 1,5 килограм хероин

Скопската полиција поднела кривична пријава против две лица осомничени за трговија со дрога и запленила околу 1,5 килограм хероин, информираат од МВР. Според полициските информации, станува збор за А.М. (31) и И.Н. (21), двајцата од Скопје, против кои е поднесена кривична пријава за неовластено производство и за пуштање во промет на опјни дроги, психотропни супстанци и на прекурсори, а судија...

Во акцијата „Мрежа“ уапсен уште еден наркодилер

Во рамки на континуираната акција „Мрежа“, полицијата поднесе кривична пријава против Б.Ј. (26) од Скопје, поради основано сомневање дека неовластено произведувал и пуштил во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. За стореното кривично дело, судија му одредил притвор во траење од 30 денови. Единицата за недозволена трговија со дрога, откако добила информација дека пријавениот, евидентиран уличен дилер на марихуана, во текот...

Пронајдена дрога во автобус на линијата Струга – Виена

Царинските службеници, на граничниот премин Табановце, вчеравечер, при редовна контрола, откриле три килограми марихуана, во автобус кој сообраќал на редовна линија Струга - Виена. Дрогата била пронајдена под едно од седиштата, сокриена во најлонска кеса.

Албански државјанин снабдувал наркозависници во Кичево

Полициската станица од Кичево, поднела кривична пријава против на Д.Б. (22) од Елбасан, Република Албанија, кој е осомничен за неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори. Според полициските информации, на 19 овој месец, при претрес во куќа на улицата 11 Септември во Кичево, каде пријавениот привремено престојувал, пронајдени биле 40,7 грама марихуана, што албанскиот...

Царинските кучиња откриле шест килограми марихуана на Табановце

Мобилните тимови на царинската управа, вчера на граничниот премин Табановце, спречиле шверц на шест килограми марихуана, сокриена во автомобил со германски регистарски ознаки, кој бил пријавен за влез во државата. Во возилото, марка „опел астра“, патувале двајца германски државјани, В.Б. (42) и А.Ф. (28), кои веднаш биле приведени. Дрогата, која била сокриена во фабрички шуплини на возилото, ја откриле царинските кучиња. -...

Кривична пријава за познат скопски дилер на дрога

Единицата за недозволена трговија на скопската полиција, поднела кривична пријава против дилер на дрога, кој минатата недела бил фатен со пакувања хероин, информираат од МВР. Според пријавата, тој е осомничен за неовластено производство и за пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Судија на претходна постапка на осомничениот му одредил 30-дневен притвор. Од полицијата информираат дека скопјанецот, на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...