fbpx
Таг: Доњецк

таг: Доњецк

Четириесет украински војници загинаа во Донецк

Најмалку 40 украински војници загинаа во последното деноноќие во борбите во Донецк, соопштија властите на самопрогласената Донецка народна република. Како што јавуваат руските медиуми, пет бунтовници и пет цивили се убиени за време на судирите, а 26 се ранети.

Во Донецк загинале 40 украински војници за 24 часа

Во борбите во Донецк, во изминатите 24 часа, загинале 40 припадници на украинските безбедносни сили. Според медиумите, загинале пет бунтовници, додека меѓу цивилите животот го загубиле пет лица, а 26 биле ранети. Гранатирањето на градскиот реон и понатаму продолжува со несмалено темпо.

Урната контролната кула на аеродромот во Донецк

Проруските сили вчера ја урнаа контролната кула на аеродромот во Донецк, центарот на деветмесечниот вооружен конфликт меѓу Украина и сепаратистите, пренесуваат британските медиуми. Според украинските сили, кои го контролираат аеродромот, зградата била изложена на тежок артилериски оган од проруските сили. Бранителите на аеродромот наведуваат дека проруските сили вчера им дале ултиматум да ја напуштат кулата до 17 часот по локално време...

Жестоки борби на аеродромот во Донецк

Силни експлозии и артилериски оган го тресат аеродромот во Донецк, и покрај обидите да се преговара за крај на вооружените судири. Шест украински војници и тројца полицајци загинаа во претходните 24 часа, соопштија властите во Киев. Во близина на стратегиски важниот аеродром, на неколку места се слушнал артилериски оган и силни експлозии во најновите судири на проруските и на владините...

Украина се подготвува за војна на истокот на земјата

Украинската влада објави дека Русија „ја премина црвената линија“ и оти Киев повторно се подготвува за војна на истокот на земјата. Главна задача на вооружените сили е „подготовка за борба“ во време кога проруските сепаратисти ги групираат силите, соопшти министерот за одбрана, Степан Полторак, на состанокот на владата во Киев, јавуваат украинските медиуми. Премиерот Арсениј Јацењук уверува дека владата прави сè...

Даријо Срна донираше 20 тона мандарини за децата во Донецк

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација и играч на украинскиот „Шахтјор“, Дариjо Срна подари 20 тона мандарини на децата во Донецк, град во Источна Украина каде се водат борби меѓу проруски бунтовници и украинските сили, соопшти клубот од Донецк. - Кога бев дете во Хрватска, ми беше потребна помош. Особено е важно луѓето да ве поддржуваат кога минувате низ тежок период....

Нови напади на Донецк

Подрачјето на градот Донецк на истокот на Украина, кој е под контрола на проруските сили, во текот на ноќта било гранатирано иако е потпишано примирје. Како што јавуваат светските медиуми, се слушнале силни експлозии и тешка артилерија. Артилерискиот оган е речиси секојдневна појава во подрачјето на донецкиот аеродром, а гранатирањето на Донецк се интензивираше минатата недела. Украина ја обвинува Русија дека праќа...

Донецк: Убиени двајца тинејџери

Двајца тинејџери се убиени при бомбардирањето на Донецк, јавија светските медиуми. Според локалните медиуми, момчињата играле фудбал во школскиот двор кога се случило бомбардирањето. Училиштето се наоѓа на околу три километри од аеродромот во Донецк, каде со месеци се водат борби меѓу проруските сепаратисти и украинските власти. Бомбардирањето на истокот на Украина и понатаму продолжува и покрај прекинот на огнот, кој...

(ВИДЕО) Захарченко положи заклетва

Лидерот на проруските сили и премиер на самопрогласената народна република Донецк, Александар Захарченко, денеска и официјално положи заклетва на церемонијата на која беше инаугуриран за претседател на републиката, јави руската агенција ИТЕР-ТАСС. Руската агенција наведува дека Захарченко, на церемонијата во музичкиот и драмски театар, ја положил заклетвата на Библија, а потоа четири казаци, во традиционална носија, го носеле знамето на самопрогласената република...

РУСИЈА: Киев да ги прекине воените операции во источна Украина

Русија го повика Киев да ја прекине воената офанзива на истокот на Украина и нагласи дека новоизбраните проруски лидери имаат доволно авторитет и овластувања за да преговараат со Киев. „Проруските лидери, кои вчера се избрани, имаат доволен авторитет да воспостават широко одржлив дијалог со киевските власти“, соопшти заменик шефот на руската дипломатија, Григориј Карасин, за ИТАР-ТАСС, откако официјална Москва го...

Европска Унија не ги признава изборите во Доњецк и во Лугањск

Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европска Унија, изјави дека ЕУ не ги признава изборите во Источна Украина, јави дописникот на МИА од Брисел. - Сметам дека „претседателските и парламентарните избори“ во самопрогласените „народни републики“ на Доњецк и на Лугањск се нова пречка на патот кон мирот во Украина. Гласањето е нелегално и нелегитимно и Европската Унија...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...