fbpx
Таг: дрога

таг: дрога

Лу: Успехот на судските реформи во Албанија зависи од волјата на народот

На конференција за борба против корупцијата што се одржа во Тирана, амбасадорот на САД во Албанија, Доналд Лу, изјави дека Албанците мора да имаат високи очекувања од спроведувањето на судските реформи, јавува дописничката на „Мета“ од Албанија. „Судските реформи може да бидат спроведени само ако народот во Албанија има високи очекувања и барања од институциите. Албанците треба да очекуваат дека многумина...

54 килограми дрога запленети на Ќафасан

Педесет и четиригодишниот Г. Ќ., жител на албанскиот главен град Тирана, е фатен на граничнииот премин Ќафасан, на излез од Република Албанија кон Република Македонија, со 54 килограми марихуана. Шверцуваната дрога била пронајдена во товарно возило, откако при проверка скенерот открил седумдесет сомнителни кесички. Лицето е веднаш приведено.

Кривични пријави за пет скопјани за недозволена трговија со дрога

СВР Скопје реализираше четири одвоени случаи на недозволена трговија со дрога, за кои до надлежното Основно јавно обвинителство кривично се пријавени пет лица од Скопје. Како што се наведува во соопштението, во првиот случај кривично пријавени се Д.Т. (26) и С.С. (33), кои на крајот на минатиот месец од засега непознато лице од Струга, за сума од 1.200 евра набавиле...

Македонец уапсен во Грција за обид за шверц на дрога

Грчката полиција уапси 22-годишен Македонец за обид за шверц и за поседување дрога во Грција. Македонскиот државјанин имал во своја сопственост три торби со повеќе од 40 килограми канабис спакувани во 38 помали пакетчиња. Уапсениот бил испитан во полицијата, а ќе биде изведен пред обвинителството во Лерин со кривично обвинение за обид за пренос и за поседување дрога во Грција и...

Запленети 385 килограми кокаин во Италија

Италијанската финансиска полиција денеска соопшти дека запленила 385 килограми чист кокаин, чија вредност на црниот пазар изнесува околу 77 милиони евра. За време на акцијата уапсени се девет членови на екипажот на еден товарен брод. Брод од Бразил пловел кон јужната италијанска област Калабрија, кај пристаништето Џио Тауро, се наведува во соопштението на финансиската полиција. Дрогата била спакувана во 17 водоотпорни вреќи, кои...

Албанската полиција со акции против трговијата со дрога

Албанската полиција соопшти денеска дека за време на операцијата спроведена во руралните делови на Малакастро, запленети биле 380 килограми марихуана, а 11 луѓе биле уапсени. Полицијата потврди дека пронашле објекти за преработка на марихуана. Помеѓу уапсените има две постари жени кои, наводно, ги давале своите станови за таму да се складира дрогата. Околу 300 полицајци биле повикани во петокот за да...

Кривична пријава за надзорник во „Идризово“ што продавал хероин

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н, надзорник во затворот „Идризово“, кој набавувал хероин, го препакувал во својот дом и во помали количества го внесувал во затворот. „Единицата за недозволена трговија со дрога на СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Н. (37) од Скопје, поради основан сомнеж дека во текот на октомври 2016 година неовластено набавил поголемо количество наркотична дрога хероин, која ја препакувал...

Во Сиднеј запленети 1,2 тони екстази

Австралиската полиција заплени 1,2 тони екстази во најголемата акација на заплена на дрога оваа година при што уапсени и обвинети се двајца полски државјани. Полицијата уличната вредност на запленетата дрога ја процени на 110 милиони американски долари. Уапсените мажи на возраст од 28 и 29 години, дрогата ја сокриле во товар на алуминиумски лимови увезени од Чешка. Дрогата на основа на дојава...

Во Словенија уапсени 21 лице и запленети околу 290 килограми дрога

Словенечката полиција уапсила 21 лице и запленила 160 килограми кокаин и 131 килограм марихуана. Уапсените се државјани на Словенија, БИХ, Македонија, Србија и жители на Косово, на возраст од 21 до 64 година. Полицијата трага по Шпирон Хоџај. Од словенечкото истражно биро соопштија дека 21 лице се уапсени поради 400 казнени дела извршени во Словенија Бугарија, БИХ, Србија и во Македонија. За...

СВР Велес заплени повеќе од 88 килограми марихуана

На локалниот пат Велес - Башино Село, на 6 август полицијата сопрела автомобил „волксваген венто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.А.(37) од Скопје. При извршениот претрес на возилото, биле пронајдени 178 поголеми пакувања со тревкаста материја. По завршеното вештачење било утврдено дека пронајдената материја била наркотична дрога марихуана, во вкупно количество од 88 килограми и 771 грам. Осомничениот С.А. бил приведен во СВР Велес и...

