fbpx
Таг: ДПА

таг: ДПА

Ермира Асани-Салија предложена за нов член на ДИК од Беса

Собраниската комисија за прашања на изборите и на именувањата на денешната седница го потврди предлогот на Беса, Ермира Асани-Салија да биде нов член на Државната изборна комисија (ДИК). Асани-Салија е дипломиран правник од Гостивар и членка на централното претседателство на Беса. Таа доаѓа на местото на Бедредин Ибраими од ДПА, бидејќи сега Беса е четврта партија во Собранието според бројот на пратеници...

Средба на албанските партии во Собранието, Беса повторно бојкотира

Албанските парламентарни политички партии денеска во 14 часот, на покана на Весел Мемеди од НДП, ќе одржат средба во Собранието, на која ќе присуствуваат и претставници на ДПА иако таа партија не е потписничка на декларацијата на албанските политички партии. Наспроти тоа, средбата повторно ќе ја бојкотира Движењето Беса. „Во согласност со Декларацијата на албанските политички партии донесена на 7 јануари...

Албанските политички партии утре ќе имаат средба во Собрание

Албанските политички партии утре во 14 часот во Собрание ќе одржат средба на покана на Весел Мемеди од НДП. Движењето Беса и ДПА сè уште немаат официјално одговорено на поканата. „Во согласност со Декларацијата на албанските политички партии донесенa на 7 јануари оваа година и обврските што произлегуваат за одржување на редовни состаноци на тркалезна маса на албанските парламентарни партии...

Заев ја поканил ДПА да се вклучи во процесот на реформите

На денешната средба што премиерот Зоран Заев ја имал со претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, тој упатил покана партијата да се вклучи во процесот на реформи што ѝ претстојат на Македонија, информираше Владата на Република Македонија. „Премиерот Зоран Заев и претседателот на ДПА, Мендух Тачи, се согласија дека сè што е интерес на граѓаните на Република...

ДПА утре ќе расправа за изборните резултати и за вонредниот конгрес на партијата

Централното собрание на Демократската партија на Албанците (ДПА) утре во проширен состав ќе се состане во салата на Општина Тетово. Официјално од партијата не соопштуваат кои се точките за кои ќе расправа највисокото тело на партијата. Според извори од ДПА, Централното собрание на утрешниот состанок ќе го разгледува и треба да усвои извештајот од последните вонредни парламентарни избори, одржани...

Мандатари и број на пратеници во независна Македонија – историски и графички преглед

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, го доби петтиот по ред мандат за составување влада со парламентарна бројност од 51 пратеник во законодавниот дом. Ова нема да е првпат мандатот за формирање влада да го добие кандидат на партија која на избори освоила најголем број пратенички места, а нема мнозинство од вкупниот број...

ДПА: Горди сме што одредени центри не успеаја да нè избришат од политичката сцена

Демократската партија на Албанците ја оцени 2016 година како многу лоша, особено за Албанците што живеат во Македонија. На традиционалното новогодишно обраќање на партијата, се обрати секретарот на ДПА, Азем Садику. Тој посочи дека и надворешни и внатрешни фактори, постојано работеле против ДПА, а со тоа и против албанските интереси. - Сме кажале дека оваа војна од центри која се води против...

Весела владина математика: 49+10+5+3 или 49+10+5+3+2 или 51+10+2 или 51+10+3+2?

Откако Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека и по прегласувањето во Теарце, соодносот во новиот собраниски состав меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останува 51 - 49, почнуваат да течат роковите за формирање нова влада, но и да се прават извесни комбинаторики и математички формули, кои сите како суштинска ја имаат бројката од најмалку 61 пратеник. Во очекување на официјалните и конечни резултати,...

Мендух Тачи си поднесе оставка од функцијата претседател на ДПА

Лидерот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Мендух Тачи, доцна попладнево преку својот официјален фејсбук-профил соопшти дека си поднел неотповиклива оставка од функцијата претседател на партијата. „Драги пријатели, само што ја напишав мојата неотповиклива оставка од функцијата претседател на партијата. Со ДПА до вонредниот конгрес колективно ќе раководи управниот совет, а дополнително ќе биде определен датумот кога тој (вонредниот конгрес,...

Ахмети, Тачи, Касами и Села на постизборна средба со албанскиот премиер Рама

Албанскиот премиер Еди Рама се сретна со лидерите на албанските партии во Македонија, односно со претседателите на Движењето Беса и на Алијансата на Албанците, Билал Касами и Зијдин Села, а за денеска се закажани средби и со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи. Средбите на Рама со лидерите на четирите партии следуваат два дена по...

