fbpx
Таг: Доналд Туск

таг: Доналд Туск

Туск ги објави отстапките за Британија, Камерон го поздрави напредокот

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на јавноста ѝ ги претстави клучните предлог-реформи што би требало да обезбедат опстанок на Британија во Европската унија, вклучувајќи ја и опцијата земјата на четири години да ја укине социјалната помош за мигрантите, како и заштитни мерки за држави кои не се членки на еврозоната. „Да се биде или да не се биде заедно, тоа...

Туск: Шенген-зоната ќе пропадне ако не се справиме со бегалската криза

Европа за помалку од два месеци треба да ја стави под контрола бегалската криза, во спротивно ќе дојде до пропаѓање на шенген-зоната, оцени денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. – Немаме повеќе од два месеца работите да ги ставиме под контрола-  изјави Туск во Европскиот парламент, додавајќи дека во спротивно, ќе се случи колапс на Шенгенскиот договор. Туск смета дека...

Иванов и Николиќ разговараа за бегалците

Пред средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, разговараа за состојбите со бегалската и мигрантската криза и разменија мислења и предлози за нејзино менаџирање. Двајцата соговорници изразија очекување дека односите и соработката меѓу Република Македонија и Република Србија ќе продолжат да се развиваат во духот на добрососедството...

Туск: Проверките на мигрантите пред да влезат во ЕУ ќе траат и по 18 месеци

Мигрантите што ќе сакаат да влезат во Европа ќе минуваат низ долги проверки, кои е можно да траат и до 18 месеци, изјавил денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во интервју за шест европски дневни весници. „Да не бидеме лицемерни - ова веќе не е прашање за меѓународна солидарност, туку проблем на европските капацитети. Европејците ќе бидат помалку резервирани ако...

Македонија досега од ЕУ добила помош само по 20 денари за бегалец

Од 19 јуни до вчера низ Македонија минале 276.303 мигранти. И покрај најавите од ЕУ, земјава има добиено 90.000 евра помош - или околу 20 денари по бегалец - иако сите европски функционери, и кога минувале во Скопје и од Брисел, најавувале многу повеќе. Тоа беше случајот и вчера, при посетата и средбите на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск,...

Груевски – Туск: Поголема координираност меѓу Македонија и ЕУ за кризата со бегалците

Премиерот Никола Груевски и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска во Скопје разговараа за мигрантската криза. На средбата било заклучено дека новите предизвици со кои се соочува Европа се последица на одлуките на сè поголем број земји да ги пропуштаат само бегалците и мигрантите што доаѓаат од регионите зафатени со војна, но не и економските мигранти и оти се потребни...

Туск – Иванов: ЕУ е подготвена да ѝ даде хуманитарна и техничка помош на Македонија

ЕУ е подготвена да продолжи да ѝ дава поддршка на Македонија преку хуманитарна и техничка помош, преку агенциите на Унијата, изјави денеска во Скопје претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, на заедничката прес-конференција со претседателот Ѓорге Иванов. - Подготвени сме да обезбедиме многу повеќе откако ќе имаме проценка за вашите потреби. Ќе зборувам со земјите-членки на ЕУ за тоа што...

Туск денеска во посета на Македонија

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, денеска ќе пристигне во работна посета на Скопје. Туск за време на престојот ќе има одвоени средби со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски, а главна тема на средбите ќе биде бегалската криза и справувањето со напливот мигранти во Европа. Посетата на претседателот на Советот на Европа следи по одлуката на Македонија,...

Претседателот на Советот на ЕУ, Туск, в недела во Скопје

Претседателот на Советот на Европската унија, Доналд Туск, претстојниот викенд ќе ги посети Србија, Албанија и Македонија и ќе се сретне со лидерите на трите земји, информирaат попладнево од Советот на ЕУ. На интернет-страницата на Советот на ЕУ е објавен распоредот на средбите на Туск со лидерите на земјите, но не се наведени причините за посетата, како и тоа што ќе...

Туск: Германија мора да направи повеќе за безбедноста на границите на ЕУ

Германија мора да биде доволно силна во бегалската криза за да може да помогне во безбедноста на надворешните граници на ЕУ, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, пред состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел. Туск ја пофали Германија која има водечка улога во справување со бегалците, како најлиберална и најтолерантна во Европа и го повика Берлин да направи...

