fbpx
Таг: дрога

таг: дрога

Запленети 500 килограми хашиш на Сардинија

Италијанската полиција соопшти дека запленила 500 килограми хашиш во пристаништето Калјари на Сардинија. Уапсени се две лица, жители на Калјари, кои на пристаништето чекале да пристигне дрогата. Дрогата била скриена во кабината на глисерот кој стигнал од Неапол и кој го пресретнале специјални полициски единици.

Жителите на ЕУ годишно трошат по 24 милијарди евра на дрога

Државјаните на Европска Унија секоја година трошат по околу 24 милијарди евра за нелегална дрога, што значи дека трговијата со дрога е една од најпрофитабилните активности на организираните криминални групи, се наведува во соопштението што денеска го објави Европскиот центар за надзор на дрога и на зависности од дрога. Во извештајот се наведува дека појавата на нови технологии, како што се кодирани...

Разбиен канал за шверц на марихуана од Албанија во Македонија

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР вчера во организирана акција разбил меѓународен канал за шверц на марихуана и масло од хашиш од Албанија во Македонија, соопшти денеска Минитерството за внатрешни работи. Во акцијата биле уапсени четири лица, меѓу нив и организаторот на групата и биле извршени претреси на повеќе локации во Битола и во Кочани....

Цариниците на скопскиот аеродром пронашле хероин во куфер со двојно дно

Турски државјанин вчеравечер на скопскиот аеродром „Александар Велики“ се обидел да прошверцува околу 5 грама хероин, сокриен во куфер со двојно дно, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, синоќа околу 20.20 часот на граничниот премин на аеродромот „Александар Велики“, царински службеници при детална контрола на багажот на турскиот државјанин Р.Ј. (39), забележале дека неговиот куфер има двојно дно,...

Уапсен малолетен дилер на дрога

Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишен малолетник од Скопје, поради постоење основа за сомнеж дека во текот на јануари, неовластено набавил и подготвил за улична продажба поголемо количество марихуана. Од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. На 25 јануари полициски службеници го забележале малолетникот во близина на...

Шпанската полиција заплени три тони кокаин

Шпанската полиција денеска соопшти дека запленила три тони кокаин и уапсила 12 лица од Велика Британија, Холандија и во Шпанија, осомничени за шверц на дрога, јавуваат светските медиуми. Кокаинот бил откриен во северо-западниот регион Галиција, а сомневањата се дека дрогата е на шверцерскиот канал кој дејствува во јужниот дел на Коста Дел Сол, пренесува „Би-Би-Си“. Според полициските информации, станува збор за...

Во Еквадор во 2015 година запленети рекордни 79 тони наркотици

Заплената на дрога во Еквадор достигнала рекорд во 2015 година, кога биле одземени 79,2 тони наркотици, поголемиот дел кокаин, од кои 63 тони биле наменети за странство. Ова го изјави еквадорскиот министер за внатрешни работи, Хозе Серано. Претходниот рекорд бил во 2009 година, кога биле запленети 69 тони. Министерот преку својот твитер-профил наведе дека Еквадор со овој резултат срушил повеќе митови, вклучувајќи...

Турција: Запленети два тона дрога

Турската полиција заплени околу 11 милијарди апчиња од синтетичката дрога каптагон, која. наводно. ја користат борци во Сирија, јавуваат турските медиуми. Дрогата, тешка околу два тона, неделава била запленета во две одвоени акции во регионот Хатај, во близина на границата со Сирија.

Српската полиција уапси осомничен за терористички напади во Македонија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, денеска соопшти дека во четири одделни полициски акции, уапсени се двајцата најголеми водачи на нарко-банди во Србија, пресечен е најголемиот синџир за шверцување оружје на територијата на Србија и на Франција, а дека е уапсен и осомничениот Б.Б. за терористички напади во Македонија. Стефановиќ на прес-конференција изјави дека, на граничниот премин Брњак, врз основа...

Саудиски принц уапсен со два тона дрога

Обезбедувањето на аеродромот во Бејрут денеска спречи шверц на повеќе од два тона апчиња амфетамин, кои требало да бидат натоварени на приватен авион на еден саудиски принц, соопштија либанските власти. Во полициската акција приведен е принц, како уште и четири лица, соопшти еден либански претставник, кој побарал да остане анонимен. Саудискиот принц Абдел Мохшин бин Валид Абдулазиз и уште четворица се...

Запленети речиси два тона кокаин во Португалија

Португалските власти објавија дека вчера заплениле 1,9 тони кокаин на рибарски брод, во рамки на заедничката акција со шпанските власти, во која се уапсени 15 лица. Со акцијата, како што се наведува во соопштението, е разбиена една од најважните криминални организации во Галиција. - Групата имала блиски врски со колумбиските организации, кои испраќаат големи количества кокаин на Пиринејскиот Полуостров –...