ВИЗУЕЛИЗАЦИЈА: ВМРО-ДПМНЕ освои 51, а СДСМ 49 пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ има освоено два мандати повеќе од СДСМ, покажаа првичните резултати на Државната изборна комисија од вчера одржаните предвремени парламентарни избори. Како што истакна претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, според првичните, но не конечни резултати, ВМРО-ДПМНЕ освоила 51 пратеничко место, СДСМ 49 мандати, ДУИ 10, движењето Беса 5, Алијанса на Албанците 3 и ДПА 2 мандати. Од ДИК истакнаа дека ова...

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ слават, големи пресврти во албанскиот блок

Двете водечки политички партии од македонскиот блок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, вечерва прогласија победа на предвремените парламентарни избори и повикаа на прослава. - Во име на централниот штаб на СДСМ, ве повикувам сите пред Владата да си ја прославиме големата победа – рече вечерва Стефан Богоев од СДСМ. Нешто подоцна, ВМРО-ДПМНЕ повика да се излезе на плоштадите и да се слави 10....

Тачи порача дека глас даден за ДПА е глас за промени

Гласот даден за ДПА на 11 декември е глас за промени, порача лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на завршниот митинг на партијата во Куманово. – Го барам вашиот глас да се избориме против злото и криминалот што го направи ДУИ во овие години на владеење. Го барам гласот на граѓаните за да бидеме помоќни во Собранието, каде што го имаме...

Тачи: Во Тетово ќе вложиме 300 милиони евра и ќе го решиме проблемот со загадувањето

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на митингот во Тетово изјави дека за лошата состојба на Албанците виновни биле неговите политички противници од ДУИ. Тој побара Албанците на следните избори да го дадат гласот за ДПА, партија која нема да отстапи од нејзината платформа, која гарантира економска еднаквост на Албанците. - Ние ќе победиме на овие избори, затоа што ние сме...

СДСМ во Чаир, ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, ДПА ќе одржи митинг во Струга

Политичките партии влегуваат во завршната фаза од кампањата, со одржување митинзи и средби со граѓани и им остануваат уште три дена да ја претстават нивната политичка програма. Така, денеска СДСМ и Коалицијата за живот во Македонија ќе одржат митинзи во Шуто Оризари (12 часот) и во Чаир (19 часот). ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе одржат митинзи во Ѓорче Петров (17.30 часот)...

Народот ќе каже „не“ на сценариото на Заев, порача Груевски

„Сите ние поминавме еден тежок период и сценарио од страна на СДСМ, а сега веќе сè е јасно, народот ќе каже „не“ на сценариото на Заев кое предвидува промена на уставноста, јазикот, федерализација и кантонизација на државата,“ изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија вечерва од Делчево. Тој додаде дека „секој што сака да гласа за...

Тачи: Албанците неправедно западнаа во долгови кои изнесуваат 1,7 милијарди долари

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг во Гостивар, изјави дека владејачката ДУИ воопшто не се грижела за интересите на Албанците и затоа, според него, целиот бизнис во Гостивар го воделе Македонци. - Нашата програма е вистинската, која се грижи за интересите на Албанците во Македонија. Ќе спроведеме закони за амнестија за сите долгови на Албанците и амнестија за сите...

Се топи разликата, но ВМРО-ДПМНЕ сè уште води пред СДСМ, покажа анкетата на „Телма“

Разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 3,9 отсто во корист на владејачката партија, покажа анкетата што ја нарача телевизија „Телма“, а ја спроведоа Институтот за демократија „Социетас цивилис“ и МЦМС, преку агенцијата „М проспект“. Истата анкета, кај албанскиот блок констатирала 3,3 отсто предност во полза на ДУИ, во однос на ДПА. Новата анкета, која е направена според изборни единици и...

СДСМ денеска со централен митинг во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ во Струмица

Денеска, точно шест дена пред изборите на 11 декември, политичките партии продолжуваат со митинзите и со средбите со граѓани на кои ги претставуваат своите изборни програми. Во 18 часот во Скопје, на булеварот Илинден, пред зградата на Владата, централен митинг ќе одржат Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата за живот во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска во 17.30 ќе...

Тачи: Нема друга алтернатива освен ЕУ и НАТО

Европската Унија и НАТО се насоката по која треба да се движат Албанците во Македонија, порача лидерот на ДПА и носител на листа во изборната единица шест, Мендух Тачи, на вечерашниот митинг на партијата во селото Слатино, Тетовско. Тој, во својот говор пред насобраните граѓани, ја обвини ДУИ дека иако е 13 години на власт, не направила ништо за состојбата...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...