fbpx
Таг: донации

таг: донации

Лицата со посебни потреби од Тетово добија бесплатно паркирање

Јавното претпријатие „Градски паркинг Тетово“, во соработка со Здружението за церебрална парализа, доделува картички за бесплатно паркирање на инвалидизираните лица. Картичките ќе важат во постоејните зони на паркирање, односно во зоните А и Б, и во сите типови на јавни паркиралишта од затворен тип. Од „Градски паркинг Тетово“ изјавија дека проектот за зонското паркирање се одвива според планираното. - Проектот за зонско...

Спасовски: МВР месечно троши повеќе од еден милион евра за мигрантската криза

Министерството за внатрешни работи месечно троши повеќе од еден милион евра за справување со масовниот прилив на мигранти, а и покрај донаторските конференции, одржани повеќепати, до денеска Македонија најголема помош и поддршка доби од Чешката Република, УНХЦР и од Меѓународната организација за миграција (ИОМ). Ова, меѓу другото, го изјавил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето поздравно обраќање на...

Заев: Израел нема дадено финансиски донации за Македонија!

„Израелските власти ни потврдија дека немаат давано финансиски донации, туку само донации во форма на знаење и во опрема“, изјави денеска во Тел Авив лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбите со израелските власти. - Дефинитивно се потврди дека донациите се присутни како опрема, во знаење, во пренос на подготвени професионалци и експерти кои доаѓаат на обуките за имплементација и...

Верниците од ИВЗ донираа 90.000 евра за поплавените семејства во Тетовско

За време на изминатите две петочни молитви, во џамиите низ Македонија е собрана хуманитарна помош за настраданите од големото невреме, кое на 3 август го зафати тетовскиот регион. По повикот на поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), помошта во парични средства ја донираа верниците, а во акцијата се вклучи и хуманитарната организација „Ел Хилал“ кој подели 600 пакети со...

Вратите на Црвениот крст отворени за донација до 31 август

Општинската организација на Црвен крст Тетово, деновиве реализираше дистрибуција на донирана хуманитарна помош за оштетените семејства од подрачјата зафатени со невремето. За Голема и Мала Речица донирани се по 1.512 литри вода за пиење. За Шипковица донирана се 72 литри вода за пиење, пакети со храна, пакети со средства за хигиена и за дезинфекција, душеци, ќебиња, како и пакети со...

„Студентски пленум“ ќе постави штанд за донации за Тетовско

„Студентски пленум“ извести дека денеска од 17 часот ќе биде поставен штанд за собирање донации кај Спомен-домот на Мајка Тереза на улица Македонија, во Скопје. Потребни се вода, облека, нерасиплива храна и лекови.

Лажна полицајка од фирми барала пари, како наводни донации за МВР

Единицата за економски и компјутерски криминал на СВР Скопје до Јавното обвинитеслтво поднела кривична пријава против 39-годишна скопјанка, која, лажно претставувајќи се како вработена во Министерството за внатрешни работи (МВР), барала од фирми да донираат пари за Министерството поради ситуацијата во државата. Како што соопштуваат од МВР, против осомничената С.Ш. е поднесена пријава со која таа се товари за измама...

Пред Влада ќе се отвори пункт за донации за азилантите

Од денеска до недела, во „Кампот на слободата“ ќе има отворен пункт за собирање донации за помош на азилантите што транзитираат низ Македонија. Пунктот ќе биде поставен кај централната бина, пред Влада. Секој што сака, може да помогне со донирање пилешки паштети, кроасани, енергетски штангли, урми, вода, затворени обувки за пешачење, чорапи, фластери, кенгури за бебиња и пелени. На тема „Да им помогнеме на...

Сите наши безбедносни бизниси со Израел

Каква опрема набавило МВР од Израел во 2011 година, а за која стана збор во аудиоснимките што ги објави лидерот на опозцијата, Зоран Заев? Oсвен тврдењата од едната и од другата страна, за тоа нема никаков официјален документ кој би потврдил за што точно се работи. Зоран Заев и СДСМ остануваат на тврдењето дека станува збор за набавка на опрема...

„Метаморфозис“ организира отворени денови за сите граѓански организации

Фонадацијата и интернет и општество „Метаморфозис“ организира отворени денови за сите граѓански организации кои се заинтересирани да добијат повеќе информации или поддршка при аплицирање за донација на платформата „Техсуп Балканс“ (Techsoup Balkans). Во нашите канцеларии можeтe да се обратите секој втор петок од 14 до 16 часот со претходна најава за присуство на следниот е-мејл: [email protected]. Тимот на „Метаморфозис“ ќе...