Во Франција запленето рекордно количество дрога

Француските цариници заплениле рекордно количество метаморфин на аеродромот „Роиси“ во Париз. Запленетата дрога тежела околу 51 килограм и тоа е најголото количество наркотична супстанца откриена на територијата на Франција. Во соопштението на француските царински служби се наведува дека цариниците провериле две кутии на кои пишувало дека содржат храна која потекнува од Камерун, а пратката требало да заврши во Малезија. Нема податоци за уапсени...

Уапсени пет членови на нарко-банда во акцијата „Брана“ на МВР

Министерството за внатрешни работи во криминалистичка истрага под кодното име „Брана“ разбила повеќечлена криминална група која од јули минатата година до јуни годинава продавала марихуана, кокаин и екстази во земјава. Како што соопшти денеска МВР, тројца од осомничените биле идентификувани како организатори на групата, а двајца дејствувале како посредници. Полицијата извршила претреси во нивните домови, каде, како што информираат оттаму, биле...

Старец од Гостивар уапсен за продажба на кокаин

Министерството за внатрешни работи го уапси 73-годишниот М.А. од Гостивар поради сомнеж дека неовластено произведувал и пуштал во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. „Пријавениот, од засега непознато лице, албански државјанин, презел наркотична дрога кокаин со намера да ја транспортира и да ја предаде на лице во Австрија, со што би стекнал противправна имотна корист од 700 евра. Во периодот од 12 до 18...

Царината заплени 34 килограми марихуана на преминот Дојран

Царинските екипи вчера на граничниот премин Дојран кон Грција, заплениле 34 килограми марихуана, која била пронајдена во камион со македонски регистарски ознаки, соопштија денеска од Царинска управа. Дрогата била спакувана во 35 пакетчиња сокриени во две црни патни торби. „На 24 јули 2016 година, околу 16.30 часот, на излез од Република Македонија на граничниот премин Дојран се пријави товарно моторно возило...

Одреден 30-дневен притвор на двајца осомничени во акцијата „Лотос“

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција донело наредба за спроведување истражна постапка против четворица осомничени од вчерашната акција на МВР, со кодно име „Лотос“, кои се товарат за недозволена трговија со дрога, соопшти денеска Јавното обвинителство. На предлог на Обвинителството, судија на претходна постапка им одредил 30 дена притвор на двајца од осомничените, додека другите двајца веќе...

Акцијата „Лотос“ на МВР откри нова нарко-банда во Велес

Екипи на МВР утрово спровеле акција со кодно име „Лотос“ во која, како што соопшти денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, била разбиена криминална група која препродавала дрога во повеќе градови во земјава. Како организатор на групата е осомничен 40-годишен велешанец, кој, како што посочи Чавков, освен што самиот препродавал дрога, кон крајот на 2015 и на почетокот...

Во Бугарија уништени 152 килограми дрога во вредност од 14 милиони евра

Во Бугарија денеска беа уништени 153 килограми дрога чија вредност на нарко-пазарот е проценeта на 14 милиони евра. Станува збор за 35 килограми хероин, 27 килограми амфетамин, 75 килограми марихуана и други наркотични супстанци, соопшти бугарската царина. Дрогата е уништена врз основа на 479 судски пресуди. Бугарската царина во изминатите шест години организирала 53 процедури во кои се уништени вкупно 36 тони...

Ладнокрвно убиство во центарот на Атина

Ладнокрвно убиство утринава ги потресе жителите на Атина. Во бунтовната населба Ексархија, која важи и за кварт на грчките анархисти, нешто пред пладне беше застрелан 35-годишен Сириец, во дел од градот каде има многу кафулиња. Двајца маскирани напаѓачи на мотор го следеле Сириецот и додека се движеле, четири-пет пати стрелале во него пред бројни очевидци, а потоа избегале. Сириецот, со прострелна рана во главата, и...

Охриѓанец криел и препакувал марихуана за продажба

СВР од Охрид му поднесе кривична пријава на 34-годишниот охриѓанец А.П., кого го товари за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. При претрес извршен во домот на сега пријавениот, во внатрешниот дел од бојлерот во тоалетот, пронајдени се и одземени се две мали кеси со 26 хартиени пакувања опојна дрога марихуана. Претресот и пронаоѓањето на...

Најголемиот наркодилер на Перу е уапсен во Колумбија

Најголемиот наркодилер на Перу, Херсон Галвес, е уапсен вчера во еден ресторан во колумбискиот град Меделин, соопшти колумбиското министерство за одбрана. По Галвес била распишана потерница од Интерпол и тој се смета за „новиот Ел Чапо Гусман на Јужна Америка“. Тој е познат под името Каракол и властите во Перу го бараат поради убиства, шверц на дрога и учество во...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...