Туск: Никој не сака да ѝ помогне на Европа со бегалците

Турција проценува дека уште околу три милиони бегалци би можеле да стигнат во Европа од сирискиот град Апело и од околината, а на „Европа никоја не планира да ѝ помогне“, рече претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск. Турција ја предупреди ЕУ на голем број потенцијални бегалци од Сирија, додека земјите од Унијата веќе се борат со најголемата бегалска криза...

ЕУ-лидерите договорија помош за бегалците и активирање на пограничната стража

На самитот на лидери на земјите-членки на Европската унија утринава во Брисел беа усвоени серија мерки за зајакнување на контролата на надворешните европски граници и за обезбедување дополнителна помош за бегалците надвор од територијата на ЕУ. - Фокус на денешните разговори беше заштитата на надворешните граници – соопшти претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, додавајќи дека за отстранување на...

Туск: Да се врати контролата на надворешните граници на ЕУ

Лидерите на ЕУ мора да ѝ помогнат на Европа да ја врати контролата над своите надворешни граници, рече денеска претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск. - Најитното прашање што мора да си го поставиме себеси вечерва е како да ја вратиме контролата над нашите надворешни граници. Во спротивно, нема воопшто смисла да говориме за заедничка европска миграциска политика. На испит, исто...

Туск: Европа мора повеќе да им помогне на бегалците

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги отфрли критиките на сметка на раководењето со бегалската криза и вети понатамошни мерки по ова прашање. По состанокот со словенечкиот премиер Миро Церар, Туск рекол дека Европа не е виновна за бегалската криза, но признал дека ЕУ мора да направи повеќе за да ги ублажи неподносливите човекови страдања и трагедии, кои станаа секојдневни...

Туск: Сите ќе настрадаат поради пропаднатите преговори со Грција

Пропаднатите преговори со Грција ќе се одразат врз сите, изјави денеска претседателот на Европската комисија, Доналд Туск. Тој потврди дека неделава истече крајниот рок до кога Грција требаше да го претстави новиот план за реформи. Според Туск, тоа што не успеале да постигнат договор, би можело да ја одведе Грција во банкрот. Тој додаде дека сите инволвирани страни ќе страдаат доколку...

Туск: Нема консензус во ЕУ за воведување квоти за мигрантите

Претседателот на Европската комисија, Доналд Туск, денеска соопшти дека не е постигнат консензус меѓу државите-членки на Европската унија за воведување квоти за прием на подносители на барање за азил. - Нема договор меѓу државите за воведување задолжителни квоти за мигрантите - изјави Туск на отворaњето на Европскиот самит, кој во најголем дел ќе биде посветен на миграциската криза. Туск ја поддржа...

Туск: ЕУ да создаде единствена база на податоци за патниците

Претседателот на Советот на Европа, Доналд Туск, денеска во своето обраќање пред Европарламентот, се заложи за воспоставување заедничка база на податоци за патниците во авиосообраќајот за подобро да се справат со терористичките закани. Според Туск, базата која би била достапна не само на безбедносните служби на ЕУ, туку и на САД, би го олеснила следењето на Исламска држава и на другите...

Груевски и Туск разговарале за проблемот за името

Премиерот Никола Груевски, по средбата со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави дека Македонија може да смета на негова подршка. Туск се интересирал за реформите во земјата, а најголем дел од средбата минала во дискусија за причината на грчката блокада за почнување на пристапните преговори на Македонија со Унијата. -Неизбежно беше да е спомне главната пречка за започнување на...

Доналд Туск и официјално е претседател на Европскиот совет

Поранешниот полски премиер Доналд Туск денеска во Брисел ја презеде должноста претседател на Европскиот совет од Херман ван Ромпуј. Именувањето на Туск укажува на порастот на влијанието на Полска меѓу 28 членки на ЕУ и ориентацијата да се формира силно политичко тело што ќе обедини околу 500 милиони луѓе од Велика Британија до Русија. Туск ќе раководи со самитите на лидерите на...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...