Охриѓани собираа помош за „Студенстски пленум“

Група граѓани денеска поставија пункт за собирање помош за „Студенстски пленум“ кај Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. Граѓаните донираа парични средства и продукти на повикот објавен на социјалните мрежи за поддршка и за помош на „Студентски пленум“, кој деновиве окупираше повеќе факултети во Скопје и ги прогласи за автономни зони. - Ова е спонтана граѓанска иницијатива за поддршка на...

Собрани повеќе од три милиони денари за поплавените региони

Преку мобилните телефонски броеви за донирање 070/075/077 143 400 се обезбедени вкупно 2.950.000 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 150.000 денари, соопштија од Црвениот крст на Република Македонија. „Дистрибуирана е хуманитарна помош во 255 пакети храна, 1.229 пакети за хигиена, 1.000 ќебиња, 145 тони вода, 80 душеци и 156 литри средства за дезинфекција. Со помошта се...

Досега од телефонската акција собрани 619.000 денари

За помош на настраданите од поплавените подрачја, до денеска, преку хуманитарните телефонски линии, се собрани 619.000 денари, а на сметка на Фондот за солидарноста се собрани дополнителни 6.300 денари. Хуманитарната акција за помош на поплавените веќе е во тек, собрани се средства за лична хигиена, вода за пиење, прехранбени продукти, ќебиња и душеци. Од Црвениот крст на Република Македонија велат дека со...

Владата ќе се откаже од ДДВ од хуманитарните телефонски броеви

На наредната владина седница ќе биде донесена одлука за државата да се откаже од данокот на додадена вредност од пораките за донација на поплавените подрачја, велат владини извори за новинската агенција „Мета“. Како што денеска пишуваше „Мета“, по отворањето на телефонските броеви за донација на настраданите од поплавите во Македонија, повторно се отвори дилемата дали е морално оправдано да се земаат пари...

Владата ќе решава за ДДВ од хуманитарната помош за поплавите

Ако се јавите на телефонските броеви за донирање средства за граѓаните од поплавените подрачја во Македонија, телефонскиот оператор ќе ви земе 118 денари. Од нив 100 денари се за донацијата, а 18 денари се за ДДВ, кој изнесува 18 проценти. Граѓаните се револтирани поради тоа затоа што нелогично е да се донираат пари во хуманитарни цели и за нив да...

Божикен ручек, подарок од македонските иселеници во Австралија

Македонските иселеници во Австралија, собрани околу охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“, со седиште во Мелбурн, направија хуман гест, организирајќи божикен ручек за згрижените лица во Одделението за геријатрија при Општа болница во Охрид. Тие поминаа неколку убави часови во празнична и весела атмосфера, додека за убавото расположение придонесоа и членовите на ансамблот „Билјана јуниор“, кои ги пееја познатите староградски...

Само 200 евра донирани на сметката на Тамара од Велес

Засега има само 200 евра на девизната сметка што ја отвори семејството на десетгодишната Тамара Димовска од Велес, јави „Телеграф“. Таа има искривување на ’рбетот поголемо од 80 отсто и затоа е потребна итна операција, која чини 30.000 евра. Од вчера, операторот „Т-Мобиле“ отвори телефонски број за донации, 070/143-115, а истото денеска го стори и операторот „Вип“, чии корисници можат да...

Собрани парите за погреб на момчето што во саботата загина кај Католичка црква во Скопје

Собрани се средствата потребни за погребот на момчето што во саботата го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Католичка црква во Скопје. По несреќата, пријателите на починатиот испратија апел за донација затоа што родителите на момчето не биле во можност да го платат погребот. Тие на социјалната мрежа „Фејсбук“ објавија дека не се потребни повеќе пари затоа што неопходните средства се собрани. Погребот на Иван...

Отворена сметка за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово

Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски
Ќе се собираат пари за обнова на опожарената црква „Св. Спас“ во Владимирово, одлучи синоќа Иницијативниот одбор. Како што информираат оттаму, сметка за донација е отворена во Комерцијална банка. Меѓу првите донатори се најавени владимировците Благоја Ханџиски и Снежана и Љубчо Георгиевски, како и Фондацијата „Д-р. Михаил Левенски“. Одборот упати апел до сите жители и иселени од Владимирово да го помогнат обновувањето...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...