fbpx
Таг: Драган Данев

таг: Драган Данев

Тевдовски: Обвинувањата за големи задолжувања се манипулација

На третиот ден на расправата за ребалансот на буџетот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија власта дека со овој буџет ќе има ново задолжување, нема да се заврши ниту еден проект и дека ќе се зголеми буџетскиот дефицит. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, ребалансот на буџетот ги признава успешните политики на претходната влада и здраво поставените економски фундаменти. - На глас...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ само на зборови сака инклузивност и соработка со опозицијата

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини СДСМ за самоволие и дека нема ништо од ветувањата за инклузивност и за соработка со опозицијата. - СДСМ мора да престане да се однесува како да се сопственици на Собранието на Република Македонија и да почне да се однесуваат како парламентарно мнозинство во една парламентарна демократија. Каде е демократијата која од уста не ја вадеа додека беа...

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека од работа биле избркани успешни директори на институции

Зоран Заев и СДС почнаа со партиските чистки и со политичкиот прогон на неистомислениците, со нивно бркање и смена од работни места, изјави на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ. Тој додаде дека во еден ден биле сменети 1.500 членови на управни и на надзорни одбори. - Фондот за здравство сè уште не може да носи одлуки за лекување на болни осигуреници во...

ВМРО-ДПМНЕ ќе побара информации за новите вработувања во институциите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија ќе поднесат барање да им се достават информации за тоа колку нови луѓе се ангажирани или вработени во државните институции на определен, неопределен период, засновале работен однос врз основа на договор за дело, авторски или друг договор, информираше на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој додаде дека во согласност...

ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на СДСМ е „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ попладнево на две одделени прес-конференции реагираше на назначувањето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за потпретседател на СДСМ и на укинувањето на дисперзираните студии од страна на Владата. - СДС продолжува со лицемерната политика, која најдобро е опишана во народната поговорка „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“. Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и...

Данев: Мнозинството поради партиски интереси ги одложува локалните избори

„ВМРО-ДПМНЕ кажа дека почетокот на јули е најповолниот датум за одржување на локалните избори, во интерес на граѓаните, но парламентарното мнозинство сметаше дека нивен партиски интерес е да го одложи терминот и практично да го избере последниот што сметавме дека е рационален. Но ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да излезе на избори и во јули и во октомври бидејќи знаеме дека народот...

Данев: Собранието ќе биде трето во регионот каде седниците ќе се водат и на албански јазик

„Талат Џафери најави дека ќе го официјализира албанскиот јазик на целата територија, а Собранието на Република Македонија ќе биде третиот парламент во регионот каде што седниците ќе се водат на албански јазик“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев, на прес-конференција. Тој додаде дека Зоран Заев го навредувал и го понижувал сопствениот народ само за да се обиде да го избере...

СДСМ: Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да не вовлекува недолжни граѓани во насилство

Раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора веднаш да престане да злоупотребува граѓани за протести и да вовлекува недолжни граѓани во насилство за заштита на своите криминални интереси, порача СДСМ во реакција на денешната прес-конференција на Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ. „Македонија има легитимно парламентарно мнозинство и нов легитимен и признаен претседател на Собранието, избран според деловникот, Уставот и законите во Република Македонија. Демократските...

ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е МВР да приведува лица што не сториле никакво кривично дело

ВМРО-ДПМНЕ преку пратеникот Драган Данев на прес-конференција денеска порача дека приведувањата за немирите во Собранието на 27 април се обид за заплашување и хајка на недолжни граѓани, притоа нагласувајќи дека „тоа што одредени граѓани влегле во Собранието револтирани од нелегалниот обид за избор на претседател на Собрание, од кршењето на Уставот, деловникот, од антидржавните провокации кои ги прави СДС,...

СДСМ: Заради криминалот, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се готови да ја жртвуваат стабилноста на Македонија

„Ширењето лажни вести, насилничката реторика и создавањето поделби меѓу граѓаните, само заради заштита на криминалот, е најголемото антидржавно однесување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За да ги задоволат криминалните апетити и за да се спасат од одговорност,  Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се подготвени да го блокираат целиот државен систем и да ја жртвуваат стабилноста на Македонија и егзистенцијата на луѓето“, порача...

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на дебарскиот градоначалник го поткопува темелот на државноста

ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува изјавата на градоначалникот на Дебар, Ружди Лата, која го уништува духот на соживотот и длабоко го поткопува темелот на државноста и уставното уредување, порача на партиска прес-конференција денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој ја обвини СДСМ дека е главниот поттикнувач на големоалбанските тенденции. - Ваквите националистички и ретроградни изјави, кои зачестија во последниот период, се предизвикани...

Данев: СДСМ не успеа да направи пуч и да ги замолчи пратениците

СДСМ вчера не успеа да изврши пуч во Собранието и со прекршување на Уставот на Република Македонија и на деловникот за работа на Собранието, да го одземе најсветото право на пратениците, а тоа е правото на говор и на дискусија, порача на партиска прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Драган Данев. Тој обвини дека неговите колеги од СДСМ сакале да ја спречат...

Данев: Заев ќе прави отстапки за да се спаси од 9 години затвор

Лидерот на СДСМ е подготвен на секакви отстапки само за да формира владина коалиција, оти во спротивно ќе заврши во затвор на 9 години поради земање поткуп и поради насилство кон претставници на највисоките државни органи, порача Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција попладнево. - Јасно е зошто Заев е подготвен на секакви отстапки и секакви пазарења. Заев знае дека...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор

Под целосна морална и материјална одговорност, на судски записник, како и секој друг криминалец што сака да ја избегне правдата, аболираниот Зоран Заев го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео, изјави денеска на прес-конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ. - Аболираниот криминалец Заев лажеше без око да му трепне само за уште еднаш да одложи рочиште и...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...