Оружје и дрога пронајдени во неколку домови во тетовското село Одри

Пушкомитралез, калибар 7,62 милиметри, ловечки карабин „стејер“ и стотина куршуми, пронашле вчера полициски службеници во помошни простории во дом на 51-годишен жител од тетовското село Одри. Неколку часа по претресот, лицето е лишено од слобода и во консултација и координација со јавен обвинител, задржано е во Секторот за внатрешни работи Тетово. Пронајденото во претресот е фотофрафски и видеодокументирано, а потоа со...

Нападнат полицаец кој нашол дрога во вила во Охрид

Џ.А (43) од Охрид нападнал полицаец кој во вила „Пијано“ во Охрид пронашол неколку опаковки со бела паршкаста материја. „Осомничениот кој стпанисувал со вилата, претходно побарал од полицаецот да не ги пријавува откриените паковки со прашкаста материј, а потоа со тупаница го удрил полицаецот во пределот на градите кинејќи му делови од облеката по што се обидел да ги оштети...

Скопјанец и прилепчанец осомничени за продажба на дрога во Охрид

Охридската полиција поднела кривична пријава против две лица, од Скопје и од Прилеп, осомничени дека препродавале дрога на локални наркозависници и на туристи, информираат од полицијата. Според пријавата, осомничените Г.С. (30) од Прилеп и Ф.Ј. (21) од Скопје, се товарат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Судија на претходна постапка на осомничените...

Член на британскиот парламент си поднел оставка поради скандал со дрога

Заменик-спикерот на Домот на лордовите (Горниот дом) на британскиот парламент си поднел оставка откако бил снимен како, наводно, користи дрога во друштво на проститутки, јавува „Би-Би-Си“. Снимките до кои дошол таблоидот „Сан“ (The Sun), објавени во неделата, покажуваат како лорд Суел шмрка прав (најверојанто кокаин) од женски гради. Во писмо до парламентот, тој напишал: „Сакам да се извинам поради болката и срамот...

Раперот Снуп Дог уапсен во Шведска под сомнеж дека возел дрогиран

Американскиот рапер Снуп Дог бил уапсен од шведската полиција, под сомневање за користење илегални дроги по неговиот концерт во Упсала, Шведска, пренесува „Хафингтон пост“. Раперот бил ослободен откако му бил направен тест за дрога. Како што јавува „Хафингтон“, Снуп Дог на „Инстаграм“ поставил неколку објави во врска со апсењето, во кои тврди дека бил уапсен за ништо, обвинувајќи ја шведската полиција за расизам,...

Разбиена криминална група во рамки на акцијата „Мрежа“

На 23 овој месец, по спроведена повеќемесечна истрага, секторот за недозволена трговија со дрога при одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал реализираше случај на недозволена трговија со наркотична дрога, при што во моментот од слобода се лишени пет лица, македонски државјани, сите членови на криминална група, соопштија од МВР. Според досегашните документирани сознанија, оваа криминална група подолг временски период се...

МВР: 600 парчиња оружје и повеќе од еден тон дрога уништени во „Југохром“

Околу 600 парчиња оружје и повеќе од еден тон разновидна дрога денеска беа уништени во погоните на фабриката „Југохром“ во Јагуновце, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Во присуство на министерот за внатрешни работи и на членовите на комисијата задолжена за уништување на оружјето, кое се чуваше по институционалните депоа, во печките на „Југохром“ завршија вкупно 593 парчиња разновидно оружје. Поконкретно, по...

МВР денеска во Јагуновце ќе уништува запленети дрога и оружје

Министерството за внатрешни работи денеска во 12 часот во кругот на фабриката „Југохром фероалојс“, во селото Јагуновце, ќе спроведе јавно уништување на запленети дрога и оружје. „Акцијата традиционално се спроведува секоја година по повод 9 јули - Светскиот ден на борбата против мало и лесно оружје, а се уништува голем број запленето оружје и разни видови дрога кои потекнуваат од...

Тапанарот на „Еј-Си/Ди-Си“ осуден на домашен затвор

Фил Руд, тапанарот на легендарната рок-група „Еј-Си/Ди-Си“ (AC/DC), е осуден на осум месеци домашен затвор во Нов Зеланд поради поседување дрога и закани за убиство, пренесува „Би-Би-Си“. Тој првично ги отфрлил обвинувањата, но подоцна го сменил исказот. Шеесет и едногодишниот Руд, кој е родум од Австралија, според обвинението, се заканил дека ќе „исчисти“ еден од своите вработени. Згора на тоа, кога полицијата...

Јавниот превоз утре ќе функционира по неделен возен ред

Утре јавниот превоз во градот ќе функционира по неделен возен ред, а жичарницата нема да работи, информираат во јавното сообраќајно претпријатие - Скопје. „Дежурни од 7 до 14 часот ќе...